Буцио - информацијата за темпларите ти е погрешна. Не го вовеле принципот на витештвото, напротив, членовите биле витези пред да се замонашат. Името е Братство на Бедните Воини Христови, односно Христова Милиција. Темплари како поим не настанува во современата литература, а уште пред да им е дадено официјалното нивно име - затоа што нивниот прв штаб се наоѓа во рамки на рушевините на стариот Храм на Соломон.
За Рокфелер - не е Дејвид тој кој го формира богатството, иако е тој банкарот. Но - Дејвид е внук на основачот на богатството на фамилијата, а тоа е Џон Рокфелер. Богатството не му е од банки, туку од нафта. Тој е првиот светски нафташ и првиот кој измислува нов начин на вадење и обработка на нафта. Почнува доста беден, но - во право време, на право место се наоѓа. Тоа е периодот во кој се открива нафтата и тоа е периодот во кој се наоѓа нејзина примена (за индустриски цели и за гориво за колите). Тоа е начинот на кој станува богат. Нема официјален податок дека некогаш бил масон! За некои од наследниците се знае, има податоци.
Ротшилд - од првите браќа (прочитајте ја историјата на семејството, па дури и на Википедија, за основна информација, да не пишувам фермани тука), само Џејмс е масон - тој е основач на францускиот клон на банкарскиот ланец. Најбогатиот, највлијателниот од браќата и оној кој го формира она што денес е основа на нивниот банкарски систем - Нејтан (кој е во Англија) - не бил масон.
Низ историјата, неколку членови на семејството биле масони.
Ако имате основни познавања за масонството, ќе знаете дека не може да игра улога во создавањето на нивното богатство, колку и да звучи интересно да се прочита во иста реченица - богатство и масон. Баш би сакал некој од сите овие "вистински познавачи" да објасни како тоа што е некој масон го прави да стане богаташ?!?!?!
На претходната страница некој прашуваше за целта - стварно немам време да пишувам за тоа, а е многу долга тема. Имам доволно веќе пишувано, побарај малку низ нет, да не се повторувам...