Тепачка во македонскиот парламент: ДУИ Vs. ПДП! :)

Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Е токму во ова е работава! Цело време Тачи, па Љубиша па можда и којзнае кој, а никако не кој ја почнал работава, кој кого прв удрил и све остало после. Никако не се спомнуе дека работава ја почнаа мирните типчиња од една мирољубива опција.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Е што ти е гарда!? Ти да не си од онаа Преторијанската гарда што ја верглаше Бучковски коа беше контра Б.Ц.?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
@ ABC

Ја мислев на нешто друго. ДПА и ДУИ како Албанци не сакаат да влеземе во НАТО зашто тогаш НАТО гарантира за територијалниот интегритет на Македонија - нешто што они не го сакаат. Замисли Србија ако беше во НАТО пред 1999 дали ќе смееја да писнат за Косово. :) Така и за кај нас...
На тоа требаше да се помислува пред `91ва,а не пред `99та.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Kaква и да имало (доколку навистина имало) провокација, не смее да биде оправдување за таков глуп чин на насилство, и тоа во сред парламент, а згора на сето тоа вината да се префрлува на некој друг со смешни аргументи.

Ало, разбудете се, имаме пратеник кој демонстрира демократија низ призмата на тупаницата, пратеник кој доаѓа од партија која демонстрираше демократија низ призмата на пушките (и зољите, и кашикарите, и...)

И после Шеќеринска во стилот на оние глупите девојчиња кои ги има во секој училишен клас ќе кенка во стилот "Ама наставничке, наставничке, знаете него го испровоцираа и целата вина е на дежурниот..."

Сам го себе убијал...
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Да, тоа кој ја почна целава калакурница треба да се каже! Али кој па викна после некој нови дечки, као спонтано се собрале, па пази богати со Калаши, тоа е занимливо.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Kaква и да имало (доколку навистина имало) провокација, не смее да биде оправдување за таков глуп чин на насилство, и тоа во сред парламент, а згора на сето тоа вината да се префрлува на некој друг со смешни аргументи.

Ало, разбудете се, имаме пратеник кој демонстрира демократија низ призмата на тупаницата, пратеник кој доаѓа од партија која демонстрираше демократија низ призмата на пушките (и зољите, и кашикарите, и...)

И после Шеќеринска во стилот на оние глупите девојчиња кои ги има во секој училишен клас ќе кенка во стилот "Ама наставничке, наставничке, знаете него го испровоцираа и целата вина е на дежурниот..."

Сам го себе убијал...
Токму тоа и го велам,треба веднаш да се прифатат препораките на МЗ и ЕУ за поведување истрага и одстранување од парламентот на виновниците,а Шеќеринска и компанија треба да се засрамат дури и на помислата дека ќе профитираат од тоа што ќе го обвинат политичкиот противник за инцидентот.Но не треба да се заборави ни реакцијата на председателот на собрание пред јавноста кој демонстрираше како да бил на обука во Прилепската зоолошка градина пред да биде затворена во минатиот век.Во најмала рака треба да си замине од функција.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Токму затоа што цело време паушално фрлаат светло на целиов настан овиа од СДС ме нервираат. Србите имаат една изрека,,сумњив си ко новчаница од 3 долара,,
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Да се вмешам малце и јас овдека....

Вие СДСМ-овците и вие ВМРО-вците ќе разберете ли еднаш дека секоја една албанска политичка партија прави само да им е добро на албанците ако тие сакаат нешто без разлика на националните интереси тие тоа го бараат !!!

Инцидентот во собранието е поттикнат од Вејсели и Дураку ... мож како што кажа Стрелец некои се пронаоѓа во неговите изјави така мож и Дураку се нашол во изјавата НА Вејсели па му мавна една воспитна со цел да не повтори такво нешто.

Криви се ВМРО .... криви се СДСМ .... крив е Јубиша... А за што се криви тие ????

Инцидентот настана за време на ПАУЗА !!!! каде е виновноста на Георгиевски ??? ја нема.
Виновен е тој и сите останати и пред и највеке од се ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО секоја нормална институција има детектор за метал и оружје пред да влезиш задолжителна контрола ... незнам јас не сум бил во собрание незнам дал има.

Каде е крив ВМРО??? во сите постови на СДСМ-овците читам крив е ВМРО а не гледам објаснување....

Каде е крив СДСМ??? исто како и вмро неглеам каде е виновноста.

Како секоја една опозиција секаде во светот така и нашата секое лошо нешто во државата и го препишува на власта а од секое добро си зема половина.

Алфите натепале новинар и за тоа е крив ВМРО ... потсетете се пред 1ипол година како се тепаа и се фрлаа луѓе во ВАРДАР... алфите се тие сељаци кои требе да се укинат од полиција (со чест на исклучок).
Најостро ги осудувам и јас и сите вие предпоставувам спречувањето на вршење на професионалниот ангажман.

Што се случи во собрание и дали во тои инцидент е замешан некои од ВМРО и СДСМ ... НЕМА

Ке ве молам престанете да ја тупите само и мислете со свои глави !!!

До Стрелец

Друже неможеш да напишеш нешто и да речеш:
" Се’ друго што се пишува и кажува е производ на извитоперени и болни умови!"
Зарем само ти имаш здрав ум?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Љубиша е крив што не издал наредба да се очисти собранието од "горилата" на сите партии,без разлка која боја се,или можеби со својот настап сакаше да и се прикаже на светската јавност дека и еден председател на собрание се смета себеси за "горила".ВМРО не е воопшто виновно за ваквиот инцидент иако некои бедници од СДСМ тоа сакаат така да го прикажат.Единиците алфи пред една година беа про-СДСМ а сега се про-ВМРО,забораваме сите колку понекогаш некои новинари знаат да бидат провокатори од типот на Латас,кому Алфите исто така можеа да му укажат на неговите прекумерни алудирања од типот го удри,ја натепал,го удрила,мавнала,му удрил бокс а не шлаканица и слично споменуваќи ги 10тина пати СДСМ во една реченица.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Во тој хаос кои настанал таму....те молам неможе комплетната одговорност да е на георгиевски...

А за новинарите па тоа им е работа ако не испровоцираат нема да допрат до информација меѓутоа тие провоцираат со зборови а не со тупаници!!!

ЦИВИЛИЗАЦИЈА Е ОВА (барем јас така мислам) а не 16ти век и се да се решава со двобои.
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
гледам сите се карате, јас моето мислење на кратко ќе го кажам, мислам дека не е виновен ДПМНЕ за тоа што настана инцидент, туку затоа што покажа една голема неспособност за да го спречи тој инцидент.

Ќе прашаш зошто ДПМНЕ да го спречи инцидентот, затоа што од шеф на чистачи, до претседател на собранието е ставен од ДПМНЕ и ДПА, така да нивната неспособност и докажаност дека не се професионално ориентирани кон својата работа се покажа на виделина.

Зошто е крив ДУИ, затоа што нивен пратеник нападна пратеник ПДП кој претходно го навреди, а зошто е виновен ДПА, па луѓе, истите оние кои митингуваа во 2001-та кога пукна првата пушка во Тетово, се членови на ДПА, претходните денови покажуваа сила, а истите лица се вработени како полицајци, неслучајно имаше неколку напади од страна на полицијата врз новинари, граѓани и она што се случуваше пред собранието беше ограничување на движењето.

Членовите на ДУИ со оружје се оние истите на кои им беше одземено, и беа амнестирани. Ги амнестира владата на ДПМНЕ со охридскиот договор по добро изрежираната војна за перење на пари со кој Љубчо се направи милјонер, а верувам и Груоќ

СДСМ е виновен што дозволи да го изгуби рејтингот, со тоа да да дозволи да дојде на власт најнеспособната влада во историјата на Македонија, формирана од поранешното опкружување на до пред една година најнеспособната влада на ДПМНЕ 98 ПРОМЕНИ.

Посакавте промени, ги добивате, никој не кажа дека ќе имате промени на подобро, уствари некој претходно потсеќаше дека не смее да се прават грешки, дека е важно Македонија да оди напред, а не да се враќа назад. ама само 200.000 луѓе слушнаа изгледа.

100 чекори напред, еден век назад [] наздравје уште 2-3 години {}
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Во тој хаос кои настанал таму....те молам неможе комплетната одговорност да е на георгиевски...

А за новинарите па тоа им е работа ако не испровоцираат нема да допрат до информација меѓутоа тие провоцираат со зборови а не со тупаници!!!

ЦИВИЛИЗАЦИЈА Е ОВА (барем јас така мислам) а не 16ти век и се да се решава со двобои.

Сигурно дека двобоите и во 16 век не се случувале во некое собрание туку надвор од него.Зар е толку тешко да се поднесе морална оставка за несоодветно преставување на функцијата председател на собрание кое им изнајде рачка на лажговците како Оли Рен зошто на пример нема во блиска иднина да имаме ослободување од визниот режим.

Брисел е скандализиран од вчерашните тепачки во македонското собрание и нападите врз новинарите, одговорноста треба да се утврди, порачува портпаролката на Оли Рен. Овој инцидент не само што ќе влијае врз мислењето на ЕК, туку врз перцепцијата на сите земји членки за Македонија.

Па што би помислил еден Германец доколку го види председателот на собрание како рипа во стил на мајмун пред камери.Ќе рече доколку ова го прави председателот на собрание замисли какви се другите Македонци.Се разбира дека само Георгиевски не треба да замине од парламентот туку тоа треба да го сторат сите кој демонстрираа сила во стилот -држете ме да не го истепам-.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Јас се согласувам дека заради морални причини требе да си поднесе оставка ... ама не е еден и единствен виновник тој...

Не само Брисел и сите во Македонија се скандализирани ... и јасно е дека тоа е на топ вестите секаде и дека сите ќе речар како што ние велевме за Тајван - тоа е таму практика...

Овој OneAndOnly не го ни коментирам повеќе ... не е крив ВМРО на крај КРИВ Е ВМРО :) - Патетика во сино....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom