Гледам дека сте ептен збунети од работиве со картичкиве.
Па ќе се обидам да ви објаснам на мој начин.
Прво:
PayPal никогаш официјално нема најавено дека ќе почне да ги нуди
своите услуги во Македонија, Србија и Црна Гора во текот на 2011.
Се што сте прочитале е исклучиво од балкански медиуми (весници, Интернет портали и многу ретко по некоја телевизија),
од истите тие балкански медиуми кои што тврдеа дека услугите на PayPal ќе станат достапни во Македонија во текот на
2009, па во Србија во текот на 2010, па сега истите тие балкански медиуми тврдат дека услугите на PayPal ќе станат
достапни во Македонија, Србија и Црна Гора во текот на 2011.
Од тука, мојата оценка на веродостојноста на информациите кои што ги објавуваат истите тие балкански медиуми изнесува: 0%.
Во сите овие приказни според кои услугите на PayPal ќе станеле достапни не знам каде од не знам кога, ќе поверувам дури
кога некој западноевропски медиум или американски медиум, или уште подобро, кога некој официјален претставник на PayPal
ќе потврди барем 1 (ЕДНА) од сите овие приказни, а такво нешто досега се нема случено, и од тука по автоматизам, мојата
оценка на веродостојноста на информациите кои ги содржат сите овие приказни ќе остане 0%.
Второ:
Од Македонија може да се купува преку словенскиот PayPal, досега докажано
и проверено преку Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка.
Услов за издавање и користење на оваа картичка е корисникот да има своја
трансакциска сметка во НЛБ Тутунска Банка, без разлика дали истиот е вработен или не.
Исто така, НЛБ Тутунска Банка од неодамна издава Maestro дебитни картички со CVV2 или со CVC код со кој може да се
купува преку Интернет, но ни словенскиот, ни американскиот PayPal не поддржуваат користење на Maestro дебитна
картичка. Досега сум открил дека само на британскиот PayPal може да се користи Maestro дебитна картичка, а бидете
сигурни дека НЛБ немаат нивни филијали во Британија.
Така да, Maestro дебитните картички од НЛБ Тутунска Банка отпаѓаат од игра што се однесува до купувањето преку PayPal.
Трето:
Трансакциската сметка е сметка на која што може да се ставаат само македонски денари.
За странски валути, се отвора девизна сметка, која е во целост одвоена од трансакциската сметка,
а од тука по автоматизам, девизната сметка е одвоена и од дебитните картички кои се поврзани со трансакциската сметка.
Четврто, и последно:
MasterCard се исклучиво кредитни картички, иако сепак, Стопанска Банка издава и дебитни MasterCard картички.
Исто така, и Охридска Банка издава MasterCard Standard дебитни картички, за чиешто издавање и користење корисникот
мора да има своја трансакциска сметка во Охридска Банка, без разлика дали истиот е вработен или не.
Јас сум невработен и како таков користам MasterCard Standard дебитна картичка од Охридска Банка веќе трета година по ред
и во целост сум задоволен од истата. Охридска Банка ми наплаќа само 10 евра годишна членарина за картичката, како и
соодветни камати при користење на истата при купување, без разлика дали во продавница или на Интернет.
Имам купувано софтвер преку Интернет со истата, така што наместо да чекам да ми стигне копијата од софтверот на диск
преку пошта, одбирам опција да ми дозволат да ја симнам копијата директно преку Интернет, откако претходно ќе платам за
истата. Во повеќе наврати го имам направено тоа и успешно сум завршил работа.
Картичката одлично работи и преку Moneybookers, а имам ставано и кредит на мобилниот телефон преку Интернет од веб
сајтот на Тобако
http://www.e-voucher.mk/, од кој може да се надополнува кредит преку Интернет на мобилен телефон од
Т-Мобиле.
Наједноставно ставам македонски денари на мојата трансакциска сметка во Охридска Банка, и откако ќе купам нешто,
без разлика дали тоа ќе биде од продавница или преку Интернет, продавачот не ми зема пари на мене, туку и зема пари
на банката, а банката е таа која што подоцна ми одзема пари на мене од мојата трансакциска сметка. На корисниците на
MasterCard кредитните картички дозволено им е да надминат одредена граница и да потрошат повеќе пари отколку што
имаат на нивните трансакциски сметки во банката, но на тие кои користат MasterCard Standard дебитна картичка, доволно
е да им недостига барем 0.01% од сумата која треба да биде платена во денарска противвредност за да банката ја одбие
трансакцијата, поради што истата нема да биде извршена.
Се додека имам доволно пари на трансакциската сметка, без разлика дали на Интернет плаќам во долари, евра, франци,
рубљи или не знам кои други странски валути, банката е таа која што ми ја одзема конкретната сума од трансакциската
сметка во денарска противвредност, додека девизните сметки остануваат нечепнати, бидејќи истите се одвоени и од
трансакциската сметка и од дебитните картички кои се поврзани со трансакциската сметка.
Бидејќи услугите на PayPal не се достапни во Македонија, а и бидејќи јас појма немам од француски јазик,
иако Охридска Банка е во сопственост на француската Societe Generale, сепак никогаш не сум пробал да видам дали
мојата MasterCard Standard дебитна картичка би работела на францускиот PayPal.
А што се однесува до дебитните MasterCard картички на Стопанска Банка,
воопшто не сум запознаен со правилата кои важат за нив.
Имам пријател кој извади таква картичка уште од пред 2 години,
но сепак воопшто не ја има искористено истата ниту еднаш за купување преку Интернет.
Се извинувам за долгиов реферат, но полесно ми е со еден ваков долг реферат да ви
објаснам повеќе работи истовремено, наместо да морам секоја од тие работи да ви ја објаснувам во повеќе наврати.