Paypal во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Што чекаат нашиве со Paypal?
Па, или чекаат повисока сума за поткуп за конечно да дозволат PayPal да почне да ги нуди своите услуги и во Македонија,
или чекаат ЕУ да им писне за да почнат да се залагаат за PayPal да почне да ги нуди своите услуги во Македонија.
Помнам дека во 2004 и 2005 ЕУ им пискаше поради тоа што не нудеа никакви бенефиции за странски инвеститори,
па мораа да попуштат. Па потоа во 2008 ЕУ повторно им писна поради тоа што пушењето беше дозволено насекаде,
па го воведоа овој законот за забрана на пушењето. Па сега ќе треба да чекаме или некој да ги поткупи нашинциве,
за да дозволат PayPal да почне да ги нуди своите услуги во Македонија, или ќе треба да чекаме некој да ургира во Брисел
во корист на PayPal, за да ЕУ им писне на нашинциве за да почнат да се залагаат за PayPal да почне да ги нуди своите
услуги во Македонија.

Најверојатно тоа чекаат нашинциве, а што чекаат дамите и господата од PayPal, е тоа сеуште не знам. :)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ако добро се сеќавам, овде еден ник, nbrm очигледно познавач на работите, убаво го објасни проблемот. По важечки закон, Македонски граѓанин НЕ СМЕЕ, легално да има сметка во странство, значи бидејќи PayPal е всушност тоа :сметка во странство, тоа па значи дека, додека не се изменат тие закони , а автоматски се менуваат со влегување во EU...нитуPayPal , ниту Македонија можат да договорат легално работење.
Барајте други солуции, незнам како функционира Moneybooker... мислам дека оди на eBay, што е и основната намера на овој муабет????
 
А и ти очигледно не си up-to-date со некои работи како Moneybookers, бидејќи и Moneybookers ги нуди за Македонија
кристално истите услуги кои што ги нуди и PayPal, односно и на Moneybookers можеш да си ставаш пари преку Интернет
и да ги чуваш.
Ги имам прочитано постовите на nbrm и не мораш да ми дообјаснуваш, бидејќи PayPal не функционира на принцип на
Интернет банка, туку на принцип на Интернет базиран систем за електронски трансфер на финансиски средства.
Точно, можеш да ставаш пари на PayPal и да ги чуваш на твојата PayPal сметка, но услугите на PayPal не се достапни
во Македонија, со исклучок на триковите како словенскиот PayPal.
Но кристално истите овие услуги ги нуди и Moneybookers, кој ги нуди своите услуги во Македонија.
Значи јас можам да си ставам пари на Moneybookers и воопшто да не ги трошам, а сето тоа е легално, бидејќи
Moneybookers ги нуди своите услуги и во Македонија, односно, претпоставувам, сето тоа е со амин на државата.
Е па сега, ако е изводливо да ставам пари на мојата сметка на Moneybookers од Македонија, и да ги чувам истите тие мои
пари на истата таа моја сметка, од тука следува фактот дека или Moneybookers незаконски работи во Македонија,
или тоа што го вели nbrm не е вистина. Јас не велам дека nbrm лаже, ниту пак дека е погрешно информиран/а,
но очигледно не можеме да мешаме баби и жаби.
Moneybookers е исто што и PayPal и сепак функционира и во Македонија, со разликата што не е толку баран и распространет
како PayPal. Ако можам да ставам пари на мојата сметка на Moneybookers, а со тоа и надвор од Македонија, бидејќи не верувам
дека Moneybookers имаат своја сметка во некоја банка овде во Македонија, тогаш значи истото е изводливо и за PayPal.
Јас не сум банкар и воопшто не сум запознаен со сите тие банкарски закони и правила, но знам дека, Moneybookers функционира
исто како и PayPal, и сепак ги нуди своите услуги во Македонија, и од тука доаѓам до заклучок дека сето ова е легално,
а со тоа доаѓам и до заклучок дека теоријата на nbrm не држи вода, барем од гледна точка на Moneybookers, а претпоставувам
дека истата теорија на nbrm не држи вода и од гледна точка на PayPal.

Што е основната намера на овој муабет ?

Па, да резимираме зошто услугите на PayPal и понатаму не се достапни во Македонија, зошто секоја година не дриблаат
овие кретениве кои се нарекуваат себеси политичари, зошто секоја година се шират најразни приказни кои на крајот
испаѓаат чисти лаги. Па подобро е да се дебатира, наместо да се помириме со фактот дека ништо нема да бидне од тоа што ние
го бараме.
Ако си еден од оние на кои им дошло преку глава од дискусија без никаква конкретна акција поврзана со истата,
па тогаш воопшто не троши време да ја читаш оваа тема на форумов.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Еве баш вчера, петок, 11 февруари 2011, во интервју за телевизијата 24 Вести http://www.24vesti.mk/,
човек вработен во Мајкрософт Македонија, задолжен за информатичка безбедност, не му го помнам името,
убаво потенцираше дека една од главните причини зошто PayPal и понатаму не ги нуди своите услуги во Македонија,
е поради неубавата историја која ја имаме како држава во која во минатото се тргувало со PayPal account - и на
македонски корисници во времето кога PayPal сеуште ги нуделе своите услуги во Македонија, пред да ја стават
на црната листа на небезбедни држави.

Иако е забележан напредок во областа на информатичката безбедност во Македонија,
сепак сеуште имаме уште доста работа, за да PayPal дојде до заклучок дека сме информатички
сме станале доволно безбедна држава за да почне повторно да ги нуди своите услуги
во Македонија.

Иако ова не е баш некоја новост, сепак е уште една причина повеќе зошто да не се верува во приказните
кои ги објавуваат балканските медиуми од типот:
"PayPal од следната година достапен во Македонија ...".

А да, со ова уште еднаш паѓа во вода теоријата според која проблемот поради кој
PayPal не ги нуди своите услуги во Македонија, е во македонската законска регулатива.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ако некој батка од Македонскиот Мајкрософт каже нешто, тоа е апсолутно точно, ако познавачи на законската финансиска регулатива, кажат нешто друго...тоа нема веза :)
Веднаш после влегување во ЕУ Македонија ќе нема проблеми со PayPal и тоа со ЕВРОПСКАТА бранша на PayPal , бидејќи ни ЕУ не е согласна парите на нејзините граѓани да лежат на УСА сметка.... :) , а во тој момент незнам што друго ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ во однос на безбедноста на тргување со користење на PayPal .....од тоа што е сега.....и како дубари од тој вид да нема на другите простори каде се користи?????
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
цело време зборите за парите на македоноцот дека лежат на сметка на пеј пал... абе во голема заблуда сте... пеј пал е систем за сигурна наплата и заштита на податоци преку интернет трансакции... ти со пејпал можеш да плаќаш што сакаш, а во моментот на кликањето на копчето ОК или CONFIRM во тој момент пеј пал повлекува пари од твојата МАКЕДОНСКА СМЕТКА која ти се наоѓа во МАКЕДОНСКА БАНКА (во случајов нлб тутунска). ти правиш интернет купување кое е сосема легално и целосно сигурно, за што пејпал си наплаќа некоја ситна провизија... и ако воопшто постои некаков закон кој забранува на македонците имање сметка и пари во странска банка (што сумњам) во случајов е целосно испочитуван. но да речеме дека има таков закон за имање сметка и пари во странство, прво тоа е чиста глупост и пак е ограничување на правата на народот и единката (диктаторство). второ незнам дека воопшто некој спомнал или посочил закон со кој е забрането интернет купување... а ова е токму тоа, интернет купување и трансакција на мои средства од мојата македонска сметка во македонска банка... и толку... пеј пал е за заштита на податоци и напади...

знам јас како изгледа интернет хак на кредитна картичка... се обидоа да ме хакнат, а системот на тутунска за среќа успеа на време да ги спречи, иначе ке ме рокнеа 1200 уса долари... е пеј пал служи токму за тоа... на едно единствено место ги има твоите податоци со сметката, а за се друго се користи пеј пал лицето за плаќање... посредник е пеј пал и толку од тоа...

а македонија е на црна листа, поради повекегодишната докажана криминална историја со превари на кредитни и платежни картици кои и ден денес се секојдневие...
 
Ме збунуеш, ај опиши една криминална превара со кредитна и платежна картичка преку системот на PayPal од кој тие толку се исплашени , што превентивно КОМПЛЕТНО не избришале за да не ги контаминираме?????
Од друга страна , детално се изнаразговарав со релевантни луѓе во СИТЕ БАНКИ во Македонија И НИЕДНА не издава картичка со која, на интернет, преку PayPal или преку кој било сличен клон, нуди можност за on-line плаќање во странство.
Освен магловитата можност кај NLB да лажеш дека си всушност од Словенија????
Подигање пари од аутомат и плаќање при престој ВО СТРАНСТВО да, но on-line...не..
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
цело време зборите за парите на македоноцот дека лежат на сметка на пеј пал... абе во голема заблуда сте... пеј пал е систем за сигурна наплата и заштита на податоци преку интернет трансакции... ти со пејпал можеш да плаќаш што сакаш, а во моментот на кликањето на копчето ОК или CONFIRM во тој момент пеј пал повлекува пари од твојата МАКЕДОНСКА СМЕТКА која ти се наоѓа во МАКЕДОНСКА БАНКА (во случајов нлб тутунска).
Не.
Пари може да ти стојат на Paypal, а може и да ги повлечеш на сметка, или од сметката да стаиш уште пари на Paypal акаунтот.
Акаунтот ти е поврзан со сметката, ама парите од сметката преку плаќање со акаунтот, не ги вадиш. Прво треба да пребациш од сметка на акаунт, па после да платиш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Прво:
Да, може да се ставаат пари на PayPal и да се чуваат на корисничка сметка на PayPal.
Но, најосновниот PayPal account, наречен PayPal Personal може да се користи само за купување
преку Интернет, НО НЕ И ЗА ЧУВАЊЕ НА ПАРИ НА ИСТАТА ТАА PAYPAL КОРИСНИЧКА СМЕТКА.
Доколку македонската законска регулатива навистина забранува чување пари во странство,
тогаш PayPal може за Македонија да ја нуди само услугата PayPal Personal, така што ќе можеме
да го користиме PayPal САМО ЗА КУПУВАЊЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ, НО НЕ И ЗА ЧУВАЊЕ НА ПАРИ ВО СТРАНСТВО.

Второ:
Секој од вас на форумов има право да си го каже своето мислење, па така и јас индиректно го изразив
не личното, туку професионалното мислење на човек кој се занимава со информатичка безбедност,
а истовремено работи и во Мајкрософт Македонија, а Мајкрософт не се баш било кои за да вработуваат
баш било кого, особено кога е безбедноста во прашање.
Инаку, темата за која се дискутираше на телевизијата 24 Вести не беше конкретно PayPal, туку сајбер криминалот
во Македонија. Човекот многу убаво објасни дека сајбер криминалот не е проблем само на Македонија,
туку најраспространет е и во САД, Шпанија, Португалија, Италија и Русија.

Еј, патем, знаевте ли дека Шпанија, Португалија и Италија се држави членки и на НАТО и на ЕУ,
услугите на PayPal се достапни во истите овие држави, а сепак им се случува ваквиот сајбер криминал,
кој годишно врти профит од нешто над 300 милиони евра ?

Следувајќи од овој факт, знаете ли дека може да се дојде до заклучок дека НАТО и ЕУ не се баш фактор
кој би придонел за PayPal повторно да почне да ги нуди своите услуги и во Македонија, а исто така може
да се дојде до заклучок дека НАТО и ЕУ не се баш фактор за безбедност и стабилност, барем од гледна точка
на информатичката технологија ?

Патем, фактот дека сајбер криминалот е најраспространет во САД, Шпанија, Португалија, Италија и Русија
не го потенцираше само човекот кој работи во Мајкрософт Македонија, каде што е задолжен за информатичка
безбедност, туку истиот тој факт беше потенциран и во извадоците кои беа прикажани на телевизија 24 Вести
од некои меѓународни семинари и презентации на кои многумина експерти од областа на информатичката безбедност
потенцираа дека сајбер криминалот цвета во САД, Шпанија, Португалија, Италија и Русија.

Во текот на интервјуто за телевизија 24 Вести, беше спомнато дека PayPal ги нудел порано своите услуги во Македонија,
како и дека PayPal ја ставил Македонија на својата црна листа на информатички небезбедни држави, од наједноставна
причина бидејќи многумина во Македонија си терале бизнис со украдени податоци за PayPal кориснички сметки од
македонскиот PayPal, лозинки и други информации од приватен карактер.

Е па, во вакви околности, единствената работа која македонскиот пазар мора да ја направи, е да го зголеми нивото на
информатичка безбедност, а не само постојано да се фалиме со субвенциите и привилегиите кои им следуваат на странските
инвеститори бидејќи, ако не му овозможиш безбеден терен за работа на истиот тој странски инвеститор, тогаш воопшто и не
очекувај тој да инвестира на твојот небезбеден терен.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Како прво... СИГУРНО постои закон со кој не смее едно лице резидент на РМ да поседува сметка во странска банка. Т.е. има еден исклучок, треба да има дозвола од НБРМ за да има сметка во странска банка. Е сега дали е тоа причина зошто немаме PayPal не знам, тоа си го знаат самите тие.
Е сега, гледам сте се фатиле за „огромниот“ сајбер криминал што го има во Македонија :pos: Па по ѓаволите, сигурно „обртот“ што ќе го направат сајбер криминалците кај нас за цела година, сајбер криминалците во САД ќе го направат за еден ден. Па глеам ги има нив на листата :) Ги има и Албанија кои исто така имаат добро развиен сајбер криминал... има земји за кои никогаш не сум слушнал, има земји кои не можам ни да ги спелувам.
И јас сум слушнал дека во Македонија не може да се користи PayPal баш поради законот за банки, е сега дали е поврзано со тоа што го имам напишано на почетокот не знам. Ама ептен е глупо да очекувате од министри да се замараат зошто Македонија не е на листата на PayPal. На кој му е толку потребен PayPal ете има начини да се користи преку наша банка, а тие што немаат којзнае колкава потреба од PayPal се снаоѓаат со дебитните и кредитните картички. Јас на пример сум презадоволен од можностите на Visa Electron и PayPal акаунтот се уште го немам испробано како функционира.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Duri sea ne razbiram Dexter26 , PayPal..od nekoi pricini ne ne saka nas, ili Makedonskata drzava, od nekoi pricini ne go saka PayPal ????
Mene licno mi treba takov nekakov sistem za elektronsko plakanje, posebno na mali iznosi i nezainteresiranosta, ili onevozmozenosta na nasite banki toa da go ponudat, mi preci mnogu.... Zatoa i se vpustiv vo podetalno istrazuvanje i dojdov do ZIDOT na Zakonskata Regulativa....sea ostanuva samo da bidam gledac od strana, bidejki mnogu dobro se znae koj gi kroi zakonite....

--- надополнето ---

Како прво... СИГУРНО постои закон со кој не смее едно лице резидент на РМ да поседува сметка во странска банка. Т.е. има еден исклучок, треба да има дозвола од НБРМ за да има сметка во странска банка. Е сега дали е тоа причина зошто немаме PayPal не знам, тоа си го знаат самите тие.
Е сега, гледам сте се фатиле за „огромниот“ сајбер криминал што го има во Македонија :pos: Па по ѓаволите, сигурно „обртот“ што ќе го направат сајбер криминалците кај нас за цела година, сајбер криминалците во САД ќе го направат за еден ден. Па глеам ги има нив на листата :) Ги има и Албанија кои исто така имаат добро развиен сајбер криминал... има земји за кои никогаш не сум слушнал, има земји кои не можам ни да ги спелувам.
И јас сум слушнал дека во Македонија не може да се користи PayPal баш поради законот за банки, е сега дали е поврзано со тоа што го имам напишано на почетокот не знам. Ама ептен е глупо да очекувате од министри да се замараат зошто Македонија не е на листата на PayPal. На кој му е толку потребен PayPal ете има начини да се користи преку наша банка, а тие што немаат којзнае колкава потреба од PayPal се снаоѓаат со дебитните и кредитните картички. Јас на пример сум презадоволен од можностите на Visa Electron и PayPal акаунтот се уште го немам испробано како функционира.
..isprobaj go...pa javi se ovde da spodelime iskustva...:)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Зошто PayPal не ги нуди своите услуги во Македонија ?

Па од повеќе причини.
Тука спаѓа неинтересот на нашата држава за кој пишува shutdown во пост #329 на оваа тема на форумов.
Тука спаѓа слабата информатичка безбедност во Македонија за која што јас пишав во постовите #350 и #355.
А од слабата информатичка безбедност во Македонија произлегува сајбер криминалот кај кој, не е важно колку
пари биле предмет на електронска измама во изминатите 12 месеци, туку колкав процент на направени трансакции
биле предмет на електронска измама во изминатите 12 месеци, бидејќи секој инвеститор не гледа колкав е
буџетот или брутодомашниот производ на една држава во долари или во евра, туку за колку проценти истиот пораснал
или се намалил во изминатите 12 месеци.

Е тоа е нашиот проблем, почитувани дами и господа кои ја следите оваа тема на форумов.
PayPal не ги интересира колку пари биле предмет на електронска измама во изминатите 12 месеци, толку колкав процент
од сите направени трансакции во изминатите 12 месеци, било преку банка, било преку Интернет, биле предмет на
електронска измама.

А бидејќи Македонците кои сакаат легално да си тераат бизнис не се заинтересирани за купување преку Интернет,
додека Македонците кои сакаат нелегално да си тераат бизнис ги искористуваат сите можни дупки во системот за да
направат било каква нелегална заработувачка, во Македонија огромен процент од сите направени трансакции во изминатите
12 месеци биле предмет на електронска измама.

Решението е Македонците кои сакаат легално да си тераат бизнис да почнат да купуваат преку Интернет, за да се намали
процентот на направени трансакции во изминатите 12 месеци кои биле предмет на електронска измама, бидејќи со чекање
чудо, има да се изначекаме додека на Македонците кои сакаат нелегално да си тераат бизнис им здосади од нелегалниот
начин на заработувачка, доколку воопшто го дочекаме тоа.

Од друга страна, во САД, Шпанија, Португалија, Италија, Русија, а и во други држави во кои цвета сајбер криминалот,
годишно истиот тој тип на криминал врти профити од стотици милиони евра, но сепак во истите тие држави процентот
на направени трансакции кои биле предмет на електронска измама е многу мал, од наједноставна причина бидејќи,
тамошните граѓани имаат доверба во системот и купуваат легално преку Интернет.

И затоа PayPal и понатаму ги нуди своите услуги во тие држави, бидејќи не се парите кои биле предмет на електронска
измама во прашање, туку процентот на направени трансакции кои биле предмет на електронска измама е во прашање, и
заедно со информатичката безбедност на државата, како и интересот на државата за услугите на PayPal, претставуваат
клучни фактори за да PayPal почне повторно да ги нуди своите услуги во Македонија.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Зошто PayPal не ги нуди своите услуги во Македонија ?

.................................
И затоа PayPal и понатаму ги нуди своите услуги во тие држави, бидејќи не се парите кои биле предмет на електронска
измама во прашање, туку процентот на направени трансакции кои биле предмет на електронска измама е во прашање, и
заедно со информатичката безбедност на државата, како и интересот на државата за услугите на PayPal, претставуваат
клучни фактори за да PayPal почне повторно да ги нуди своите услуги во Македонија.
e sea me dotepa......digam race.., ama pak pred toa eve , bidejki si informiran..daj barem eden slucaj na vid izmama..,od onie koi se voobicaeni vo Makedonija???? Koristenje na ukradeni broevi na karticki???? ili nesto drugo??? i ne gledam kako ke se zgolemi prometot na trgovija na net, ako NAJSIGURNIOT i NAJEFTINIOT sistem na plakanje ne funkcionira.
 
login.php

404 Error on index.php
Член од
5 јуни 2009
Мислења
696
Поени од реакции
28
цело време зборите за парите на македоноцот дека лежат на сметка на пеј пал... абе во голема заблуда сте... пеј пал е систем за сигурна наплата и заштита на податоци преку интернет трансакции... ти со пејпал можеш да плаќаш што сакаш, а во моментот на кликањето на копчето ОК или CONFIRM во тој момент пеј пал повлекува пари од твојата МАКЕДОНСКА СМЕТКА која ти се наоѓа во МАКЕДОНСКА БАНКА (во случајов нлб тутунска). ти правиш интернет купување кое е сосема легално и целосно сигурно, за што пејпал си наплаќа некоја ситна провизија... и ако воопшто постои некаков закон кој забранува на македонците имање сметка и пари во странска банка (што сумњам) во случајов е целосно испочитуван. но да речеме дека има таков закон за имање сметка и пари во странство, прво тоа е чиста глупост и пак е ограничување на правата на народот и единката (диктаторство). второ незнам дека воопшто некој спомнал или посочил закон со кој е забрането интернет купување... а ова е токму тоа, интернет купување и трансакција на мои средства од мојата македонска сметка во македонска банка... и толку... пеј пал е за заштита на податоци и напади...

знам јас како изгледа интернет хак на кредитна картичка... се обидоа да ме хакнат, а системот на тутунска за среќа успеа на време да ги спречи, иначе ке ме рокнеа 1200 уса долари... е пеј пал служи токму за тоа... на едно единствено место ги има твоите податоци со сметката, а за се друго се користи пеј пал лицето за плаќање... посредник е пеј пал и толку од тоа...

а македонија е на црна листа, поради повекегодишната докажана криминална историја со превари на кредитни и платежни картици кои и ден денес се секојдневие...
Кај си видел ти во македонија таков случај, македонец да хакнал картици и слично?
Јас мислам дека македонските информатичари со помош на владата треба да контактираат со паупал и да се сложат со *правилата и условите за користење на Paypal* ама од македонските информатичари скренале раце сите се гледа уште по државните сајтови кои се големо срање како шо е со мар нет или мтв1 сајтовите .....
Ја спомнувате и русија како поквалитетна држава во законите а таму и DMCA е ignored.......
пс. иначе шо ве кошта за држава словенија да користите? јас веќе 1 година без проблем го користам paypal .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom