Aбе едни пари што спечаливте,што да ти кажам.
Затоа молите кај соседите да инвестираат во вашата нуклеарка кој да повторам ја градите веќе 10-15 години,а ќе ја градите уште 10,и никако да ја изградите.Македонија има искуство со вложување во странски енергетски објекти како Нуклеарката во Кршко и Термоелектраните на Косово,овде порано како на шега се велеше “Македонија ради-Кршко се гради“.Им помогнавме во изградбата на енергетските капацитети на Словенците и Хрватите но и на Србите а од тоа не добивме ништо,апсолутна нула,разбираш.Добро добивме енормно намалување на бруто националниот производ,затоа што позитивните проценти од стопанството во Македонија имаа приоритети за изградба на Кршко,Ѓердап и ТЕЦ-Косово.Потоа следуваше РЕК Битола и ТЕЦ Неготино,кога многумина Југоносталгичари согледаа дека се единствената исправна опција штом се вложува во некој ваков енергетски капацитет,тој да биде на сопствена територија.
Затоа секој вложен денар во Бугарска нуклеарна електрана ќе биде шисто промашување ако навреме не започнеме со изградба на енергетски капацитети на наша територија со наш или мешовит капитал
.Ураниумова руда имаме,имаме и најидеална локација во Европа ако не и во светот за изградба на Македонска нуклеарка,а кога ќе ги согледаме и потребите од струја во следниот период,останува само едно,а тоа е да започнеме со изградба на сопствена нуклеарна централа која доколку добро се организираме и доколку владата даде дозвола,странските инвеститори се спремни да ја изградат и пуштат во употреба побрзо одколку вие Белане,барем првиот реактор,кој ќе биде основа за изградба на другите два,пет,или осум реактори зависно од потребите и според идеално изготвеното идејно решение од мене кое би се викало NucleuS.Морам посебно да напоменам дека парите за ваквиот проект остануваат овде во државава,се раздвижува Македонското стопанство,градежништвото се развива и стекнува уште поголемо искуство а се намалува и невработенота.Само кому тоа да му го докажам кога сите размислуваат со Бугарски ум како тебе?