Масони

Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
Ne ja pregledav cela tema ama vitezite templari ne postojat vejce 7-8 vekovi a masonerijata e moderno nesto i dosta beletristicki popularno i iskreno vo temata masonerija ne se razbiram mnogu.
Jas sum slusnala deka se povrzani i deka masonite na nekoj nacin poteknuvaat od niv. Ova ne znam kolku e tocno.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Ова нека остане меѓу нас, но во раководството на Кајгана седат двајца масони и еден витез темплар (плус книговодител и еден одржувач на парно греење)
За Масони можеби ама за Витез Темплар тешка работа, затоа што би требало да биде калуѓер и да носи со себе меч во форма на христијански крст и кој ќе го изнервира нека се пази хехехе
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Флава, во кој термин оди Во центар?
Репризите се во понеделник во 13,30, а имало и денес реприза во 9 сабајле. Не знам дали и двата термини за реприза се редовни или само овојпат има 2пати реприза.

Иначе, тој рекол дека додека прави муабет со некого може да препознае дали е масон или не. Си имале посебни знаци, зборови што ги употребуваат. Биле филантропска организација (чудно). И кажал дека имаат посебен начин на пресметување на времето - 4000 години разлика, не ми објаснија баш како точно. Ќе видиме во понеделник. :)
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
За Масони можеби ама за Витез Темплар тешка работа, затоа што би требало да биде калуѓер и да носи со себе меч во форма на христијански крст и кој ќе го изнервира нека се пази хехехе
Темпларите меч носат со себе? Првпат слушам за вакво нешто.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
За Масони можеби ама за Витез Темплар тешка работа, затоа што би требало да биде калуѓер и да носи со себе меч во форма на христијански крст и кој ќе го изнервира нека се пази хехехе
Што да ти кажам.... пази што правиш да не изнервираш некој од нив.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.087
da da imase vo centar so vasko eftov vo 9 sabajlevo i bese najvisokiot mason vo lozata vo makedonija t.e. majstorot:zver:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Jas sum slusnala deka se povrzani i deka masonite na nekoj nacin poteknuvaat od niv. Ova ne znam kolku e tocno.
Мало појаснување(се извинувам ако некој помисли дека солам памет не ми намерата тоа).Вистинското оригинално име им е Братство на Светите Христови Воини, али благодарение на денешните модерни писатели на белетристика се повеќе попознати под нивното алтернативно име Витези Темплари.Тие биле калуѓерско-војничка организација каква што немало пред а и после нив страв и трепет за своите непријатели.За нив се кројат легенди еве дури и ден денеска дека се основачи на некаква си тајна организација, дека го обожувале ѓаволот,дека се воени злосторници,дека имале огромно богатство бла бла бла итн.Тие денес не постојат затоа што нивната цел е надживеана,а тоа што постојат некои си плагијат организации тие само им го крадат нивното име.Нивното основно оружје им е мечот кој бил направен во форма на христијански крст(свртен наопаку и забоден во земја претставувал реликвија во форма на крст на кој се молеле пред секоја битка)со самото тоа се гледа кого обожувале тие.Го вовеле принципот на витештво и неповредување на невини цивили.А и богатството не било нивно тие само управувале со него тоа било од папата.Толку сега засега.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Буцио - информацијата за темпларите ти е погрешна. Не го вовеле принципот на витештвото, напротив, членовите биле витези пред да се замонашат. Името е Братство на Бедните Воини Христови, односно Христова Милиција. Темплари како поим не настанува во современата литература, а уште пред да им е дадено официјалното нивно име - затоа што нивниот прв штаб се наоѓа во рамки на рушевините на стариот Храм на Соломон.
За Рокфелер - не е Дејвид тој кој го формира богатството, иако е тој банкарот. Но - Дејвид е внук на основачот на богатството на фамилијата, а тоа е Џон Рокфелер. Богатството не му е од банки, туку од нафта. Тој е првиот светски нафташ и првиот кој измислува нов начин на вадење и обработка на нафта. Почнува доста беден, но - во право време, на право место се наоѓа. Тоа е периодот во кој се открива нафтата и тоа е периодот во кој се наоѓа нејзина примена (за индустриски цели и за гориво за колите). Тоа е начинот на кој станува богат. Нема официјален податок дека некогаш бил масон! За некои од наследниците се знае, има податоци.
Ротшилд - од првите браќа (прочитајте ја историјата на семејството, па дури и на Википедија, за основна информација, да не пишувам фермани тука), само Џејмс е масон - тој е основач на францускиот клон на банкарскиот ланец. Најбогатиот, највлијателниот од браќата и оној кој го формира она што денес е основа на нивниот банкарски систем - Нејтан (кој е во Англија) - не бил масон.
Низ историјата, неколку членови на семејството биле масони.
Ако имате основни познавања за масонството, ќе знаете дека не може да игра улога во создавањето на нивното богатство, колку и да звучи интересно да се прочита во иста реченица - богатство и масон. Баш би сакал некој од сите овие "вистински познавачи" да објасни како тоа што е некој масон го прави да стане богаташ?!?!?!
На претходната страница некој прашуваше за целта - стварно немам време да пишувам за тоа, а е многу долга тема. Имам доволно веќе пишувано, побарај малку низ нет, да не се повторувам...
 

5pammeR

Love
Член од
24 август 2008
Мислења
338
Поени од реакции
9
Де дајте ми преку пп линк од тој другиот форум кај водите сериозна дебата..
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Какви бре црни витези пред да се замонашат,тие биле сираци без мајка и без татко,ако загинат да нема кој да жали по нив.Топовско месо според модерниот речник,од мали биле тренирани да бидат сурови но сепак чесни(ако може да има и било каква чест во одземањето на туѓ живот) не ги касапеле своите мртви противници туку ги оставале да ги закопаат според нивните исламски обичаи затоа што го почитувале тоа дека умреле за нешто во што веруваат.И конечно да биди јасно нивното име било Братство на Светите Христови Воини зошто така се нарекувале меѓу себе.Луѓе баталете ја белетристиката,немам ништо против нејзе има стварно добри некои викенд романчиња али немој тоа да ми го претставувате како факт,зошто таа литература е испревртена сензационалистички за да заработи огромна сума на пари.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Буцио - ајде малку факти, набрзинка, затоа што не е многу директно поврзана темата за темпларите и масоните.
Името на темпларскиот монашки орден е: Pauperes commilitones Christi Templique Solomonici - што значи - Бедните Воини Христови од Храмот на Соломон. Пред да биде дадено тоа официјално име, основачите биле познати како "Templiers" затоа што штабот им се наоѓал во кралската палата во Ерусалим, која пак се наоѓала во џамијата Ал-Акса, која пак е изградена на темелите на стариот Храм на Соломон. Местото генерално било познато како Храмот и терминот во превод значи Храмовници.
Не биле бедни луѓе! Напротив. Право да бидат Темплари имале само членови на богатите семејства, членови на витешките ордени во Европа. При зачленувањето - доколку имале лична сопственост (имоти, злато, било какви средства) - се предавале на орденот и станувало заедничка сопственост. Бедните, биле нивни помошници. Има три различни групи во рамки на Темпларите - едните се витезите, тоа се луѓе кои потекнуваат од витешки родови или од аристократијата. Вторите се нивните помошници, кои потекнуваат од селаните и од победното население, кои служат како оруженосци на витезите и им помагаат секојдневно (ако имаш познавања околу оружјето и опремата која ја користеле во тоа време, ќе знаеш дека зошто). Третите се свештеничката група - вистински монаси, кои биле писмени. 99% од витезите и од аристократијата во тоа време биле сосема неписмени. Затоа - за вршење на административната дејност имале потреба од писмени луѓе - во тоа време, само монасите и свештениците биле такви. Оваа група не учествувала во битките и не биле воини.
Во еден момент станува чест да се биде член на темпларскиот орден и богатите семејства даваат огромни суми и имоти на орденот за нивните синови да бидат замонашени и да бидат темплари. При крајот, пред апсењето и растурањето на орденот - се смета дека речиси петина од територијата на Англија била сопственост на орденот.
Затоа - навистина - без викенд романчиња, без банални интернет проучувања, седни и побарај сериозна литература. На македонски не знам што има, но на англиски има огромен избор од квалитетни историчари.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Масонска ложа во македонија - Живко Груевски - Во центар
 

Kajgana Shop

На врв Bottom