Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Со СДСМ немаше ама баш ништо добро.
А какви треба да бидат вестите??Прво секаде во светот вестите се релаксирачки,а кај нас сите останати освен сител и од ситници прават трагика,не му ја покажуваат на народот вистинската слика туку се против се што ќе направи Владата.
Ете и Србите отидоа пред нас , само ние тапкаме во место . . .Патем, да не отварам нова тема, дали слушнавте дека на Србија ќе и ги укинувале визите или така нешто, на бела Шенген листа ќе ја ставале. Знае некој нешто околу тоа, бидејќи не разбрав добро?
Се сложувам со тебе, дека треба време за резултатот да се види. Но и тоа дека сега сеуште поголемиот дел од народот не осетиле уште ништо добро. Може доброто го осетиле само 10 % партиски луѓе на кој сега им е многу подобро. И сигурно има 10 % други партиски луѓе на кој сега им се полошо. На другите 80 % од народот мислам дека сеуште му е исто.posle sekoja izvrsena rabota se gleda rezultatot:smir: poleka i bez brzanjetoa sto nekoj kontinuirano unistuval nemozat ni iljadnici dago opravat
)
posle sekoja izvrsena rabota se gleda rezultatot:smir: poleka i bez brzanjetoa sto nekoj kontinuirano unistuval nemozat ni iljadnici dago opravat
)

Сето тоа е исто исфрустрирано и истрауматизирано политичко ѓубре које се интересира само за полнење на гласачки кутии и сопствени џебови.![]()
Tekstov uste koj znae kolku ce e aktuelen.Да не отварам нова тема...
Груевски како Волшебникот од Оз
„Господине премиер, Вие сте како Волшебникот од Оз. Правите чуда“
Еве вака, храбро и в очи му вели најголемата ѕвезда на МТВ, Слободан Томиќ, на претседателот на македонската Влада, Никола Груевски. Со уживање секој ден граѓаните на Македонија гледаат една иста емисија веќе четврти, некои велат петти пат. Јавниот сервис на сите граѓани, на општо задоволство, неуморно го репризира „Гласот на народот“ секој ден во најразлични и ударни термини...
Во ова интервју нашиот Волшебник праќа многу значајни пораки до народот и тие треба да се научат напамет.
Проблемите ги разрешува чудесно. За земјоделците оваа година 20 милиони евра; в година 50 милиони евра; веднаш потоа наредната година 100 милиони евра субвенции. И, оп, готово е.
Мизерни се платите на администрацијата. Со години, со децении. Нема проблем. Ново волшепство, и оп гледај чудо, администрацијата во наредните три години ќе има за 34 отсто поголеми плати! Едноставна и суштинска одлука.
Аналогно на тоа, се разбира, ќе пораснат и пензиите.
Нема доволно странски инвестиции. Волшебникот има одговор. Двајца министри и натаму постојано ќе шетаат низ светот во потрага по инвеститори. Но, тие двајца не се доволни. Сега ќе тргнат уште шест души во потрага по „крупни риби“ кои одвај чекаат да дојдат да го вложат својот капитал во балканското Елдорадо. Овие сега што не' избегнуваат, а се упатуваат накај Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија и Романија и вложуваат годишно по неколку милијарди долари, не се свесни каква шанса испуштаат. Тие наседнуваат на глупави новинарски приказни дека во Македонија нема политичка стабилност, дека сопственоста не е гарантирана, дека судовите бавно носат пресуди, дека пазарот е нерегуларен, дека може да ви ја скршат главата и да си ја загубите сопствената фабрика преку ноќ, дека склучените договори не се почитуваат, дека се прават ревизии на сопственоста 15 години по прватизацијата, дека тие што веќе инвестирале во Македонија имаат повеќе лоши отколку добри искуства, итн., итн. Тоа се опозициски трикови и измислици на нивните послушници од медиумите кои водат кампања против Македонија таа да не стане членка на НАТО и на ЕУ. Тие си ја мразат својата татковина. И, еве, гледате, НАТО и ЕУ ги слушаат овие полтрони од новинари на кои треба секој ден да им се удира по еден ќотек за да научат да пишуваат како што мислат партиските лидери. Само во тепањето новинари власта и опозицијата најдоа заеднички јазик и постигнаа добри резултати. Двете страни си испотепаа по еден.
За нашата власт, конечно, и не се многу значајни лошите вести од Брисел. Голема работа НАТО и ЕУ. За нас е поважно што од Нова година граѓаните во својот џеб ќе ги почувствуваат ефектите од големите реформи. Ќе почне да им расте стандардот, онака од небо, без да бидат свесни како наеднаш им станува подобро. Веднаш по Нова година ќе почнат да се отвораат нови работни места, ќе стасаат крупните инвеститори. Она што не му успеа на еден друг Волшебник да вработи од секое семејство по еден член, сега ќе му успее на Груевски, бидејќи овој е од Оз, а Црвенковски, сепак, е од „Бихаќска“. И не е така голем магионичар како Груевски. Волшепства во економијата нема, ама има фатаморгана кај популистите кои заедно со извонредните, сугестивни и храбри македонски журналисти кои, види богати, бранат власт, а напаѓаат опозиција, можат да го доведат народот на дереџе „мижи Асан да ти баам“. Тоа трае се' додека Асан не се разбуди, а, кога-тогаш, ќе се разбуди. Кога ќе се освестат сите македонски сонувачи на подобрата иднина, кога ќе сфатат дека сончеви градови, облакодери, луксузни хотели, фабрики не градат владите, дека премиерите не отвораат работни места, не прават договори со странските инвеститори, тогаш трезнењето на македонската нација ќе биде уште едно горчливо искуство. Ние, едноставно, сакаме да не' лажат. Не ги сакаме мислечките луѓе и песимистите што ги расипуваат нашите надежи и соништа. Ги сакаме новинарите-толкувачи на власта и високите идеали. Ние сакаме да им веруваме дека подобрата иднина ќе ни дојде со волшепства. Но, се' има граница. Кога ќе се открие лагата и неспособноста, големата љубов поминува во голема омраза.
Респектирајќи ги целосно успесите на Груевски и неговиот тим, особено во создавањето реформски амбиент и борба против криминалот. Сепак, најголемата грешка на Груевски не е неговиот популизам и лажните надежи, туку неговата неподготвеност да еволуира од технократ во демократ и во современ европски политичар. Демократијата и постојаната опседнатост со рејтингот се најслабите точки на нашиот премиер.
Е. Ризаов
16 години во Македонија било вака како што е и сега... Владите се менуваат и сите велат дека претходните биле лоши и дека не може се’ преку ноќ да се исправи... ама дека сега тргнало напред и дека со новата влада во иднина ќе биде супер...Да се работеше вака пред 16 г. сега ќе бевме приближно со Словенија...