Деца со наследнa болест ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување Време на започнување
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Гледав пред некое време емисија каде што мајката има болест незнам како се викаше, само фомата на лицето, очите, устата и носот не и беа како на нормален човек (после правела и операција и тие недостатоци беа намалени)
Потоа таа жена се одлучила да роди дете кое за жал ја наследило болеста, и тоа мора да живее такво додека се оформува, па подоцна има можности за операција (после 20 години)... Тоа дете најверојатно би било отфрлено од околината и би немало некоја светла иднина, а да не збориме пак за кои маки би ги имале како родител кога ќе го гледате тоа дете како се мачи.

И баш тоа ме поттикна за темава ...

Дали доколку вие или вашиот партнер страдате од наследна болест би се одлучиле за свое дете или би посвоиле?
Во некои случаи има шанси на пример 50-50 дека детето ќе се роди нормално ...
Дали би ризикувале? :raz:
 
Јас знам случај во кој таткото, за жал сега веќе почина, од наследна болест, а исто така неговата жена има друга наследна болест. Пред јас да се родам, тие решиле да имаат сопствено дете. Имаат син. Дечкото е супер, убав и се... али каков му е животот кога он не знае што го чека, дали ќе ја наследи болеста од татко му или пак од мајка му, дали воопшто ќе се разболи. Него секој ден му е поминат во страв. Според мене тоа е помалку себично од страна на родителите. Ако имам некоја болест, која има големи шанси да ја наследи и моето дете, а е смртоносна, тогаш дефинитивно би се одлучила за посвојување. Ем ќе го разубавам животот на некое отфрлено дете, ем нема да имам грижа на совест и да ми биде тешко доколку моето родено дете ја наследи мојата болест само затоа што јас сум морала да родам.:toe:
 
Епа вака, со оглед на голем број болести кои се наследуваат незнам колку би можеле да бидеме сигурни дека ќе се роди здраво дете. Пр. шизофренијата со сигурност се наследува, потоа реумата, рак на дебело црево, шеќерна болест тип 1 и ред други. За голем дел од болестите ние носиме предиспозиции од нашите реодители, а дали тие ќе се развијат или не зависи од начинот на живот(исхрана, физичка активност итн.). Го имавме истово прашање поставено во средно од професорката психологија, ама мислам дека сеуште не сум сигурна за одговорот. Никогаш неможе да се биде сигурен дека таа наследна болест да речеме ќе се јави на прво колено или пак кај сите деца, а кога е така лошо е да се ограничиш и да си го скратиш задоволството да имаш свои деца на кои ќе се радуваш. Колку и да е убав гестот на посвојување, сепак свое си е свое.
 
Наследни болести?

Читајќи ја статијава, се присетив на една тема. Но барајќи, единствената тема која ми изгледаше доволно блиска до оваа, гласеше: "Дали би оделе со човек, чие семејство има тешки наследни болести", а притоа беше и заклучена.
Па, јас да прашам малку поинакво прашање: Дали ако вие, сте човек со наследни болести, би одлучиле да подарите живот, што можда и за самиот себе(мислејќи на животот) подобро да не постоел? Дали сметате дека раѓање деца кои добиваат 50/50% шанси да ги претрпуваат маките што ги имал нивниот родител во нивното минато, само за да се удоволи сатисфакцијата на една жена да има суштество кое ќе го сака, без да размислува за него/неа и неговата/нејзината среќа е оправдан чин? Да имавте пријателка со болест спремна да роди дете, ќе и кажевте да си го исполни својот сон, или ќе ја посоветувавте нешто поразлично?

Изреволтиран останав од статијава во која една тврдоглава мајка се решава да има дете. Правела многу испити, за да види дали е навистина точно дека нема никакви шанси да има дете со таква висина. Резултатите испаднале добри. Може да има. Ама изгледа ко да не и требало повеќе да размислува како ќе му биде на детето кое има големи шанси да биде како неа. Ах, да, има една реченица:
"Знам како да се справам јас со тоа"-гордо одговара.
А тоа како ќе се справи со светот? :nesum:

И иако јас пристапувам кон темава со веќе искажан став кој можда ме прави некако себичен, бидејќи јас сум способен да имам нормално дете, а таа личност не е, и поради некој совет од некој ко мене цел живот ќе се прашува, а што ако родев нормално дете....

Јас не сакам да го оставам ова мислење како единственото прифатливо. Можда многумина мислат спротивно.... па искажете ги вашите размислувања.... :helou:
 
Спајдер, не знам дали е таа, ама сега на Дискавери деновиве се врти една реклама за најмалата мајка на светов.Само тој мажот и не ми личи на овој од идивиди.Исто и таа мајката колку што видов од рекламата, се реши да има дете и не знаеја какво ќе биде.Детето излезе дека ќе биде како мајката, џуџе.Чудно, ама јас не би се решил на ваков чекор.Не би сакал детето да страда поради мене.Само поголема мака ќе има, и за него и за родителот.
 
Дали ако вие, сте човек со наследни болести, би одлучиле да подарите живот, што можда и за самиот себе(мислејќи на животот) подобро да не постоел?
Оправдана е желбата на едно човечко суштество да донесе потомок на овој свет, а тоа дете да биде плод на љубовта. Ако некоја болест не е којзнае колку тешка, а е наследна, зошто да не? Секој во себе крие некаква болест која порано или подоцна во животот ја открил.
"Знам како да се справам јас со тоа"-гордо одговара.
А тоа како ќе се справи со светот? :nesum:
Тоа дете ќе дојде на овој свет, но ако се роди такво како својата мајка ќе биде изложено и бурно следено од светот. Но ако е тврдоглаво како мајката, ќе тера далеку.:)
Да имавте пријателка со болест спремна да роди дете, ќе и кажевте да си го исполни својот сон, или ќе ја посоветувавте нешто поразлично?
Нека го исполни својот сон. Пак ќе речам - зависи за каква болест станува збор.
 
Тема која нема одговор со да и не. Истовремено језиво тажна, но и храбра.
Имајќи предвид дека основата на човековото постоење е да оставиш живот позади себе одлуката дали да родиш дете во такви услови е себична. Природата го прави своето и верувам дека повеќето жени би одговориле позитивно. Кога ќе ти се разбуди мајчинскиот инстинкт до тој степен да почнува да ти ја разорува внатрешноста, моментите кога цело твое битие сака да донесеш на свет нешто твое и само твое, по мене, заслепуваат и не признаваат ништо друго сем твој пород. Тоа е нагонот и според него јас би родила без оглед на се` понатаму.
Али кога ќе ми се разбуди рациото би застанала еден момент. Би се консултирала со сите можни стручни лица, би се подвргнала на сите третмани што можат да придонесат кон подобрување на нештата и доколку е болеста од полесна природа би се одлучила со верба дека чуда се случуваат и дека сепак моето дете ќе функционира делумно нормално.
Секако прво на ум ќе биде природата на болеста.
 
Ако недај Боже ги имам, нема да си дозволам и моето дете да страда како што сум страдал и јас, зошто а и кој сум јас да осудам човек, невин човек на страдање?


А што се однесува до типкава со среќа нека и биде, ама шансите да се метне на неа се огромни, незнам со кој ум го прави ова, ама од поодамна научниците утврдиле дека човештвото ќе се развива во два правци, еден правец ќе бидат високи, убави и интелегентни, другите ќе бидат ниски влакнати и неинтелегентни, се надевам дека нема да бидеме сведоци на почетокот на двоењето.
 
Radi nasledna bolest za koja podocna doznav kaj edna devojka morav da ja ubijam nejzinata ljubov kon mene ... tesko mi e ...no morase taka ...elegantno da izbegam Boze oprosti
 
Инаку, можда и јас малку погрешно сум пристапил кон самава тема.
Не сакам да ме направите мр. "наследниболестинофобик" бидејќи она подолу мислењето беше за статијата и стануваше збор за џуџе. И јас би прифатил да имам дете со некоја која што имала некоја помала болест. Па дури и да имала татко што бил наркоман. И дедо ми бил алкохоличар, што не значи дека јас одма ќе се тргнам настрана од самата помисла дека сакам дете поради стравот дека и моето дете ќе страда од истата склоност. Сите болести кои не се екстремни(како големи видливи недостатоци) се ок. Можда сакав повеќе да збориме за потешките болести, но ја ставив темата во малку погрешна насока, па нека продолжи вака.

Инаку она што го спомна Бети Буп. Мајчинскиот инстинкт најверојатно врши голема улога во севкупната приказна за решението да го донесе на свет битието кое најверојатно ќе страда доколку ја наследи истата болест. Јас бар, нема да го осетам тој мајчински инстинкт. И дефинитивно дури и да си најдам џуџе за девојка, колку и да сум заљубан во неа, нека ме остави, но нема да прифатам да имам дете со неа поради фактот што јас не можам да се справам да го гледам истото да биде понижувано од децата кои не сваќаат што означува истата болест.
 
Кариотипот и каригорамот кои се одередуваат со земање на примерок од плодната вода, можат да дадат точен приказ на тоа дали детето ја има наследено болеста или не.
Сепак, мислам, но не сум сигурен, дека во последно време е овозможена и селекција и на машките и на женските полови клетки со помош на испитувања со што би се довело до оплодување на потполно здрави клетки.
 
А кој може дати гарантира дека посвоеното дете неноси некоја скриена наследна болест ???
 
Кариотипот и каригорамот кои се одередуваат со земање на примерок од плодната вода, можат да дадат точен приказ на тоа дали детето ја има наследено болеста или не.
Сепак, мислам, но не сум сигурен, дека во последно време е овозможена и селекција и на машките и на женските полови клетки со помош на испитувања со што би се довело до оплодување на потполно здрави клетки.
И што ако детето кое е веќе во 3/4 месец откриват дека ја има наследната болест од мајката или таткото? Ќе треба да се абортира? :/

Инаку имам зборено на таква тема, и ако се има наследна болест било од која страна прво треба да се консултира со лекарот, моето мислење беше: Ако се шансите 50/50 одам на ризико...повеќе од 50 (поточно над 70%) тогаш ништо нема ни да започнуваме. И тоа само во случај да се работи за некоја тешка наследна болест каде таквата болест ќе му спречува нормален развој и живот.
 
И што ако детето кое е веќе во 3/4 месец откриват дека ја има наследната болест од мајката или таткото? Ќе треба да се абортира? :/
Затоа и не продолжив со тој дел, затоа што повлекува прашање на абортус што е веќе друга тема.
Но кога веќе се знае дека има шанси за наследна болест, тогаш испитувањата нема зошто да се чекаат до 3 или 4 месец. Се прават веднаш по зачнувањето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom