Јас незнам зошто те чуди се ова? На сите телевизори реално животниот век им е толку, преку сила до 10 години. Тоа што нашите стари македонци/југословени/комунисти итн. се научиле од времето (а со тоа и ние), дека кога човек ќе купи нешто треба да му трае 30 години е погрешна политика на размислување.
Се знае како се функционира во останатиот дел од Светот, после пет години се фрла и се купува ново, за било која техничка опрема да станува збор.
Како пример земи го денешно Горење и Горење од пред 30 години и ќе ја согледаш разликата, како размислуваат Словенците.
Совет, ако тебе ти прави ќејф и те „пали“ да имаш Сони, купи го, а тоа дека после пет години ќе биде тиња сликата нека не те оптеретува многу. Треба да те оптеретува фактот како ти после тие пет години ќе имаш пари да си купиш ново чедо за гледање по дома, а не да го користиш тој застарен модел уште 20 години.