Нуклеарна енергија

  • Креатор на темата Креатор на темата bube
  • Време на започнување Време на започнување

Gradenje na nuklearna centrala vo Makedonija?

  • Podrzuvam

    Гласови: 131 60,4%
  • Ne podrzuvam

    Гласови: 57 26,3%
  • Vozdrzan sum

    Гласови: 29 13,4%

  • Вкупно гласачи
    217
Зошто на Македонија не и треба нуклеарна централа?

Во моментов, а и во наредниве години, нуклеарна централа е преголем залак за нас. Ниту имаме гориво за неа, ниту имаме соодветен предел за складирање на нуклеарниот отпад, ниту кадар за работа во неа, ниту соодветно место за изградба ...

Нуклеарната централа е само дневно политички маркетинг. Таа им овозможува на луѓе како нас да си прават муабет инаку нема никаква оправданост за неа. Една таква централа бара стручен кадар кој би морале да го увеземе. И треба гориво кое ќе треба да го увеземе. Потребна е инфраструктура која ќе треба да ја изградиме. Потребно е да се изгради, па ќе мора да најмиме некој друг да ни ја изгради. Потребно е да се обезбеди депонија за нуклеарен отпад, па бидејќи немаме услови за таква ќе треба да плаќаме за депонирање итн. итн. Едноставно кажано “више дара него масло“ - не постои никаква оправданост за градење на нуклеарна централа во Македонија.
 
Во рок од 5 години потребни за изградба на Нуклеарната ц. може да се обучи и припреми кадар.:toe:
 
Во рок од 5 години потребни за изградба на Нуклеарната ц. може да се обучи и припреми кадар.:toe:

Оние кои ќе бидат вработени во соодветната нуклеарна централа треба прво да поминат теориска подготовка за работа со нуклеарна централа и тоа не само раководителите туку сите кои ќе треба да работат. Потоа ќе треба да поминат и практична обука во некоја нуклеарна централа каде ќе научат како да се справат со ситуациите во реалноста. На крај сите тие ќе треба да задоволат во секој аспект за да им биде дозволено да раководат и работат со нуклеарна централа.

Ако сметаш дека лица кои се подготвиле на овој начин се спремни без директна супервизија да управуваат со нуклеарна централа сети се на 26 Април 1986 година.
 
Не ми е идејата да се надмудрувам.

Да размислувале сите така никогаш не би се изградила Нукл. централа на светов.

Имаш време да обучиш и најдеш професионалци за да ја водиш централата.
 
Во рок од 5 години потребни за изградба на Нуклеарната ц. може да се обучи и припреми кадар.:toe:

Хехе, бројкава паушална некако....

Да не кошта обучувањето на кадарот повеќе од централата....

Второ, со која вода ке ја ладиме?

Вардар? Видовме колку вода имаше зимава

За жал, атомска централа во Македонија, тешкооооо
 
Бројката е минимум, уште подобро ако ни е потребно подолго, повеќе време за обука, и 5 години се доволно време за обука и практика во некоја нуклеарка.

За вода ќе се изгради брана
http://en.wikipedia.org/wiki/Pressurized_water_reactor

Реката Сава, од која се лади Кршко:
River3.jpg

Како тоа функционира

http://www.nek.si/en/about_nuclear_technology/the_operation_of_nek/nek_operating_diagram/

http://energetika-net.hr/skola/energetika/nuklearna-energija

а ние можеме да изградиме со помала моќност.
 
Бројката е минимум, уште подобро ако ни е потребно подолго, повеќе време за обука, и 5 години се доволно време за обука и практика во некоја нуклеарка.

а ние можеме да изградиме со помала моќност.

Ајде ке се согласам со изнесеното, иако е неизводливо кај нас, не е само изгради брана, водата од кондензаторот мора и да се испушти некаде, па ке имаме мртви реки после. Не ја знам конкретно твојата стручност и упатеност во оваа област меѓутоа не е се така едноставно.

Втора и побитна работа, преносен систем на Македонија.

Нова централа во системот, еве нека биде и со моќност на Кршко, 700 и кусур мегавати ке значи тотален крах.

Не е работата само да се градат производствени капацитети.

Во моментов само на загуби на трансформатори и водови отпаѓаат 50 MW.

Останатите капацитети работат со опрема стара и по педесетина години.

Во секој случај сум за изградба на атомска централа во Македонија, за жал е неизводливо. :(
 
Не сум стручен, според мене подобро е да закупи дел од Белене. Некој вели подобро да изградиме своја за тие пари. :toe:

Што е до мене би изградил повеќе Хидроцентрали и постепено би ги обновувал и засилувал постојните стари.

Да се вложи во искористувањето на подземни води и ветерот.

Многу е важно да бидеме енергетски независни.
 
Белене е можеби некој излез од тунелот, меѓутоа и тоа е мачка во вреќа, друга држава, сомнителни односи со истата, испаѓа дека му даваш на некој странец пари за да закупиш енергија, а незнаеш дали после 10 години ќе ти ја испорача. Се бива.

Сеуште не постои издржан план за енерегтски развој на Македонија. Повеќе хидроцентрали.... па можеби, секако да се искористи што е можно повеќе хидропотенцијалот, меѓутоа хидрата сепак работат за надополнување на вршната енергија, односно работат во пиковите на потрошувачката и практично е неможно да се носители на базната енергија во електроенеретскиот систем на мк.

Обновливите извори секако се дел кон кој мораме да се стремиме. Сонце, вода, ветер, биомаси, водород итн.
 
Обновливите извори секако се дел кон кој мораме да се стремиме. Сонце, вода, ветер, биомаси, водород итн.

Не знам дали со водата го мислеше и ова ама ај ја да дополнам. Геотермалната енергија. Најдобар извор и тоа обновлив. Да дека требаат многу пари за да се истражува па после и уште повеќе пари за да се експлоатира тоа да се изградат централите ќе чини богатство ама резултатите и профитот ќе се забележат одма. Земете го Исланд за пример. Не знам податоциве дали се сеуште актуелни ама 90% од енергијата во исланд е геотермална плус и водоводот парното и други работи ги употребуваат овие извори. Во секое време имаш топла вода и топла куќа.
 
Вода како мали ХЕЦ, а Исланд да, ја користи геотермалната, затоа што ја има во изобилие :)
 
ej energijata goja ja emitiraat jadrata na elementite se narekuva nuklearna energija ama aj sea d azborime za energijata na uraniovite jadra
1 uraniomot vo prirodata go ima kako izotop vo tri varijanti U233 osiromasen U235 normalen Uu237-8 ili zbogaten nas ne interesira sea ovoj posledniot odnosno zbogateniot od koj imame korist
se dobiva vo centrifuga vo koja se stava U235 itaka so toa vrtenje se dobiva 238
2 urunaniumot 238 e nestabilen i e sklon na cepenje na delenje na jadroto ili fisija
toa pod kontrolirani uslovi sozdava golemi kolicini na energija sekako potrebni se i mnogu jadra
 
моментално воздржан на анкетата за нуклеарна енергија. Може многу да донесе а и многу да одземе.Имам многу читано за изработка и градба на нуклеарна централа за тоа која опасност претставува тоа како за околината така и сама за себе па така да во Македонија тешко дека нешто вакво ќе бидне.Во многу поразвиени земји со 10 пати постручен и поискусен кадар се случувале, случуваат и понатаму ќе се случуваат несреќи за кој се крие се уште да не збориме во Македонија каква би била таа слика. Меѓутоа има време за се а зашто да не и за една нуклеарка па ако никој не може да не срамни и утепа барем сами тоа да го направиме.:baeh:
 
Во рок од 5 години потребни за изградба на Нуклеарната ц. може да се обучи и припреми кадар.:toe:

За 5 години ништо не може да направиш.За 5 години,ке имаш еj сега завршили студенти по jaдрена физика.Ништо повеке.Нема да имаш инженери,нема да имат опит.Ништо нема да имаш.:wink:
Треба ти прво 5 години да студират,па после уште толкова да гледат как се работи во друга нуклеарка и тогаш ке може да управлjaват реактор.
 
Има Ерменци кој радо би станале и Македонци,како некои ракометарки на пример.ABC и за тоа водеше сметка,не се нервирај.
Ме нервираат само мислењата на одредени “експерти“ по медиумите низ Македонија кој со нуклеарка се сретнале единствено на овој и можеби уште на некој друг форум па даваат изјави како е тоа невозможно,па нема вода,со вештачки акумулации не можела да се лади,сме немале пари иако само надворешниот едногодишен трговскиот дефицит ни е колку за два реактори или колку половина од мега буџетот,па има чудни констатации дека Бугарите немало да ни продаваат струја ако не сме им ја плателе изградбата,можеби тие ќе си ја чуваат во кофа струјата кога ќе ја произведат,ако ја произведат од нуклеарката Белане која се гради веќе 15 години,па има лажни информации од владините представници дека интезивно владини “експерти“ прават студија за изградба на Нуклеарка,кога од скоро секојдневните мои теренски интезивни испитувања не сум сретнал ни еден “владин експерт“ во Мариово изминативе 20 години освен едни Австралијанци кој беа заинтересирани да земат примерок од јаловината на рудниците за ураниум во Мариовско-Прилепскиот регион.Сепак,се надевам и скоро сум сигурен,дека една идна влада ако не и оваа сериозно ќе се заинтересира да ги спроведе моите истражувачки и проектни планови со кој многу лесно ќе најдеме заеднички коинвеститор при изградбата на еден мој идеен проект што го нареков “NucleuS 3x3“ и од кој не се одкажувам додека не го спроведам за обезбедена иднина на Македонија.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom