Охрид

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
За жал така е.Но не се криви Охриѓани за скапите аранжмани,туку менаџерите и политиката за туризам.Мислам дека давачките за хотелиерите треба да се намалат со цел да се спуштат цените,бидејќи годинава не е баш розова за македонскиот туризам.
Навистина надвор од границиве е многу поефтино,за разлика во Охрид.Кризата секаде намали цени,но кај нас нема економска логика во ништо и затоа е вака.
Се согласувам и со тебе, нека се намалат и давачките , нека се поработи малку повеќе на водењето „туристичка политика“. Нека побараат стручна помош , оти сами ми се чини не се способни или би рекол - сами не СМЕ способни за ништо.

Ама тогаш пак,ми се наметнува прашањето. Хотелите имаат високи давачки , дрн дрн јарина ... а приватните кои издаваат кревети и соби во сопствените куќи , какви ОГРОМНИ давачки имаат ?
Пример:
Кревет е 10 евра (ништо посебно сместување, плус тоалет т.е. бања за цел комшилук) значи за 10 дена 100 евра само за сметувањето.
А во Турција пак, имаш десет дневен аранжман „ал инклузив“ и платен превоз со автобус во хотел со 3 свездички за 200 евра. Разликата е :tapp:
Не ни фали малку во тоа главите , многу е ! :kesa:
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Секој кој има стан во Охрид е должен да плаќа сметки за комунално,вода,струја и сл.Нема врска дали бил не-охриѓанец кој иде само во летен период.Па баш во тој период се прави најмногу ѓубре.
Точно, но јас немам стан во Охрид, само изнајмувам, а во таа цена ми се вклучени и струја и вода и ѓубретарина. Се сложувам дека тогаш се прави највеќе ѓубре

Трето.Не знам кој Охриѓани издаваат станови во Скопје за туристи.Колку што знам јас во Скопје немат туристи(бар не во таа смисла како во Охрид за одмор).Студенти од цела Македонија не спаѓаат во туристи за твоја информација.
Ама и студентите кога ќе дојдат во Скопје не се пријавуваат во полиција, нели?

Четврто.За љубезноста.Тие сваќања дека Охриѓани ги мразеле Скопјани се од некои други времиња бато.Денес е сосем различно.Ама ти изгледа од шетање по Бугарија,Грција и следново лето Шпанија не си бил Охрид да видиш како стојат сега работите.Не е идеално,ама не е ни како во тие минати времиња.
Грешиш пријател, секое лето покрај шетањата идам и во Охрид, ради друштвото, и сум видел многу работи. Да имало и фер луѓе, не викам не, али има и скотови.

Дури и во Париз на Елисејските полиња поевтин смештај се најдува од Охрид.
Грешка си, јас резервирав хотел на улица која се пресекува со таа елиcејската, за 5 дена за четворица, без доручек фати 2110 евра. И линкот ти е за Рим, и за хостел, а не хотел.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Е убаво и ова што си го спомнал. Паметно би било да се направи и компарација на нашите хотели (конкретно во Охрид да речеме) и хотелите односно хостелите од други земји. Да видиме кој ги има заслужените свездички и дали се даваат по исти критериуми. :toe:
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Грешка си, јас резервирав хотел на улица која се пресекува со таа елиcејската, за 5 дена за четворица, без доручек фати 2110 евра. И линкот ти е за Рим, и за хостел, а не хотел.
Грешка е да линкот еве од Париз инаку линкот беше од хотел намерно ги селектирав само хотели за да не дојде до забуна со цената на хостели инаку хостелите се подобри од нашите хотели :).

Како и да е илузорно е да се споредува Париз со Охрид мислам за новогодишна вечер, односно она што го нуди како целокупен аранжман.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Не се криви само хотелиерите од Охрид за цените.Така ни е поставен туризмот.Јули/август и за празници.Епа не им се исплаќа на хотелиерите поевтино да даваат пошто нема доволен број на туристи во текот на цела година.
Споредби со Куала Лумпур,Париз,Рим и сл.развиени туристички градови е глупо да се прави.Па во тие градови има туристи во текот на цела год.не само во јули/август и за празници.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ама тогаш пак,ми се наметнува прашањето. Хотелите имаат високи давачки , дрн дрн јарина ... а приватните кои издаваат кревети и соби во сопствените куќи , какви ОГРОМНИ давачки имаат ?
Пример:
Кревет е 10 евра (ништо посебно сместување, плус тоалет т.е. бања за цел комшилук) значи за 10 дена 100 евра само за сметувањето.
А во Турција пак, имаш десет дневен аранжман „ал инклузив“ и платен превоз со автобус во хотел со 3 свездички за 200 евра. Разликата е :tapp:
Не ни фали малку во тоа главите , многу е ! :kesa:
Јас сум убедена дека цените на приватниот смештај годинава ќе паднат надоле.Неможе да се држи цена кога бројот на туристите е помал и со гаранција ќе биде помал после отварањето на границите.Сите сакаат да сменат нешто,не дека Охрид е нешто лош да не ме сфати некој погрешно.
Сега единствена можност кога ќе ја планираат сезоната е да ги продадат своите легла на туристички агенции од соседството и да имаат туристи цело лето,како што и прават изминативе 2-3 години во стариот дел на Охрид.Останатите легла верувам дека треба да паднат до 250-300 денари од ден,за да можат нашиот народ да направи математика некоја.Но математиката вика дека тој што има ќе плати и 10 евра за кревет,а оној што нема ќе седи дома на жештината.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Јас би платил и 15 , под услов да добијам тоа што треба за платената цена.
Меѓутоа доколку направиш компарација , како онаа погоре, што добиваш за истите пари на други места, тогаш ќе сватиме дека нешто овде не штима.
Ова излегува како „ сакаш да одиш во Охрид на одмор а ??? Е сега ќе видиш ти како се оди таму на одмор “ :icon_evil
Една година се излажав отидов на одмор во Суто Море во Црна Гора, приватно сместување , преку пријатели , 5 евра од кревет. Кога видов што стандард (катастрофа) се нуди таму :ija: а сепак пола цена од онаа нашата во ОХ. Тоа ми беше прв и последен одмор таму!
И сега мразам кога одморот од Охрид ме подсеќа на Суто Море.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сигурно сте имале среќа кога одите на други места од државата во приватен смештај.Јас изгледа сум малер и налетувам на исти услови какви што има и во Охрид :))
Сакам да кажам дека надвор не е розово,а Охриѓани треба да се подобрат во услугата.Вистината е некаде на пола :)
 
Член од
10 август 2008
Мислења
744
Поени од реакции
266
Moре браќа... како кажвите, ко сегде за десет денари да шиткет соби со ручек и три ужини, а само овде ве бричиме.
То Маврово е 25 богоројци една недела по хотелине, тие шо муабет прает. :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
18.255
Moре браќа... како кажвите, ко сегде за десет денари да шиткет соби со ручек и три ужини, а само овде ве бричиме.
То Маврово е 25 богоројци една недела по хотелине, тие шо муабет прает. :)
Ам то зш снег имат таму поскапо е:pos2:Баш убо беше викендов сега пред малку дојдов...и патот го чистет :pos2:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.022
Поени од реакции
12.693
Цените можеби за некого се реални, ама верувајте, кога ќе издвоиш плакање за вода, струја, туристичка такса, на крај не се ни исплаќа да издаваш соби-само нервози добиваш.
Можда во соседните држави за 10 евра ќе добијаш подобра услуга, ама рачунајте, незнам ни јас по која логика, Охрид имат најскапа вода во државава. Ти да издаваш три соби само, во трите соби по двајца, шест души, секој ден да се тушираат, десет дена, па со 10 евра не можиш крајот да го фатиш.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Јас затоа реков дека треба да се направи компарација. Да видиме што е поразлично од туристичките места (надвор од Македонија) што толку е цената ниска, а квалитетот подобар. А инаку и Маврово и Шапка и Кожув и Преспанско, секаде ти е исти курац.
Никој не ги жали 10те евра , работата е за 10 евра да добиеш тоа што би го добил и надвор со други зборови подобра услуга! :smir:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Охриѓани како се вика црквата над старото дрво кај фонтаната што е, и дали има изворче некакво во таа црква ?
Сонував нешто и мислам дека е таа црквата што ја сонував.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Охриѓани како се вика црквата над старото дрво кај фонтаната што е, и дали има изворче некакво во таа црква ?
Сонував нешто и мислам дека е таа црквата што ја сонував.
Црквата се викат Света Богородица, народски позната како Каменско. И да, имат изворче, фонтанче, шо и да е. :)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Црквата се викат Света Богородица, народски позната како Каменско. И да, имат изворче, фонтанче, шо и да е. :)
Фала на одговорот, после нова година морам да идам таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom