Дали се живееше подобро пред осамостојувањето?

Кога се живееше подобро?

  • Вкупно гласачи
    92

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Баба и дедо така велеја, ама не ми е жал што го имам тој период пропуштено, т.е што се имам родено во независна самостојна Македонија.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Тито колку што има изградено во Македонија....нашиве комуњари за 17 години не успејаа да го окречат тоа!!!

Инаку фала богу што имаме можност после толку века да живееме во слободна и самостојна држава!

Е сега реално гледано комунизмот на Маркс,со комунизмот што беше спроведен во социјалистичките земји кои се стремеа кон идеален комунизам....е различен за милион светлосни години од тој на чичко Маркс!

Објективно гледано...Југославија во периодот од 1955-1980 била меѓу најразвиените држави во Европа....така да не е за потценување тоа што сме искористиле барем да добиеме залак од индустриски капацитети,фабрики и сл....

И нормално...после 1991 ти остануваат капитални објекти,фабрики и сл... и се појавуваат квази-комуњари и ги продаваат тие објекти за по 10.000 марки....

И како сакате после да биде правите споредба меѓу овие два периоди ако сте при здрав разум и знаете дека најголеми предавници на Македонија се квази-комуњарите!:nesum:
 
Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Во денешно време ќе слушнете секакви коментари за Југославија и Тито. Добри лоши зависи за кого како. Но, ќе кажам, ова денес што го имаме, а тоа е независна Македонија во споредба со Југославија е ништо, не ни може да се споредува бидејќи тоа беше држава, ова денес не е ништо. Можеби денес има некои по модерни работи, проекти, демократија ова она, но тоа е само убава фасада на сиромашно општество кое не се знае како ќе го помине утрешниот ден, од економски од воен и од секаков поглед. Не само државата, народот е таков. Се живее од кредити, нема граѓанин што нема кредит во банка и што му стигнуваат секој ден пликови за да си ги подмири долговите. Скапа е храната, скапи се сметките. Македонија нема свое електро стопанство, ја нема телефонијата, се е приватно, а тоа стратешки не е добро за Македонија. За здравството да не збориме, не смееш да се разболиш бидејќи немаш пари да купиш апчиња, а не дај боже по тешка операција. Денес гледаме многу луѓе кои бараат донации за нивните деца кои треба да се оперираат во Бугарија, Холандија Франција, САД или било каде, молат за пари, ако треба и на колена ќе клекнат само да си го спасат детето, во Југославија тоа го немаше. Здравството беше бесплатно, целиот трошок го покрива таа, бесплатно беше да отидеш на заболекар, а не па операција од срце или трансплантација некаква. Со обична плата ти имаш и да купеш за јадење и плус да штедиш за да купиш автомобил или да изградиш куќа. Овие куќи големите кои ги гледате сите се изградени во Југославија од луѓе кои биле обични работници во фабрики, а денес градат куќи само бизнисмените, кои се бројат на прсти и парите ги добиле на нелегален начин. Денес имаме дрога во државата колку сакаш, дилери и.т.н. во Југославија трошка не смееше да влезе, а не па да умре некој од предозирање. Бензинот за автомобилите беше 7 денари од 4 литри и можеш да возеш секаде, граници за Југославија не постоеја, само пасош требаше, можеш цела Европа да шеташ и бензин да имаш со максимум во резервоар. Безбедноста, односно војската и полицијата беа на врвно ниво, СССР се плашеше да ја нападне Југославија, еден моќен Сталин се плашеше од Тито. Грција и Бугарија беа ништо за нас, кога ќе отидеш кај нив да прошеташ молеа да влезеш во нивните капиталистички модерни продавници. Од Бугарија идеа проститутки повеќе од половина ги затвораа во затвор овде бидејќи не беше дозволена проституцијата. Доваѓаа од Бургас од Софија да продават на југословенските пазари. Југославија имаше мандат во советот за безбедност во светот, каде сега се Франција, Кина, Русија и САД, е тогаш верувале или не беше и Југославија со нашата мала Македонија, кој денес не ја сметаат за држава. Голи Оток кој сите го вреѓаа беше затвор кои лежеа сите луѓе кои се против политиката на Тито и кои не го признаваа македонскиот народ, јазик и идентитет, не само на Македонија туку на сите држави во Југославија. А, денес на улица некој може да ти каже дека не си македонец и ништо не му можат, ќе се шета на улица како и сите и ќе те негира дека постоиш како македонец. Југославија имаше добри соседски односи и со двата политички блокови, и рускиот и американскиот. Бевме членка и основач на државите на неврзаните, кои беа и Индија и Египет. Бевме контролори преку тој сојуз и на Африка и на Азија, без СССР. Затоа и ја уништија, бидејќи беше европска сила, од како почина Тито ја искористија слабоста и ја уништија со сите можни опции и СССР и САД и секој можен. Балканот беше наш, а сега сите сакаат да не уништат и не плукаат како ќе стигнат, не уценуваат, а ние мислиме дека не подржуваат, а тие ја користат Македонија. Грција денес прави што сака со нас, а тогаш не смееше да писне. Но, тоа е минато, треба да гледаме да ја подобриме иднината каква што ја одбравме.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Во минатата држава факт е дека имаше поголема социјална сигурност заштита на работникот и неговите права.И во независна Македонија можеби ке беше така да не беа на власт таа аморфна маса наречена СДСМ.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
Без намера за омаловажување на тогашниот период, а и сегашниот да прашам некој ако има линк или некое пишано сознание за можното зачленување на СФРЈ во ЕУ. Оти пречесто се споменуваше во блиското минато, но до денеска не сум сигурен во вистинитоста на таа вест, дали била реална или само лиферувана низ народот. Па ако некој има повеќе инфо, линк нешто такво...
 
Во Југославија никогаш не се размислуваше за влез во ЕУ бидејќи таа имаше социјалистичко, а ЕУ капиталистичко општество со силно влијание од страна на владата на САД. Но, во економски и воен поглед ги исполнуваше критериумите да влезе во ЕУ, но сепак Југославија беше во унијата на неврзаните и не спаѓаше во ниеден политички блок.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346

Линк ме мрзи да барам...
Но, скоро беше, некаде читав, дека во 1989-90 кога Анте Марковиќ стана премиер, имал разговори со лица на високи позиции во ЕУ (тогаш ЕЗ) и, наводно, тие луѓе сметале дека постојат реални шанси Југославија да стане брзо членка на ЕУ, но со стопански реформи (приватизација) како и со овозможување на граѓански слободи и права, т.е. демократизација на општеството.
Во таков случај, Југославија, се претпоставувало дека би била полноправна членка на ЕУ околу средината, евентуално крајот на '90-тите.
 
J

Johnny Stulic

Stalin mislam deka gresis poslednite godini pred raspadot mislam deka imalo takvi insuinacii za vlez na YU vo EU iako ne mozam da ti verifikuvam so nekoj fakti,znaci jas licno se sekavam koga Toto Kutinjo pobedi na Evrovizija so Insieme se pocustvuva nekoja takva euforija i si pravese narodot nekoj svoj matematiki dali YU bi mozela da se prikluci vo taa zaednica sto ja predvestuvase Toto.

Lurtz,ABC,Concrete(Drkuli) I need yours support
 
Значи сепак имало. Ок, тогаш навистина беше една добра година во СФРЈ во економски смисол (од последните деценијаипол пред 1990)... па и политички.

Не знам за ова Џони, али еве Струмикс спомна.

А за тоа дека беше јака година се виде и по самите граѓани, како живееја. Се дозволи увоз на се и сешто (банани, чоколади -не е за смеење оти порано беше мисловна именка да се најде право чоколадо, а од овој аспект е чудно), техника, прехрана, го сопре падот на динарот, го качи неговиот рејтинг како и нашиот меѓународен углед. Се зголеми и стандардот на работниците па се сеќавам дека земавме по 1000-1500 марки за работа во фабрика (работев на лента-пакерица). Сеуште се патуваше со пасошот низ европа по желба. Навистина беше еден вид економско чудо, можда не за економистите, но за нас обичните граѓани...после смртта (па некоја година и пред тоа, кога више не можеше да се надаме на него) на Тито се испуштија конци и полека почна да снемува основни продукти -масло за јадење, бензин, млеко, па и кафе, шеќер... па удри една огромна инфлација (по тоа бевме заедно со неколку јужноамерикански држави рекордери), беше како воено време. Црна берза, кон крајот кога почна ценење на марката идев у чаршија да мењам у тоа темните улички. Човек да не доживее таква криза (особено после релативно сталожен и мирен живот пред 1977-1978).

Значи имаше извесен добар период во сфрј, воглавно тивко, но после, 80-тите стана доста тешко. После 1985-1986 мислам беше, не се сеќавам точно. Сеуште беше безбедно, мирно, но економски нагло паднавме -генерално земено.
 
Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Stalin mislam deka gresis poslednite godini pred raspadot mislam deka imalo takvi insuinacii za vlez na YU vo EU iako ne mozam da ti verifikuvam so nekoj fakti,znaci jas licno se sekavam koga Toto Kutinjo pobedi na Evrovizija so Insieme se pocustvuva nekoja takva euforija i si pravese narodot nekoj svoj matematiki dali YU bi mozela da se prikluci vo taa zaednica sto ja predvestuvase Toto.

Lurtz,ABC,Concrete(Drkuli) I need yours support
Види, ЕУ и прати понуда на Југославија, односно покана, но Тито одби, а после неговата смрт можеби имало муабети низ народот, но од владата немаше интерес. Само линк не знам да ти најдам за да се увериш самиот.
 
Stalin se gleda deka si star i senilen :)Tito umre 80-ta ,za nekakva zaednica se razgovarase okolu 87-88 ,uste berlinskiot zid ne bese urnat Tito koga bese ziv.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Јас не се лутам само си кажав мое мислење.
Само стварно ми е преку глава од вакви муабети, тогаш беше така-сега е вака а вака не чини.
Што е тука е Југославија е изигран натпревар, испеана песна, сега сме овде и треба да напраеме да ни биде поубоо ако не чини.
Се сложувам само нее лошо некогаш да се помуабети и за тоа.Сепак е дел од нашата историја.А по историјата не се плука нели.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
na ova prasanje i stranskite drzavjani ke odgovorat so DA :)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Значи сепак имало. Ок, тогаш навистина беше една добра година во СФРЈ во економски смисол (од последните деценијаипол пред 1990)... па и политички.
Југославија беше сосема поразлична држава, и како општествено уредување, но и економски, од остатокот на т.н. социјалистички држави.
Кокетираше и со исток, и со запад :)
Постоеше слободен пазар, а не фиксни цени (сетете се на стоката од тогашен СССР или Бугарија со гравирана цена), но економијата во се друго беше планска. Ова само како пример, на нешто само по себе, контрадикторно.
Југославија беше отворена држава.
Сепак, во тие години, повеќе се гледаше кон запад, отколку кон исток.
Во 1989 комунизмот умре со падот на Берлинскиот зид.
Самата трансформација од еден во друг систем (демократски) СФРЈ сметам дека лесно би ја изработила.
Така да...логично беше влез на Југославија во ЕУ. И, сигурен сум дека постоеле разговори...
Кога почна распадот некаде 1991, во неговото предвечерие, се сеќавам, како дете, Нова Македонија објавуваше во викенд бројот еден дел од весникот, како збир од новински натписи од тогашниот југословенски, и светски печат.
Беше спомнат некој интересен предлог за Југославија како конфедерација од шест републики, во некој германски весник, со заедничка одбрана, валута, надворешна политика и сл....
Знамето (стоеше скица) тробојката но со 6 ѕвезди, наредени како оние на знамето на ЕУ, во круг, и со жолта боја.
Сепак, вештачката основа на која беше создадена СФРЈ не издржа...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom