Резултати СЕГА?

Со СДСМ немаше ама баш ништо добро.
 
Не зборам лично за мене.Мене ок ми и вака и така,но зборувам општо за целата ситуација во државата за напредок и сл.Како и да е не се работи само за гледање вести и прераскажување.
 
Да се работеше вака пред 16 г. сега ќе бевме приближно со Словенија.Па само "војводата" љуПче колку пари украде :nesvest: ...
 
А какви треба да бидат вестите??Прво секаде во светот вестите се релаксирачки,а кај нас сите останати освен сител и од ситници прават трагика,не му ја покажуваат на народот вистинската слика туку се против се што ќе направи Владата.

Нормално дека вестите треба да бидат релаксирачки, ама ова е претерување, епа незнам во која држава во светот има попозитивни вести од овие на Сител. Не личи како за вести. Анкетите на граѓаните ги монтираат феноменално - само оние кои се екстремно задоволни од животот, се е супер, радост на сите страни. Се надевам дека навистина е така. Па нека дадат и по некој проблем, знаеме дека има...

Патем, да не отварам нова тема, дали слушнавте дека на Србија ќе и ги укинувале визите или така нешто, на бела Шенген листа ќе ја ставале. Знае некој нешто околу тоа, бидејќи не разбрав добро?
 
Патем, да не отварам нова тема, дали слушнавте дека на Србија ќе и ги укинувале визите или така нешто, на бела Шенген листа ќе ја ставале. Знае некој нешто околу тоа, бидејќи не разбрав добро?
Ете и Србите отидоа пред нас , само ние тапкаме во место . . .
Како прво Србија во поглед на Евроатланските интеграции е далеку зад нас , земја која допрва ќе се намалува , земја која нема потпишано договор за стабилизација и асоцијација(нешто што ние го направивме одамна) .
Е сега тука има друга страна на медалот , можеби оваа е коска која им се фрла на Србите за да полесно ја проголтаат евидентната загуба на Косово...
Ама ај да не забегуваме од темата, продолжете со плукање:nesum:
 
posle sekoja izvrsena rabota se gleda rezultatot:smir: poleka i bez brzanje :)toa sto nekoj kontinuirano unistuval nemozat ni iljadnici dago opravat:))
 
posle sekoja izvrsena rabota se gleda rezultatot:smir: poleka i bez brzanje :)toa sto nekoj kontinuirano unistuval nemozat ni iljadnici dago opravat:))
Се сложувам со тебе, дека треба време за резултатот да се види. Но и тоа дека сега сеуште поголемиот дел од народот не осетиле уште ништо добро. Може доброто го осетиле само 10 % партиски луѓе на кој сега им е многу подобро. И сигурно има 10 % други партиски луѓе на кој сега им се полошо. На другите 80 % од народот мислам дека сеуште му е исто.
 
Тоа што се раскрчмувало и уништувало 15 години, неможе да се поправи за само една година.Луѓе вие барате чуда!И самиот Груевски си рече дека нема да направи чуда, но ќе направи нешто подобро од претходните.Има уште 3 години можност :helou:
 
posle sekoja izvrsena rabota se gleda rezultatot:smir: poleka i bez brzanje :)toa sto nekoj kontinuirano unistuval nemozat ni iljadnici dago opravat:))

Се сеќавате ли дека нешто вакво рекоа и СДСМ кога дојдоа на власт 2002? :)
 
Сето тоа е исто исфрустрирано и истрауматизирано политичко ѓубре које се интересира само за полнење на гласачки кутии и сопствени џебови.:)
 
Сето тоа е исто исфрустрирано и истрауматизирано политичко ѓубре које се интересира само за полнење на гласачки кутии и сопствени џебови.:)

ЕУРЕКА АГЕН :smir:
 
Да не отварам нова тема...

Груевски како Волшебникот од Оз

„Господине премиер, Вие сте како Волшебникот од Оз. Правите чуда“

Еве вака, храбро и в очи му вели најголемата ѕвезда на МТВ, Слободан Томиќ, на претседателот на македонската Влада, Никола Груевски. Со уживање секој ден граѓаните на Македонија гледаат една иста емисија веќе четврти, некои велат петти пат. Јавниот сервис на сите граѓани, на општо задоволство, неуморно го репризира „Гласот на народот“ секој ден во најразлични и ударни термини...

Во ова интервју нашиот Волшебник праќа многу значајни пораки до народот и тие треба да се научат напамет.
Проблемите ги разрешува чудесно. За земјоделците оваа година 20 милиони евра; в година 50 милиони евра; веднаш потоа наредната година 100 милиони евра субвенции. И, оп, готово е.
Мизерни се платите на администрацијата. Со години, со децении. Нема проблем. Ново волшепство, и оп гледај чудо, администрацијата во наредните три години ќе има за 34 отсто поголеми плати! Едноставна и суштинска одлука.
Аналогно на тоа, се разбира, ќе пораснат и пензиите.

Нема доволно странски инвестиции. Волшебникот има одговор. Двајца министри и натаму постојано ќе шетаат низ светот во потрага по инвеститори. Но, тие двајца не се доволни. Сега ќе тргнат уште шест души во потрага по „крупни риби“ кои одвај чекаат да дојдат да го вложат својот капитал во балканското Елдорадо. Овие сега што не' избегнуваат, а се упатуваат накај Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија и Романија и вложуваат годишно по неколку милијарди долари, не се свесни каква шанса испуштаат. Тие наседнуваат на глупави новинарски приказни дека во Македонија нема политичка стабилност, дека сопственоста не е гарантирана, дека судовите бавно носат пресуди, дека пазарот е нерегуларен, дека може да ви ја скршат главата и да си ја загубите сопствената фабрика преку ноќ, дека склучените договори не се почитуваат, дека се прават ревизии на сопственоста 15 години по прватизацијата, дека тие што веќе инвестирале во Македонија имаат повеќе лоши отколку добри искуства, итн., итн. Тоа се опозициски трикови и измислици на нивните послушници од медиумите кои водат кампања против Македонија таа да не стане членка на НАТО и на ЕУ. Тие си ја мразат својата татковина. И, еве, гледате, НАТО и ЕУ ги слушаат овие полтрони од новинари на кои треба секој ден да им се удира по еден ќотек за да научат да пишуваат како што мислат партиските лидери. Само во тепањето новинари власта и опозицијата најдоа заеднички јазик и постигнаа добри резултати. Двете страни си испотепаа по еден.

За нашата власт, конечно, и не се многу значајни лошите вести од Брисел. Голема работа НАТО и ЕУ. За нас е поважно што од Нова година граѓаните во својот џеб ќе ги почувствуваат ефектите од големите реформи. Ќе почне да им расте стандардот, онака од небо, без да бидат свесни како наеднаш им станува подобро. Веднаш по Нова година ќе почнат да се отвораат нови работни места, ќе стасаат крупните инвеститори. Она што не му успеа на еден друг Волшебник да вработи од секое семејство по еден член, сега ќе му успее на Груевски, бидејќи овој е од Оз, а Црвенковски, сепак, е од „Бихаќска“. И не е така голем магионичар како Груевски. Волшепства во економијата нема, ама има фатаморгана кај популистите кои заедно со извонредните, сугестивни и храбри македонски журналисти кои, види богати, бранат власт, а напаѓаат опозиција, можат да го доведат народот на дереџе „мижи Асан да ти баам“. Тоа трае се' додека Асан не се разбуди, а, кога-тогаш, ќе се разбуди. Кога ќе се освестат сите македонски сонувачи на подобрата иднина, кога ќе сфатат дека сончеви градови, облакодери, луксузни хотели, фабрики не градат владите, дека премиерите не отвораат работни места, не прават договори со странските инвеститори, тогаш трезнењето на македонската нација ќе биде уште едно горчливо искуство. Ние, едноставно, сакаме да не' лажат. Не ги сакаме мислечките луѓе и песимистите што ги расипуваат нашите надежи и соништа. Ги сакаме новинарите-толкувачи на власта и високите идеали. Ние сакаме да им веруваме дека подобрата иднина ќе ни дојде со волшепства. Но, се' има граница. Кога ќе се открие лагата и неспособноста, големата љубов поминува во голема омраза.

Респектирајќи ги целосно успесите на Груевски и неговиот тим, особено во создавањето реформски амбиент и борба против криминалот. Сепак, најголемата грешка на Груевски не е неговиот популизам и лажните надежи, туку неговата неподготвеност да еволуира од технократ во демократ и во современ европски политичар. Демократијата и постојаната опседнатост со рејтингот се најслабите точки на нашиот премиер.

Е. Ризаов
Tekstov uste koj znae kolku ce e aktuelen.
Ovaa ned. kaj Tomiq bea Pavle,GJ,Samakot,mozam da zamislam kao bilo.
Sepak glupost na nedela bese Kod.I to so pari na Velija,malu cari vladata vo epp-to,ha,ha.
 
Да се работеше вака пред 16 г. сега ќе бевме приближно со Словенија...
16 години во Македонија било вака како што е и сега... Владите се менуваат и сите велат дека претходните биле лоши и дека не може се’ преку ноќ да се исправи... ама дека сега тргнало напред и дека со новата влада во иднина ќе биде супер...
...
арно ама, обичниот Македонец ни за педа не отишол напред... Ниту сега се гледа тој ’супер’-от... Единствено што направи Груевски е што со својата популистичка политика успеа на повеќе луѓе да им влее надеж... Ама колку е надежта поголема, толку и разочарувањето на крај ќе биде поголемо!
 
Eдно време се појави едно политикантче учесник во распадот на Југославија кое вети 1 милјарда тогашни долари за Македонија и излажа барем 50% од народот да гласа за неговата здржена коалиција,накладе парички,солидно се нафатира и си го среди животот со платени скапи операции од народот.Откако народот виде дека волкот го изел магарето тргна во акција да го анулира она што овој политикант го засра со своите несопирливи говори.
Денес владата се користи со слични методи на ветувања кој речиси сите знаеме со сигурност дека нема да се исполнат,но сепак се надеваме на подобро утре,затоа што во агонијата која 17 години ја преживуваме и која не присилува на единствена алтернатива барем во овие моменти а тоа е вербата во подобра иднина.
 
Back
На врв Bottom