Кохабитација: Претседател - Премиер

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Ги повлекувам аплаузите за двајцата актери... Особено оние за Груевски!?

Бранко Црвенковски и Никола Груевски во пинг-понг преписка

Компромисните предлози што ги предложи претседателот Црвенковски вчера се претворија во скандалозен пинг-понг со писма меѓу него и премиерот Груевски, со крајно неизвесно финале. Двајцата цел ден си разменуваа писма во кои ја изразуваа нивната подготвеност да се сретнат и да разговараат за итните државни теми, но остана нејасно дали средбата ќе се одржи. Груевски инсистира Црвенковски да дојде во неговиот премиерски кабинет, а Црвенковски одбива да ја прекрши политичката етикеција и бара премиерот да дојде на разговори во претседателскиот кабинет.

Циркусот почна некаде претпладнето кога Груевски писмено му испрати абер на Црвенковски дека ја прифаќа неговата покана да се видат и дека е првиот слободен термин му е утре, четврток, во 12 часот. Црвенковски, како што вели неговиот кабинет, зачуден што Груевски, и покрај итноста на темите, тактизира и ја одлага средбата до четврток, писмено му потврди на премиерот дека го прифаќа терминот за средбата и дека го очекува Груевски да дојде во неговиот претседателски кабинет.

„Во врска со вашата покана за средба во четврток на 20 септември во 12 часот, ве информираме дека, и покрај итноста на темите, го прифаќаме терминот и ве очекуваме на средба во кабинетот на претседателот на Македонија“, му напиша кабинетот на Црвенковски на Груевски.

На тоа уследи ново писмо од кабинетот на премиерот со кое Груевски го поправа претседателот и му вели дека средбата ќе се одржи, но во премиерскиот, а не во претседателскиот кабинет. Груевски, покрај тоа го покани Црвенковски и на средбата што наедно ја закажал со лидерите на четирите најголеми партии во земјава. „Ве поканувам, по заедничката средба која во координација помеѓу нашите два кабинета е веќе договорена за 20 септември (четврток) во 12 часот во просториите на Владата, да се придружите и да присуствувате и на средба со лидерите на четирите најголеми партии“, му напиша премиерскиот кабинет на Црвенковски.

Писмената реакција што следуваше потоа од страна на Црвенковски беше дека тој завчера јавно дал предлози за надминување на најважните прашања, како што е докомплетирање на Судскиот совет и назначување амбасадори и дека очекувал од Груевски јасен одговор дали го прифаќа компромисот или не.

„За жал, денес е втор ден како вие не се изјаснувате по вакви важни прашања за Македонија. Наместо тоа, почнавте ситни игри со тенденциозни писма кои водат кон опструкција на последните шанси за надминување на проблемот. Јас во таквите игри нема да учествувам“
, порача Црвенковски во писмото потпишано лично од него.

Црвенковски, уште еднаш јавно го повика Груевски да каже дали се согласува со неговите предлози и ако се согласува веднаш да почнат консултациите со партиите. „Закажувањето лидерска средба в четврток попладне значи непотребно губење време кое го немаме“, му напиша Црвенковски на Груевски. На крајот Црвенковски му рече на Груевски дека е подготвен за средба со него, но, како што наведе во писмото, согласно со меѓународната и домашната практика, премиерот треба да дојде во претседателскиот кабинет.

„Се' додека за сите во земјава и во светот, освен за вас и вашите послушници, јас сум претседател на Македонија, проблемот е ваш, а не мој. Доколку во овој термин што го предложивте вие не се појавите во мојот кабинет, ќе сметам дека моите предлози се одбиени, а вие ќе ја поднесете одговорноста за последиците“, жестоко возврати Црвенковски.

Предлозите на Црвенковски до Груевски се четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ , ДУИ и ДПА самите да се договорат за петтемина кандидати за државниот Судски совет, а Црвенковски, за да се заврши работата, нема да инсистира на негови предлози на кои има право согласно со неговата надлежност. Исто така, Црвенковски рече дека за деблокирање на испраќањето амбасадори ќе се откаже од пазарот со премиерот што досега ја кочеше постапката и ќе ги прифати сите десетмина кандидати што ќе ги одбере Груевски од листата на професионални кадри со кои располага Министерството за надворешни работи.

Премиерот Груевски вчера немаше одговор до Црвенковски на последното писмо, но неофицијално високи структури од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија Црвенковски дека „прави проблем од техничко прашање за местото на средбата“ и дека всушност зад тоа се крие игра на Црвенковски земјава да не добие позитивна оцена во извештајот од Европската комисија.

Европската комисија го пишува извештајот за напредокот на земјава во кој судските реформи и се' уште некомплетираниот Судски совет ќе бидат еден од елементите според кои ќе биде оценувана нашата земја. Меѓутоа, вчерашните настани не даваат знаци на оптимизам за вкупната политичка стабилност и амбиентот што владее во земјава.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Не ми е јасно што сака сега Груевски. Ем се откажа Бранко од ингеренциите, ем пак нешто не му чини. Ако според правилата се одржува средба во претседателскиот кабинет, не знам што толку Груевски прави проблем од тоа!?!?!?!! И тоа што не се изјаснил за откажувањето на Бранко од ингеренциите....

И? Кој ги кочи реформите? Опозицијата или тој што не сака да попушти ни за местото на одржување на средбата, а камоли за нешто друго??????
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Една народна вика: Попаметниот попушта.
Ама очигледно ниеден од овие двајца не е попаметен.
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Една народна вика: Попаметниот попушта.
Ама очигледно ниеден од овие двајца не е попаметен.
Не дека сакам да застанувам во одбрана на Бранко Црвенковски (човекот има илјада грешки направено досега), но што е ова ако не ’попуштање’ од негова страна?
Предлозите на Црвенковски до Груевски се четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ , ДУИ и ДПА самите да се договорат за петтемина кандидати за државниот Судски совет, а Црвенковски, за да се заврши работата, нема да инсистира на негови предлози на кои има право согласно со неговата надлежност. Исто така, Црвенковски рече дека за деблокирање на испраќањето амбасадори ќе се откаже од пазарот со премиерот што досега ја кочеше постапката и ќе ги прифати сите десетмина кандидати што ќе ги одбере Груевски од листата на професионални кадри со кои располага Министерството за надворешни работи.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Една народна вика: Попаметниот попушта.
Ама очигледно ниеден од овие двајца не е попаметен.
Па Бранко не 'попушти' со тоа што се откажа од ингеренциите во врска со тоа прашање?!??!! Што повеќе треба?

Груевски е тој што не се изјаснува за ситуацијава и што ја кочи средбата. Ако мисли да мачка очи со тоа што (ДУРИ) пола саат порано го викнал на средба, нема да успее.
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Како и да е, судбината на Судскиот Совет и на 10-те испразнети амбасади во светот, сега е во рацете на Груевски... Доколку продолжи Груевски со својот инает во врска со овие прашања, јас дефинитивно му удирам ’црта’...
А искрено, очекувам и од неговите симпатизери да бидат објективни и да ја осудат неговата самобендисаност во овој случај!
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Па Бранко не 'попушти' со тоа што се откажа од ингеренциите во врска со тоа прашање?!??!! Што повеќе треба?

Груевски е тој што не се изјаснува за ситуацијава и што ја кочи средбата. Ако мисли да мачка очи со тоа што (ДУРИ) пола саат порано го викнал на средба, нема да успее.
Па ако попушта нека попушта нека му ги направи сите салтанати на груевски за да се види кој е тој што запнал. Вака што одбива да отиде на средба во владата изгледа повеќе дека тактизира отколку што попушта, освен тоа не знам колку е законски и уставно дозволиво тој туку така да се откаже од обврските и ингеренциите што ги има. Правото решение е двајцата да се помират и да фатат да раскрстата две три компромиси за доброто на државата а не да си ја прафрлаат топката еден на друг.
Но ако веќе едниот се нуди нешто другиот треба да ги искористи за доброто на државата, бидејќи преку глава им е на сите од држ недај, и мојот е поголем од твојот, али ти ми правиш финит со отстапки за после да ме зафркнеш.
За конкретнава ситуација треба и груевски да го искористи тоа и да нареди амбасадори и да се договори со другиве партии за тие уште 3 души за судкиот совет, па какви сака нека биле бидејќи не се само тие тројца во советот, а црвенковски треба да отиде на поканата во владата за да се договорат за името и следниов период бидејќи ако го (со извинување) усерат, и двајцата ќе се закопаат до гуша во гомна, без разлика што едниот сега е подлабоко од другиот.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Како и да е, судбината на Судскиот Совет и на 10-те испразнети амбасади во светот, сега е во рацете на Груевски... Доколку продолжи Груевски со својот инает во врска со овие прашања, јас дефинитивно му удирам ’црта’...
А искрено, очекувам и од неговите симпатизери да бидат објективни и да ја осудат неговата самобендисаност во овој случај!
Ова не е самобендисаност - ова веќе преминува во размазеност!!! А како да не си размазен кога слушаш дека си 'најдобриот економист во Македонија', народот ти дава одврзани раце за се', се гласа на анкети 'да се остави човекот на раат' итн итн итн. :toe:

@ Bacillus gagous

Види, од тебе како симпатизер и адвокат на Груевски не очекувам да кажеш дека Бранко стварно не ги кочи во случајов реформите. :smir:
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Ова не е самобендисаност - ова веќе преминува во размазеност!!! А како да не си размазен кога слушаш дека си 'најдобриот економист во Македонија', народот ти дава одврзани раце за се', се гласа на анкети 'да се остави човекот на раат' итн итн итн. :toe:

@ Bacillus gagous

Види, од тебе како симпатизер и адвокат на Груевски не очекувам да кажеш дека Бранко стварно не ги кочи во случајов реформите. :smir:
Нит сум симпатизер нит сум адвокат на груевски, ако не примети наведов на многу пати дека ако не направи некои работи кои му се пред нос да ги искористи дека тешко ќе се зафркне, а за грешките што до сега ги направи тоа дополнително имам многу критикувано, така да прво треба проследиш подолг период кој и што пишува па после да коментираш кој е а кој не е партиски обоен.
Еве конкретно тотално е глупо да кажува дека сака да се ориентира повеќе кон економијата а политиката да ја стави во втор план, дава предлози за закони кои немаат благе везе со економија како на пример изборниот законик, кој терба полека и во групи да се разглаба прво во работни групи а не да се мачи собранието со тоа кога има поважни одлуки и закони да носи истото собрание.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Нит сум симпатизер нит сум адвокат на груевски, ако не примети наведов на многу пати дека ако не направи некои работи кои му се пред нос да ги искористи дека тешко ќе се зафркне, а за грешките што до сега ги направи тоа дополнително имам многу критикувано, така да прво треба проследиш подолг период кој и што пишува па после да коментираш кој е а кој не е партиски обоен.
Заклучокот го донесов поради последниве реплики кајшто по секоја цена нешто реплицираш и го правдаш премиерот, и тоа за работи за кои објективен човек не реагира како тебе. А да ти ги анализирам мислењата и да барам неееекаде и неееекогаш (!!!) кај си го искритикувал премиерот - I don't think sooooo! :)

Ако не си му симпатизер ќе признаеш дека он ја кочи средбата со тоа што сака да се одржи БАШ во неговиот кабинет И ПОКРАЈ правилата? :)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Па во досегашните излагања директно ја немаш нападнато оваа влада и можеби затоа луѓето стекнаа мислење дека малку повеќе си наклонет и ја симпатизираш оваа влада,за разлика од предходната.:)
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Заклучокот го донесов поради последниве реплики кајшто по секоја цена нешто реплицираш и го правдаш премиерот, и тоа за работи за кои објективен човек не реагира како тебе. А да ти ги анализирам мислењата и да барам неееекаде и неееекогаш (!!!) кај си го искритикувал премиерот - I don't think sooooo! :)

Ако не си му симпатизер ќе признаеш дека он ја кочи средбата со тоа што сака да се одржи БАШ во неговиот кабинет И ПОКРАЈ правилата? :)
А еве пример на објективен човек, Гаго.

Учи.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Па во досегашните излагања директно ја немаш нападнато оваа влада и можеби затоа луѓето стекнаа мислење дека малку повеќе си наклонет и ја симпатизираш оваа влада,за разлика од предходната.:)
АБЦ во досегашните излагања и тоа во овие што се потазе самиот знаеш дека веднаш реагирам на секој негтивен чекор, знаеш дека веднаш пишав дека таквиот начин на одбивање на амандман за намалување на ДДВ за интернет без какви и да било објаснување е тотално погрешно и два многу лош впечаток за начинот на работа на владата, и знаеш дека одма пишав дека и во најоптимистички (нереален) случај е тотално погрешно да се продава ХЕЦ Тиквеш, така да нападната е владата многу пати за многу работи, само кој чита и кој памти.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
А еве пример на објективен човек, Гаго.

Учи.
Ако мислеше на мене, да - пошо ако и ти не се сложуваш дека сега Груевски е единствениот кој не отстапува од ништо - и ти не си објективен. :vozbud:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
АБЦ во досегашните излагања и тоа во овие што се потазе самиот знаеш дека веднаш реагирам на секој негтивен чекор, знаеш дека веднаш пишав дека таквиот начин на одбивање на амандман за намалување на ДДВ за интернет без какви и да било објаснување е тотално погрешно и два многу лош впечаток за начинот на работа на владата, и знаеш дека одма пишав дека и во најоптимистички (нереален) случај е тотално погрешно да се продава ХЕЦ Тиквеш, така да нападната е владата многу пати за многу работи, само кој чита и кој памти.
Па тоа се тотално индиректни напади,напишани во стилот:-aбе одлични се само не мораше ова да им се случи во последните секунди од мечот.

-А ова со чаталењето кој е главен,јас велам дека и двајцата се морони па треба едно 14 дена во самиц Идризово да ги пикнат па да се договорат за сите нејасни работи.Само ми е страв да не се спријателат па дури тогаш да ни се види "попот бивол".:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom