Поглавни индикатори? : ) Фабриката од СДСМ не може за мал прст да ви се фати! : )
Види вака... Да ти кажам за трите ’поглавни’ индикатори... За првиот индикатор (Starting a business), од анализирани 43 земји, статус на ’позитивни реформи’ имаат добиено 39, а ’негативни реформи’ добиле само 4 држави (Бангладеш, Индонезија, Романија и Сирија)... За вториот индикатор (Dealing with licenses), статус на ’позитивни реформи’ имаат добиено 15, а ’негативни реформи’ добиле само 2 држави (Русија и Зимбабве)... И за третиот индикатор (Paying Taxes), статус на ’позитивни реформи’ имаат добиено 31, а ’негативни реформи’ добиле само 5 држави (Бангладеш, Доминиканска Република, Унгарија, Венецуела и Зимбабве)...
Ти кажав дека отпочнувањето на бизнис беше еден од индикаторите... Инаку, да, тоа е економска сфера... но никако не значи целосни “економски реформи“ како што ги пријави Грујо на конференцијата за печат... Се работи само за “услови за водење фирма“!
Инаку, да не се разбереме погрешно... Секако дека се радувам што Македонија се наоѓа на 78 место во светот за ’услови за водење фирма’... Го гледам целиот список и среќен сум што позади Македонија ја гледам, на пример, една Грција која што се наоѓа на 100-то место, Русија на 106-то, Албанија на 136-то место...