Во право се некои кога велат дека на човек никогаш не му е доста. Имаше плати редовни, со нив можеш да си дозволиш се потребно за среден финансиски живот, здравство ти е платено, имаш мир во државата и добра безбедност. Немаш потреба од кредити и големи сметки кои треба да вадиш кредит за да ги платиш, се можеше да си дозволиш. Во Југославија беше така. Кога се ти е добро имаш ли потреба да создаваш партија со нова идеологија? Администрацијата на Тито го водела тој систем бидејќи виделе дека тој систем добро функционира и народот добро живее. Е сега голема работа ако немало Кока Кола или Милка.
Спомнуваш дека западот бил многу по модерен од Југославија. Можеби имало производи од цел свет, но Франција, Германија или Шпанија и Португалија беа како денешна Македонија, сиромашни, бидејќи таков е раниот капитализам. Затоа ние денес сме сиромашни како и сите поранешни југословенски држави, бидејќи кај сите тие држави капитализамот е во развиток и сеуште не поминал во пракса.
Сталин, се читаш ли што пишуваш????
Германија, Шпанија, за Франција да не ни спомнувам, беа економски ГИГАНТИ во однос на СФРЈ, така да муабетот ти е во најмала рака смешен.
Кога тие го поминале раниот капитализам, просторите на СФРЈ беа уште во феудализам.
Системот неможеше да опстане никако.
Имаш пазар, но во планска економија...каде е тука понудата и побарувачката во услови на планско производство?
Имаш култ на личност, и што кога ќе умре диктаторот? Во овој случај Тито? Распад...
Што е тоа се што во СФРЈ можеше да си дозволиш? Ништо...и тогаш за една кола треба да штедиш 5-6 години...ама кредити...и затоа се отиде бестрага 1991 (банкарскиот систем).
„Црвената буржоазија“ национализираше и од планините се преселија во куќите градени со труд, кои без пари станаа нивни и изиграваа демек борци.:pos2:заслужни граѓани. Смешки...
И да...има потреба од искоренување на злото наречено самоуправен социјализам од главите на некои кај кои уште веруваат дека било добро, а не живееле ни минута во тоа време и има потреба од повеќе партии заради избор, за да нема диктатура.
И...капитализмот си постои оддамна и си функционира...социјализмот излезе дека е обична глупост на баграта слезена од планините желна за леб без мотика.