Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
Оваа конверзација ме мотивираше да отворам нов топик...Aбе кај го најде Пенов,па тој камен од Босна купуваше и плоштад во Скопје правеше,ако случајно го изберат за нешто позначајно има и фекалии од Косово да увезува за да не се намали водостојот на Вардар.![]()
Што се однесува до чесноста на Пенов, факт е дека имаше илјадници обиди да му се најде некоја ујдурма и на секои две недели му доаѓаа во неговиот кабинет разни емисари кои што му ги контролираа сите зделки и целото негово финансиско работење. Дури и Трифун потроши две години од својот мандат правејќи ревизија на работењето на Пенов. Но, идејата за топиков ми беше нешто друго...
Вака, од временска инстанца, мислам дека Пенов е единствениот политичар во Македонија кој што добил доверба од граѓаните на некои избори кај нас и што таа доверба ја оправдал. Позади него остави многу поинакво и поубаво Скопје, отколку што го паметиме тогаш кога за прв пат стана градоначалник.
Тоа е моето мислење, а ме интересираат и мислењата од останатите.
Патем, сакам да го истакнам и фактот дека Пенов е еден од ретките политичари кај нас кој што имаше доблест (само) поради лоши изборни резултати да се повлече од функцијата Претседател на партијата.