Како да проверам колкава е максималната брзина на процесорот?
(Maximum CPU Speed)
Имам Пентиум 4, мислам дека 1,8 Ghz е процесорот но не сум 100% сигурен. При едно стартирање, ми се отвори BIOS менито каде што брзината демек поради безбедносни причини од предходното неуспешно стартирање на компјутерот ми се намести на 1,1 Ghz (демек да било во safe mode, и сега е спор како трактор).
А во опциите таму имаше можност да се намести на
1,1
1,4
1,8
2,2
Страв ми е да не рикнам нешто инаку мислам дека брзината ми е 1,8.
Па затоа ве молам, ако знаете да дадете совет, како да проверам колкава ми е максималната брзина на процесорот?
Фала однапред.