Ваквата атеистичка пропаганда е исто толку лоша колку и Јеховини сведоци пред врата.
Мислам дека секој треба еднаш на момент да ги тргне на страна сите фактори кои му влијаат, домашно воспитание, традиција, клипови на ЈуТуб, (анти)религиозни сајтови на нет, и сам да размисли во што сака да верува.
Сите сме доволно паметни сами да ги согледаме фактите и околностите и сами да одлучиме дали ќе ги прифатиме како такви или ќе ги негираме.
(Не)верата е индивидуална работа и секој треба индивидуално да си ја носи, а не да дозволува да му варира зависно од пропагандата на Интернет или од верувањата на неговите родители, сеедно.
Јас на пример, сум религиозно воспитана и крстена христијанка, ама не сум верник. Тоа што на 2месечна возраст (технички, без моја согласност) ме однеле во црква и ме крстиле и тоа што ме учеле дома дека треба да се молам и да верувам, не значи дека слепо треба да се водам според тоа што други ми го одредиле и да се ограничам на нивните одлуки, без да размислам сама како ќе се ориентирам.
Пропагандата е многу глупа работа, што за жал има несомнена моќ.
Ама за нешто толку лично и интимно како вера, никој не смее да се труди да ти врши влијанија.
Затоа и ме нервира подфорумот Религија, цело време некој се обидува да му наметне мислење на некој спротивен од него по верувања, па и до тепачки ќе стигнат уште малце.