- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.369
- Поени од реакции
- 84.604
ЕУ обвини десет косовски Албанци за воени злосторства
Мисијата на Европската унија на Косово ЕУЛЕКС потврди дека како резултат на нејзината истрага за воени злосторства се поднесени обвиненија против десет лица, меѓу кои и пратеникот Фатмир Лима.
Осум од осомничените се уапсени во средата на Косово и еден во Швајцарија, додека Фатмир Лима има пратенички имунитет, но неговиот статус се разгледува и е издадена наредба за негов притвор, соопшти доцна синоќа ЕУЛЕКС.
Од уапсените во Косово петмина се ставени во 30-дневен притвор, двајца во домашен притвор, а еден мора да се јавува во полиција трипати во седмицата. Обвиненијата против групата се поврзани со убиства и тортура на косовски Албанци и српски цивили и затвореници за време на војната во Косово во 1999 година.
Лима во моментот е пратеник и заменик претседател на Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи. Тој беше министер за транспорт и врски во претходната влада на Хашим Тачи. Лима не влезе во новиот составот на новата влада, која беше составена во февруари по предвремените избори во декември бидејќи во текот на годината беше под истрага за корупција од страна на ЕУЛЕКС.