Помош, софтверски проблеми и совети - III дел

Статус
Затворена за нови мислења.

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
сега па не сака да мрдне од 4:nesum::nesum:
Со што симнуваш?

Пробај го µTorrent.

Јас имам кабловски интернет па со µTorrent на неограничен upload, симнува со 20-30 Kb/s. Не дека е многу ама и тоа е брзината на нетот.
 
^MooN_RideR^

Blue in HearT
Член од
20 април 2006
Мислења
853
Поени од реакции
48
Со што симнуваш?

Пробај го µTorrent.

Јас имам кабловски интернет па со µTorrent на неограничен upload, симнува со 20-30 Kb/s. Не дека е многу ама и тоа е брзината на нетот.
мојот е некој си Swapper.

P.S фала го слегнав тој со него слегнувам 15KB/s пак не е како обично барем не е 3/4
 
Kajk

- нема лабаво -
Член од
10 март 2006
Мислења
512
Поени од реакции
1
ПОМОШ! неможам да си го отворам меилот на hotmail и да се конектирам на msn... после неможам да пратам меил од било кој друг меил... search полиња не работат на повеќето сајтови...скенирав со све и свашта и нишо не ми дава и нејќе да се поправи. незнам што да праам ќе полудам. ве молам некој совет и помош:lut::(:cry:.........
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
мојот е некој си Swapper.

P.S фала го слегнав тој со него слегнувам 15KB/s пак не е како обично барем не е 3/4

Толку е просечно.
Зависи и seeds колку има и колкава ти е брзината на нетот.
 
aneta:)

animal lover
Член од
3 јули 2007
Мислења
449
Поени од реакции
13
Како да го уклучам компјутерот ама без ова?
 
Attachments

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Ке најдеш подобар крак за виндовсот. Барај на гугл OEM Emulation crack for XP.
 
^MooN_RideR^

Blue in HearT
Член од
20 април 2006
Мислења
853
Поени од реакции
48
Можеби не е тука местото но јас да си пробам среката :-D
Знае ли некој како да го исклучам тоа што титка и ги блокира копчињата кога играм фифа најчесто кога претискам повеке од 4 копчинња како на пр на косо да одам за трчам брзо и за да претиснам четврто копче да предадам или шутирам ми титка и не фајкат копчињата.
 
P

Princ

Гостин
Како да го уклучам компјутерот ама без ова?
1. Start па Run.
пиши system32 и кликни ОК.
2. Влези во system32 фолдерот.
Оди Tools -> Folder Options -> кликни на View. Во новото прозорче дештиклирај го "Hide extensions for known file types" и кликни ОК.
3. Најди го "WgaLogon.dll" и смени му го името во "WgaLogon.dll.bak"
4. Десен клик во фолдерот system32, New -> Text document.
Дај му име WgaLogon.dll и стисни ентер. Ако добиеш некакво предупредување (какво? прочитај си) стисни Yes.
5. Рестартирај.

Напомена: Оваа постапка само ќе направи да не ти досаѓа инфото дека windowsot не ти е лиценциран.
 
Ова ми помогна во тоа да го снема и фала многу.
 
P

Princ

Гостин
Можеби не е тука местото но јас да си пробам среката :-D
Знае ли некој како да го исклучам тоа што титка и ги блокира копчињата кога играм фифа најчесто кога претискам повеке од 4 копчинња како на пр на косо да одам за трчам брзо и за да претиснам четврто копче да предадам или шутирам ми титка и не фајкат копчињата.
Стисни 5 пати по ред брзо на SHIFT. Ќе ти се отвори стики кејс прозорот. Кликни на Settings. Тука дештиклирај ги сите три опции. На првата опција кликни нешто Setting мислам имаше, и сите исклучи ги. ОК кликни и готово е, нема повеќе досада.

П.С.: Уште немам најдено начин како да ги вратам Sticky Keys :pos: (што правам значи за вас, си го расипав компјутерот тестирајќи решенија на проблеми :))
 
aneta:)

animal lover
Член од
3 јули 2007
Мислења
449
Поени од реакции
13
А иначе имам уште еден проблем, што незнам како да го решам.
 
Attachments

aneta:)

animal lover
Член од
3 јули 2007
Мислења
449
Поени од реакции
13
И ти кутрата со маки си родена :)
Ако кликнеш на YES што се дешава? Те носи на сајт за да ти го "исчисти" компјутерот?
Богами со големи маки сум се родила, јас незнам шо ќе беше ова, али толку проблеми си имам со компјутеров тоа е чудо.
Иначе ако стиснам јес ми го дава ова.
 
Attachments

P

Princ

Гостин
Богами со големи маки сум се родила, јас незнам шо ќе беше ова, али толку проблеми си имам со компјутеров тоа е чудо.
Иначе ако стиснам јес ми го дава ова.
Напомена: Прочитај го упатствово 3 пати по ред. Ако се ти е јасно, следи го. Ако имаш макар ронка сомнеж, остави го подобро компјутерот вака. Можеш многу поголема штета да направиш ако не знаеш што правиш. Ова упатство е за поискусни корисници на Windows оперативниот систем.

1. Симни го програмов и зачувај го на десктоп
http://siri.urz.free.fr/Fix/SmitfraudFix.exe

2. Двоен клик на SmitfraudFix.exe
3. Одбери 1 и стисни ентер. Ова ќе направи листа од сите инфицирани фајлови и ќе ја зачува во C: под име rapport.txt
4. Рестартирај го компјутерот. Кога ќе почне повторно да се стартира, кликај по неколку пати на F8. Треба да ти се појави мени. Одбери Safe Mode и пушти го да се стартира во тој мод.
5. Штом се стартира, треба да си на твојот десктоп, во Safe Mode. Кликни два пати пак на програмот што го симна прееска и сега одбери 2 и ентер. Сега ќе почне да ги брише инфицираните фајлови.
6. Ќе бидеш прашана дали сакаш да го исчисти и регистрито. Кликни Y. Ова ќе направи да ти се избрише позадината и секаде кадешто е детектиран тројанецот во регистрито.
7. Алатката сега ќе провери дали фајлот wininet.dll е инфициран. Ако е, ќе бидеш прашана да го поклопи со друг, неифнициран. Кликни Y ако дојдеш до ова предупредување.
8. Рестартирај и кажи резултат.

Едит: Ти го избришав претходното мислење, не ми се дига на спајвер :)
 
aneta:)

animal lover
Член од
3 јули 2007
Мислења
449
Поени од реакции
13
Супер е сега, фала фала најмногу на свет. Премногу ми помогна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom