Тепачка во македонскиот парламент: ДУИ Vs. ПДП! :)

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Давител против давителот

Потоа дознаваме (најнов печуркарски производ) дека Б. Црвенковски со ова имал намера да предизвика вонредна состојба за да го смени името на државата и го инструирал Тачи да ја придави Теутче, а оној моронон од внатрешни да го шутира во цеваница Положани!

Шефот на главната коалициска партија во Владата, како во филмот „Давител против давителот“ - дави жени низ парламентот! Што би рекол Лека Дукаѓини на ваков потег на соплеменикот?

Премиерот се оградил и го осудил овој инцидент? Ма не е можно! Каков „предивен“ гест!

Се изредија сите можни коментари и скандализирања од оваа „ѓурултија“ и јас нема да долевам масло на нашата рана. Сакам само да Ви обрнам внимание кога веќе почна долгоочекуваната забава, на креаторот на климата на лошоменаџирани меѓуетнички односи, што го нарекувам: садење тикви со ѓаволот. Одговорен за постојана експлозивна ситуација меѓу Албанците создавана со исклучително слабо, неодговорно и сеирџиско политичко водство е премиерот. Од самиот почеток на оваа Влада (му предочивме јасно) имаше наивно потценување на меѓуетничкиот дискурс, воопшто, а дијалогот особено, со квази економска агенда. Тоа божем нему првпат му текнало со економски раст да ги анулира меѓуетничките политики? Па цела постмодерна демократија колабира на таа модерна заблуда. Европа особено поради падот на токму таа политика, а не Македонија која е од почеток мултиетничка.

Играше и провоцираше внатрешни судири меѓу Албанците од кои наводно ќе добијат Македонците!? Постојано се инаети со една опозициска партија (и тоа го издигна до национален проблем, проблем на сите нас) со глупави и погрешни политички потези (автоголот со изборното законодавство е последниот во низа).

Со сето ова успеа да ја урниса меѓународната позиција на земјата и го забави нејзиниот од кон НАТО/ЕУ. Премиерот имаше и има суштински одбивен однос кон Охридскиот договор, акт кој делумно се преточи во уставни одредби, одбивност која сериозно му пречи да остварува одговорно политичко лидерство.

Директна причина за оваа експлозија меѓу албанските партии е новиот пораз што им го направи премиерот со повлекување на лошиот закон за избори. Тој ќе се носи сега во две фази, па веројатно ќе се менува или целосно ќе биде повлечен. Измените во тој закон, оние за гарантирани места за помалите малцински заедници беа погрешно конципирани. Се трансформираа од симболично претставување во „соодветно“ крупно менување на изборните соодноси, со што се цели да се засени функционалноста на Бадентеровото мнозинство; не се соодветно принципиелни за сите малцинства (Албанците ги нема во квотите) и слично. Туркањето вакви тенденциозни промени сосема надвор од ЕУ-агендата на закони имаше една посебна цена: молчење на ДПА, која „голташе“ кнедли со губење на Бадентеровото мнозинство за Албанците. Единствен мотив за ДПА беше освета кон ДУИ. Кога се виде дека законот паѓа, ДПА се почувствува како тотален губитник. Жртвуваше се' - за ништо. ДУИ повторно поради лошите решенија во законот изгледа како да извојувала „победа“ за прашања од интерес за Албанците. Одозгора не беше тешко да се добие меѓународна поткрепа (бидејќи законот ниту е на агендата за прием во ЕУ ниту има добри решенија) и експлозивната нервоза меѓу албанските партии во парламентот кулминира во тепачка.

Поопасна од тепачката во парламентот е онаа на тројца униформирани Албанци од тачиевската штала, кои, злоупотребувајќи ја позицијата на полицајци и компромитирајќи го МВР, го удриле новинарот на телевизија Алсат, кој снимал „акција“ на малтретирање политички противници од ДУИ на патарина. Тоа е истата тепачка од парламентот преоблечена во униформи (се постигнуваат две цели: и политичките противници се тепааат и полицијата се компромитира).

Но, на виделина на овој скандал не е оној што им ја зготви оваа манџа - премиерот.

Значи имаме, драги мои, двајца давитела: еден кој суштински го дави политичкиот систем на Македонија и негов колега од Владата, кој дави жени низ парламентот!

Нормално кога дојде до разврска создаваната напнатост, најзабавни за читање секогаш се приказните на разни конспиративни дувла по магазинине и телевизиите.

Така седам пред телевизор овие денови, драги мои, во влечки со туфни и на мое изненадување дознавам (од оној семкар од ДПА) дека јас, како познат криминалец, нормално, стојам и зад ова нивно расчукување низ парламентот!

Многу добро, „служимо народу“!

Потоа дознаваме (најнов печуркарски производ) дека Б. Црвенковски со ова имал намера да предизвика вонредна состојба за да го смени името на државата и го инструирал Тачи да ја придави Теутче, а оној моронон од внатрешни да го шутира во цеваница Положани!

ДУИ наместо да ја исконтролира својата багра и да ги осуди своите тепачи на новинари - инсистира на глупости од видот „државен терор“ против Албанците?

Како во подобрите парчиња на Алан Форд, сите се до гуша во конспирации како и од кого е инспирирано ова? Никако да ги видат мороните од пред својот нос и калашниковите во своите автомобили.
Љубомир Д.Фрчкоски
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Што би рекол Лека Дукаѓини на ваков потег на соплеменикот?
Според тој закон, полошо само би поминала, ама ај....коментаров е нема везе, колку да се спомне законикот, а врска се немало :)


и дај стварно кључ...се исуши темава, и така така замре тепачката и целата работа околу неа.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Главно Албанците си успејаа во обидот да ни ја запржат чорбата уште еднаш па и дадоа на ЕУ оправдание за негативниот извештај кој и онака ќе беше негативен ама сега барем имаат рачка,а Азис Положани си бил припремен со штуцни да си иби векот да си иби,единствено снимателот кој не разбирал баш убаво Албански беше "колатерална штета",баш како и сите Македонци и останатиот "шлајм" според ЕУ во Македонија.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Главно Албанците си успејаа во обидот да ни ја запржат чорбата уште еднаш па и дадоа на ЕУ оправдание за негативниот извештај кој и онака ќе беше негативен ама сега барем имаат рачка,а Азис Положани си бил припремен со штуцни да си иби векот да си иби,единствено снимателот кој не разбирал баш убаво Албански беше "колатерална штета",баш како и сите Македонци и останатиот "шлајм" според ЕУ во Македонија.

ЕУРЕКА на квадрат :smir:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Еурека или не, да се вратиме на темата...
Ќотекот бидна, а што стана со комисјата која тербаше да го расчистува тоа во Собранието? Согласност имало, а дали се формира?
И пожелно е темата да ги прати актуелните настани.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Ништо неможат да се договорат по колку пратеници од партија би имало.
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
ednostavno resile da kocat..sto ke pravis samo da zemes i da pocnes da seces

eve sega imse dade i mnozinstvo ama so 2/3 odlucuvanje da bide sto jas mislam deka e osobeno fer ako se saka da se ima opstoprifaten stav... ama NE ni toa ne go sakaat .. toa e Vi e dragi moi cirot.. zosto SDS ne izleze sega i ne gi osudi DUI deka sozdavaat tenzija nepotrebna?? deka nitu edno resenie ne im e po keif? deka go kocat progresot na RM ...
 

nacional

непобедлив
Член од
3 октомври 2007
Мислења
135
Поени од реакции
2
Потоа дознаваме (најнов печуркарски производ) дека Б. Црвенковски со ова имал намера да предизвика вонредна состојба за да го смени името на државата и го инструирал Тачи да ја придави Теутче,
Епа ајде не е така, абе се тоа ЛИЦеТо БЦ прави ујдурми па сега ги правдал по ЕВРОПА не ФАЛА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom