Па за да формираат различни цени за секоја сезона нашите таканаречени хотелиери,ЕВН треба да формира различни цени за секоја сезона.
Многу хотели пропаднаја последниве неколку месеци баш поради то шо не им се исплаќаше затоплување,осветлување за цел хотел.
Дома месечно идат 6000 денари за струја ова време,можам да замислам колку е по хотеливе.
Тоа им се пресметани трошоци на хотелите и ако немаат пари да ги платат сметките за струја, вода , парно, тогаш не треба ни да постојат тие хотели.
Кон Мај разгледај ја понудата на туристичките агенции за Хрватска, Грција, Бугарија, Албанија, ќе видиш дека различни се цените вон сезона и за време на сезона.
Јас летото во Август бев на одмор во Хрватска и плаќав 45 евра дневно за приватно сместување - апартман, истиот тој апартман во Мај и Септември е 25 евра
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
. Или во понудите за Турција, аранжманите кои во Август беа 700 евра, крајот на Септември беа 450 евра.
Значи на хотелите во Кушадаси, Дубровник, Крф им е исплатливо да работат со напола цени вон сезона, а гарантирам дека тамошните ЕВН не им даваат сезонски цени на струјата како што предложуваш ти. На нашите демек не им се исплаќало поевтино.
Поевтините цени на зима, на пролет и на есен ќе привлечат многу повеќе туристи и ќе доаѓаат низ цела година и ќе можат хотелите да си ги плаќаат сметките и нема само да кукаат и да бараат некакви си субвенции.