Македонска ватерполо репрезентација

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Гледам слаба посетеност на темава :)
Сите по тоа фудбалот и лигите некои дури не ни знаат дека имаме репрезентација ватерполо а па камоли дека ќе играме со Грција :)
Лошо...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Прва победа во Светскиот куп... И тоа над ГРЦИЈА :vozbud:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Мислам дека немаме повеќе мечеви дома...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.986
Поени од реакции
16.425
Ватерполистите во Грција по второ ЕП​

Единствено лоша среќа или непредвидени околности, како повреди, може да не' спречат да се пласираме на едно од првите две места во групата, кои водат на ЕП во Загреб што се игра во август и во септември

Оптимизам владее во таборот на македонската ватерполо-репрезентација пред денешното заминување за Грција, каде што утре почнува квалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Хрватска 2010. Единствено лоша среќа или непредвидени околности, како повреди, може да не' спречат да се пласираме на едно од првите две места во групата, кои водат на ЕП во Загреб што се игра во август и во септември.

- Имаме тим од зрели, квалитетни играчи кои имаат сила да ја однесат Македонија на ЕП, вторпат во низа. Во групата има солидни репрезентации кои се далеку од наивен противник. Но, веруваме во нашите сили - вели селекторот Стеван Нонковиќ.

Македонија утре игра со домаќинот Грција, в сабота со Франција, а в недела со Словенија. Според селекторот, распоредот е за нас одличен. Грција се смета за апсолутен фаворит за првото место, поради квалитетот и поради тоа што игра дома. Македонија со останатите две селекции ќе се бори за второто место, кое води во Хрватска.

Денеска попладне нашата репрезентација ќе пристигне во Волос, каде што ќе се игра турнирот. Вечерва нашиот тим ќе има тренинг, а ќе одржи тренинг и утре наутро, уочи мечот со Грција.

- Двата тренинга ни се многу потребни пред турнирот. Се игра на отворен базен, а битно е тимот да се навикне на овие услови - вели Нонковиќ. Играчите своите клупски мечеви ги играа во затворени базени, а се подготвуваат три дена во Скопје, на „Олимпискиот базен“. Завчера нашиот тим, поделен во два дела, одигра еден натпревар меѓу себе.

- Немавме вистински контролки пред турнирот, но тоа не е голем проблем. Играчите се познаваат меѓу себе, зашто сезонава играат заедно во Светската лига, а до последниот момент имаа и клупски натпревари - вели Нонковиќ. Селекторот завчера го објави потесниот список на репрезентацијата со 15 играчи.

- Сите играчи на кои сметав се тука, тимот изгледа одлично. Ватерполистите се желни да играат и да ја однесат Македонија на ЕП - вели Нонковиќ.

Според него, покрај нашите мечеви, многу важен и интересен за нас ќе биде првиот меч на турнирот, утре, меѓу Франција и Словенија.

- Словенците имаат тим што може да изненади и никако не смееме да го сметаме за аутсајдер. Ниедна репрезентација на турниров не е аутсајдер. Тие силно ќе ја нападнат Франција и не би сакал да сум во кожата на „триколорите“ на тој прв меч. Ќе биде интересен исходот, а ќе може многу да научиме за нашите главни противници кога ќе ја гледаме - вели Нонковиќ.

Турнирот во Волос се смета за врв на сезоната за македонскиот тим. Македонија сака да го задржи континуитетот настапи на големи натпревари. На ЕП во Малага во 2008 година бевме на 8. место, а на Светското првенство во Рим во 2009 година се пласиравме на 13. место. пласиравме на 13. место.

Составот спој на искуство и младост

На квалификацискиот турнир во Волос, од 15 пријавени ватерполисти, петмина се од Работнички, а другите се интернационалци.

Голмани: Перчиниќ (Јадран Херцег Нови), Јаневски (Работнички). Бекови: Петровиќ, капитен (ВК Ниш), Димовски (Работнички), А. Белев (Работнички). Центри: Бениќ (Штурм 2002), Делаш (Лацио), Милановиќ (Работнички). Надворешни: Кречковиќ (Работнички), Бркиќ (Шибеник), Крстоношиќ (Рома), Босанчиќ (ВК Ниш), Рачуница (Шибеник), Латковиќ (Ниш), Вуксановиќ (Патра).​

дневник.ком.мк


Очекувам две победи и тоа против Франција и Словенија, а зошто да не и против домаќинот Грција, али реално гледано на работите Франција и Словенија би требало да ги совладаме и со самото тоа да се пласираме на ЕП во Хрватска(Август 29)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ватерполистите против Грција на стартот од ЕП квалификациите

Македонската ватерполо репрезентација вечерва со почеток од 19 часот по македонско време против Грција го игра првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство што во август и во септември ќе се одржи во Хрватска.
Репрезентативците на Македонија од синоќа се во Волос, каде ќе се играат натпреварите и веќе имаа можност да се запознаат со условите во базенот во кој ќе играат.
Селекторот Стеван Нонковиќ одржа и релаксирачки тренинг, а во составот ќе недостасува Небојша Милиќ кој поради обврските кон својот клуб Приморац (ќе настапи на фајнл - фор во Лигата на шампионите) нема да настапи на овие квалификации.
На отворањето на квалификационата група денеска ќе играат Словенија и Франција, селекции против кои Македонија ќе играме во следните два дена, утре со Франција, а в недела противник е Словенија.
Почетокот на овие два натпревара е во 17 часот.
Пласман на ЕП ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.
Покрај натпреварите во Волос се играат уште две групи: Шпанија, Малта, Словачка и Турција (домаќин) играат во Истанбул, а Русија, Велика Британија, Холандија и Романија (домаќин) играат во Орадеа.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.986
Поени од реакции
16.425
Ќе има снимки од натпреварите на сител3, и тоа наредниот ден, кога ќе го знаеме веќе резултатот :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
И знае ли некој како заврши мечот?

Сега најдов, сме изгубиле со 11:5 :toe: Не решиле уште во прва четвртина...
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Nеофицијално Македонија ја совлада Франција со 9:8
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Македонските ватерполисти ја победија Франција


Македонската ватерполо репрезентација триумфираше над селекцијата на Франција со 9-8 и се врати на вистинскиот пат кон едно од првите две места на турнирот во грчки Волос, квалификациски за пласман на Европското првенство што налето ќе се одржи во Загреб.
По вчерашниот убедлив пораз од Грција, нашите ватерполисти имаа победнички императив против Французите, кои ја совладаа Словенија со шест гола разлика.
Сепак, попладнево во Волос не подлегнаа на психолошкиот притисок и славеа во возбудлив меч со голот на Вуксановиќ во последната секунда, и покрај тоа што во финишот, според информациите, им биле исклучени селекторот Нонковиќ и неговиот помошник.
Половина од работата е веќе завршена, преостанува уште полесниот дел, утре со Словенија, која е апсолутен аутсајдер во средба што е во тек во овие моменти.
Во случај на два пораза, што е многу веројатно, Словенците без никакви шанси ќе влезат во соочувањето со нашата селекција.
Во принцип, две победи би требало да и бидат доволни на Македонија за да го освои второто место што ќе води на Еврошампионатот, со тоа што, не смее да се потцени можноста за евентуални заткулисни игри од Грците.
Против Франција во завршното коло ќе играат последни, па би можеле и да калкулираат- евентуално подносливо да загубат од Французите, па во таквиот круг од три репрезентации со ист биланс од по две победи и пораз, при што секоја ќе има победа и пораз во меѓусебните дуели, Македонија во најлош случај да биде математички најслаба, со најлоша гол-разлика, најмногу поради вчерашниот убедлив пораз.
Но, проценките во македонскиот табор во Волос се дека таму воопшто амбиентот не е таков што би можело да се претпостави оти домаќинот би си дозволил да си поигрува со своето реноме.

Браво! Секоја чест да победиш една велесила како Франција!!!

Денес со Словенија од 18:00 мислам дека победата нема да биде доведена во прашање!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom