Охрид

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133

“Треба да се смени концептот на хотелиерите. Многу се скапи, истиот хотел во Охрид за еден ден пример чини 80 евра, а во Прага 30 евра, така да тука јас го гледам проблемот оти нема странски туристи во земјава и се разбира туристичките агенции треба да работат повеќе имаме голем потенцијал во алтернативниот туризам Срџан Коцев, претставник на тур оператор Подиум од Прага.

mId=44&egId=14&eventId=57346[/URL]
Да,ама хотелот во Прага има туристи низ цела година,а хотелите во Охрид само во Јули и Август(делумно и во мај,јуни и септември).Така да јас ти тврдам дека не им се исплаќа да намалуваат цени хотеливе ако немаат туристи низ цела година.Значи треба да се разработи вон-сезонска понуда,да доаѓаат туристи и цените ќе се намалат со поголем обем на туристи.:toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Значи тоа се подразбира под она : „треба да се смени концептот на хотелиерите“. Охрид не е убав само во лето, напротив многу е поубав во зиме.
Камените и преполни плажи , кои, повторно, се сепак многу далеку од повисоките европски и светски критериуми за монденски места (го велам ова бидејќи сметам дека Охрид треба да припаѓа на оваа група на светски туристички локации) ладната вода и не се така добра страна за летниот туризам. Ако ја ставиш и неорганизираноста, нехигиената, непрофесионалноста, недостапноста (мислам на охридскиот аеродром) и сл.. ќе излезе дека кај нас ниту летната сезона не се искористува онака како треба, а не пак зимската. :back:
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Се слагам за летната сезона.Може многу подобро.:wink:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Да,ама хотелот во Прага има туристи низ цела година,а хотелите во Охрид само во Јули и Август(делумно и во мај,јуни и септември).Така да јас ти тврдам дека не им се исплаќа да намалуваат цени хотеливе ако немаат туристи низ цела година.Значи треба да се разработи вон-сезонска понуда,да доаѓаат туристи и цените ќе се намалат со поголем обем на туристи.:toe:
Па за да има туристи низ целата година нашите таканаречени хотелиери треба да формираат различни цени за секоја сезона.
Не може и не смее цената на сместувањето да биде иста во Февруари, Март, Април и Мај, со цените во Јуни, Јули и Август.
Само така може да се привлечат туристи во секој период од годината. Вон сезона треба да биде барем два пати поевтино отколку на лето...
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355

Па за да формираат различни цени за секоја сезона нашите таканаречени хотелиери,ЕВН треба да формира различни цени за секоја сезона.
Многу хотели пропаднаја последниве неколку месеци баш поради то шо не им се исплаќаше затоплување,осветлување за цел хотел.
Дома месечно идат 6000 денари за струја ова време,можам да замислам колку е по хотеливе.
 
Тоа им се пресметани трошоци на хотелите и ако немаат пари да ги платат сметките за струја, вода , парно, тогаш не треба ни да постојат тие хотели.

Кон Мај разгледај ја понудата на туристичките агенции за Хрватска, Грција, Бугарија, Албанија, ќе видиш дека различни се цените вон сезона и за време на сезона.
Јас летото во Август бев на одмор во Хрватска и плаќав 45 евра дневно за приватно сместување - апартман, истиот тој апартман во Мај и Септември е 25 евра :toe:. Или во понудите за Турција, аранжманите кои во Август беа 700 евра, крајот на Септември беа 450 евра.

Значи на хотелите во Кушадаси, Дубровник, Крф им е исплатливо да работат со напола цени вон сезона, а гарантирам дека тамошните ЕВН не им даваат сезонски цени на струјата како што предложуваш ти. На нашите демек не им се исплаќало поевтино. :toe:

Поевтините цени на зима, на пролет и на есен ќе привлечат многу повеќе туристи и ќе доаѓаат низ цела година и ќе можат хотелите да си ги плаќаат сметките и нема само да кукаат и да бараат некакви си субвенции.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Па за да формираат различни цени за секоја сезона нашите таканаречени хотелиери,ЕВН треба да формира различни цени за секоја сезона.
Многу хотели пропаднаја последниве неколку месеци баш поради то шо не им се исплаќаше затоплување,осветлување за цел хотел.
Дома месечно идат 6000 денари за струја ова време,можам да замислам колку е по хотеливе.
Освен струја, постојат и други многу поисплатливи алтернартиви! Кажи не им сече доволно, а не ЕВН им е крив.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Освен струја, постојат и други многу поисплатливи алтернартиви! Кажи не им сече доволно, а не ЕВН им е крив.
Па тогаш ќе прочиташ на некој сајт дека во Охрид нема доволно хотели и одма ќе ни пастираш овдека да не известиш дека новинарите се разочарани дека во туристички град скоро и да нема хотели.
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Треба многу работи да се средат околу туризмот. Прво треба да се намали ддв на 5%, треба и таксата која ја плаќаме да се намали. Неможит јас да плаќам од вечер за човек 40 денари а и Метропол да плаќа 40 денари. Јас немам хотел со 5* да ме стават на исто ниво со него.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ако нишо друго, езерските цајкани ви се ЗАКОН!
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
506
Поени од реакции
288
Охрид ќе имаше луѓе и ке функционираше преку цела година ако се оствареше проектот за скијачки терени и зимски туризам на Галичица. Вака тешко.

Мислите дека цените се високи, луѓево ги изгубија хотелите заради хипотека земена за реновирање на истите. хотели шо сами ги граделе и праеле дел по дел а не си ги присвоиле со приватизација. Еве вака направета ваква математика: Да издавате стан ко апартман во центарот на градот ке земате по 40 евра на ден. Апартманот е двособен околу 40 квадрати. Тој кошта околу 45000 евра плус мебел 5000 мин. Значи то е 50000 евра. Сите знаеме дека сезона е месец месец и пол максимум. Па за да се извадат овие пари треба 35-40 години.:vozbud::vozbud:

Толку од мене сега за сега
 
Жално но сеуште купуваат станови и издаваат. Со кој ум незнам

:plivaj:
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.013
Поени од реакции
12.681
Хехе, се прелеавме. Јас ко шо сум блиску утре очеквам поплава дома :icon_lol:
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Абе остај то,Аквариус,Ликвид,Кадмо,Куба Либре :cry::cry:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom