Ајде мили дами кажете нешто, hit meeee:kesa:if I'm wrong
Не си wrong, повеќето стварно с(м)е со овој став. Али ипак ќе те hit-нам. zauska:
Точно е дека во глобала жените обрнуваат на „првиот пат“ многу повеќе внимание отколку мажите, точно е дека креваат непотребно многу фама околу тоа.
Ама тоа не потекнува директно од женскиот мозок со чудни сфаќања кои вие мажите не ги разбирате. На ваквите сфаќања непосредно влијание има и општеството, кое одсекогаш, а посебно во минатото, обрнувало огромно влијание на една обична кожичка наречена ХИМЕН. Не знам што моќ ќе имаше тој фамозен химен за толку историски моменти да обележи.
Покажување на чаршафот како доказ за невиност, ако немало крв превртена на магаре и правец дома. Во среден век Инквизицијата ги палела сите оние девојки што ќе ги „фатела“ дефлорирани, значи дури и религијата има тука влијание. Во муслиманските земји до ден денес ги враќаат жените кои се веќе дефлорирани на прва брачна, пука брука, дознава цел град/село, никој нема да сака да ја земе, обележана е таа жена. И зошто? Немала химен. :uvo:
Дури и Тројанската војна започнала зошто двајца фраери се степале за тоа кој да земе „власт и сопственост“ врз хименот на Елена Тројанска.
Делумна кривица за ваквите конзервативни сфаќања околу женската „чест“ имате и вие машките со вашите ставови. Да, дури и во 21.век. Прочитај ги само мислењата на членови како
viktordojran,
demijan исл., кои сеуште имаат ставови на средновековни свештеници и дефлорираните девојки ги ословуваат со погрдни имиња како скапана, извозена, обесчестена и тако даље.
Како мислиш дека ова изгледа во очите на девојките што прочитале, без оглед дали дефлорирани или не?
А и вие останатите не знаете што сакате, за ебење искусна, за брак девица. Мало морген.
И мал милион пати имам чуено од малограѓански особи:„Леле, онаа ја знаеш, од тројката, се изебала со _____(дечко и) а уште ни месец не направиле, курвиче.“ Курвиче зошто имала односи со дечко и`. :icon_roll Од кога тоа стана ненормално?
Откако направив мала рекапитулација на тема „Хименот низ времето“ и ве „испоплукав“ вас машките за вашите сфаќања (секоја чест на исклучоците кои останаа неисплукани и суви
), малце да се осврнам и на емотивната причина поради која девојките толку внимание посветуваат на оваа „проблематика“.
Дефлорацијата на хименот прво е болна (скоро кај секоја девојка со ретки исклучоци), а второ бара длабока интимност. Ретко на која девојка и држи газот да се соблече пред тотален странец што го запознала истата вечер у диско и со него да го има првиот секс. Прво, затоа што не го познава, па следствено не може со него да се опушти. Второ, затоа што според дефинициите од некои подзаборавени учебници, сексот треба да се круниса со љубов; или љубовта со секс, сеедно; во секој случај, тоа се две работи кои убаво одат во пар. Не само првиот секс, туку сексот ин џенерал. И трето, од сите горенаведени „општествени“ причини.
Првиот пат во суштина се поврзува со љубовта затоа што љубовта по дефиниција произлегува од, оди рака под рака, е тесно поврзана со
довербата. А за така „голем“ чекор кој е од историска, животна, емоционална и општествена важност, потребни се три најважни нешта: желба (придружена со храброст), доверба, и секако-дечко.
Кондомот се подразбира, не сме неписмени, мајко му.
А тоа дека само првиот пат треба да е од љубов... Кој како си ја наредил. :wink: