Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

Член од
10 октомври 2009
Мислења
502
Поени од реакции
113
...Ние не сме сигурни дека постоИ господ...немаме жив доказ за тоа!!!
А јас доколку немам за нешто жив доказ не верувам во тоа!:toe:
...Така да околу темава можам да кажам дека според мене...Секој човек е одговорен за себе..и сам си прави дали ќе му биде убаво или лошо и сл.
Секој сам ја крои својата судбина!:helou:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Секој сам ја крои својата судбина! И од пишаното не се бега, па ти сега види!
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
502
Поени од реакции
113
Секој сам ја крои својата судбина! И од пишаното не се бега, па ти сега види!
Ама чекај сега...Сакаш да кажеш дека сами ја кроиме својата судбина, а од пишаното не се бега?!...
Според мене тоа не оди едно со друго!...Значи ако сами ја кроме нашата судбина тогаш ништо не ни е пишано..а доколку ти веруваш дека нешто ни е пишано, тогаш ќе си стоиш зад тоа дека судбината ти е веќе скроена...:toe:
 
Член од
27 април 2009
Мислења
137
Поени од реакции
3
За која слобода зборуваш?
Малку погоре го цитирав Албер Ками:

или ние не сме слободни, а семоќниот господ за тоа е одговорен, или ние сме слободни и одговорни, но тогаш Господ не е семоќен. Сите училишни ситничења не и додале ништо ниту пак и одзеле на острицата на тој парадокс.

Ако бог не се меша "во тие работи" тогаш тој не е семоќен.
Pa ednostavno e: dadena ni e slobodna volja za sami da si go upravuvame zivotot i direktni intervencii od Stvoritelot se mnogu retki. Jas go citirav dr. Ljubisa Stojanovic. Dadena ni e slobodna volja za da imame neogranicena kreativnost sto go pomaga razvojot na svetleckoto telo koja e plazmaticna energetska struktura prikacena za aurata na sekoj covek. Ako te interesira poveke citaj gi moite postari objaveni temi: Misijata na Isus/Covek poreklo i buducnost. Se izvinuvam oti se na Srpski.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
слободна волја иаме ако сме семокни да може сеа одма да се створиш У Канада на пример одма да посакаш нешто и тоа да биде, но такво нешо не постои, затоа нема слободна волја
она што вие го нарекуете слоб.волја е уствари чувство на слоб.волја или избирање меѓу изнудени опции
за чија исход во изборот пресуден е посилниот мотив!
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање ?

Зошто има толку болка на светов?
Зошто умре мама?
Зошто има земјотреси? Поплави?
Зошто ракот не ги промашува ни децата?
Зошто војни, тероризам?
Реални ли се вестиве? Што се случува со светов?
Каде е Бог во сето ова?
КАДЕ Е БОГ?!!

Тешко му на оној кој на своја кожа го осетил трнот на горниве прашања. Речиси и нема човек кој не си ги поставил овие прашања. Но една е нивната интонација кога дознаваме за некоја трагедија од медиумите, а друга е кога таа трагедија ги поткачува нашите соседи, нашето семејство или пак нас самите. Тогаш се подигаат насолзените очи кон небото и со огнен поглед му упатуваат прашање на Бог: ЗОШТО?!!
Во интересен на времето, а и за воведот на оваа тема да не биде предолг, ќе направам синтеза на горните прашања во едно прашање и се надевам дека, доколку оваа тема се разгори, ќе ги досегнеме сите прашања одделно и подетално. Значи сума сумарум, го подигнувам прашањето:
Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?
Мислам дека ова е најпоставуваното прашање што човекот си го поставувал низ целата историја. Или можеби грешам. Но не грешам сигурно ако речам дека ова е најпоставуваното прашање што атеистите им го поставуваат на теистите, притоа изнесувајќи го како атеистички аргумент.
Но како што ќе видиме подоле, има најмалку 2 добри причини зошто ова прашање не се квалификува како аргумент против Божјото постоење.

1. Ако нема Бог, нема ни зло.
Точно така, ако нема Бог и ако целиот овој свет е само една случајна рекомбинација на материјата, тогаш терминот "зло" е фиктивна/имагинарна категорија.
Ако не постои Бог, тогаш смртта и убиството се само дел од природната селекција, дел од животинскиот синџир, борба за опстанок на својот вид (народ, семејство). Ако нема Бог, болеста е само една посебна состојба на организмот. Штетните бактерии, вирусите, сидата итн не се наши непијатели, туку се само дел од синџирот на исхрана. Нема духовни категории. Се е материја, енергија.
Солзите се само солена вода, продукт на хемиски реакции предизвикани од некакви си таканаречени "емоции" итн.

2. Заклучокот не е каузално доследен.
Што значи ова? Ова значи дека доколку околу нас постои зло и страдање, од тоа не мора, по неопходност, да следи заклучокот дека Бог не постои.
За подобра илустрација, ќе конструираме еквивалентно прашање на даденото:

Ако постои Професор, зошто дозволи да паднам на испит?
Ова е аналоген атеистички (пардон апрофесорски) аргумент во врска со постоењето на мојот Професор. Дали, бидејќи паднав на испит, јас треба да се посомневам во постоењето на мојот Професор ? Дали тоа е знак дека мојот Професор е лош? Или пак јас можеби не научив доволно?
Или пак следново прашање:
Ако постои семафор, зошто се случуваат сообраќајни несреќи?
Дали семафорот не постои? Дали тој е само слепа вера на возачите-верници? Дали семафорот не работи? Или пак можеби возачите не ги почитуваат неговите наредби?

Како што видовме постојат повеќе можни причини за една последица, било тоа да е случајот со професорот, семафорот или пак Бог. Не е во ред да избзуваме со заклучокот дека штом има зло наоколу, тогаш нема Бог.
Во краен случај може да претпоставиме дека Бог е лош и затоа предизвикува и дозволува зло и страдање меѓу луѓето.

Или пак, може да претпоставиме дека нешто друго (не Бог) го предизвикало и предизвикува злото и страдањето, а Бог не интеревенира веднаш, можеби ЗАРАДИ НЕКОЈА ПРИЧИНА.
Или пак нешто трето, четврто итн.

Последниве две причини мене ми изгледаат многу пологични отколку онаа првата "нема Бог". Дури и да не постои трета причина, човекот, со помош на научниот метод, никогаш не би дознал која од тие две е вистинина. Но тоа може да го дознае по принципот на откровение т.е. ако Бог му објави.
Како христијанин, јас сум убеден дека Бог ни се објавил преку Библијата и оттаму ќе се обидам да го измолкнам и одговорот на ова толку предизвикувачко прашање.
Дека Бог постои и дека Тој е добар/љубов се библиски аксиоми и одма ги исклучуваат првите 2 претпоставени причини кои ги наведовме (дека Бог не постои и дека Бог е лош). И сега ако ги прочитаме барем првите 2-3 поглавја од Библјиата, веданш заклучуваме дека:
Нешто друго (не Бог) го предизвикало и предизвикува злото и страдањето, а Бог не интервенира веднаш ЗАРАДИ НЕКОИ ПРИЧИНИ.


Кои се тие причини заради кои Бог го одложува нокаутот кон злото?



1. Нашата слободна воља
Бог не го создал човекот робот. Бог му дал/доверил на човекот слобода на избор и не му се меша во истиот. За жал човекот ја злоупотреби својата слободна воља уште во Едемската градина, кога го направи катастрофалниот историски избор кажувајќи му НЕ на Бог, Да на Сатанта, согласувајќи се со Сатаната кој Го обвини Бог за лажливец, искажувајќи непослушност кон Бог, сакајќи да се изедначи со Него, извршувајќи самоубиство на себе и своето поколение.
Бог не е натрапник и присилно не му се наметнува на човекот како суверен владетел, туку чека човекот сам, со својата слободна воља да Му го признае Неговиот Суверенитет и да му го отстапи местото на престолот за едно ко-владеење со Земјата, за која ние самите се покажавме како неуспешни владетели.



2. Не секое зло во нашите очи е навистина зло.
Еден од моите најомилени библиски стихови, напишан од перото на пророк Исаија, гласи вака:
"Зашто вашите мисли не се Мои мисли и Моите патишта не се ваши патишта", словото е Господово, "Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта и Моите мисли, над вашите мисли". (Исаија 55:8-9)
Овој стих ја скротува човековата гордост, сезнајност, сепредвидливост и неговото избрзување во давањето суд за Божјата интервенција во некоја згода или незгода. Овој стих не подучува дека не секогаш ќе разбереме зошто Бог постапил така и така или пак допуштил нешто да се случи на начин кој на нас (метафорично кратковиидите) можеби и не ни се допаднал, но сепак не повикува на вера и свесност дека ние сме на Земјата и гледаме од ниска, а Тој е на Небото и гледа и делува од висока перспектива.
Илустрација:
Во едно село постоело едно побожно семејство , на кое останатите селани често се подбивале. Еден ден, единствениот коњ на семејството, избегал. Селаните ги запрашале со потсмев: "Каде е сега вашиот Бог?" Но, следниот ден коњот сам се вратил и довел со себе уште пет други диви коњи. Селаните замолкнале. По неколку дена, синот на тоа семејство се качил на еден од дивите коњи, за да го припитоми, но коњот го отфрлил и тој паѓајќи, си ја скршил ногата. "Зошто Бог не го сочува?" пак им префрлиле селаните. Но, за кратко време нивната земја завојувала со друга. Синовите на сите селани биле собрани на фронтот и многумина од нив изгинале. Синот на побожното семејство не го зеле на фронтот, поради скшената нога, и така се спасил.
Тука завршува приказната, а соодветниот библискиот стих гласи вака:
"Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние, кои Го љубат Бога." (Римјаните 8:28)


3. Бог го одложува својот суд, зашто чека уште некои да се покајат и да се спасат

Можеби најглавната причина поради која Бог дозволува зло и страдање е Неговата милост и долготрпеливост кон сите нас.
Да појасниме: ние често се прашуваме зошто Бог не ги уништи сите зла и неправди. Но, што е тоа што Бог треба да го уништи, во тој случај?

Тоа сме ние луѓето. Тој треба да ја уништи нивната омраза, насилство, алчност, себичност, љубомора, нечесност.. и уште многу други работи.
Што мислиш, ако Бог утре реши да го уништи сето зло, неправда и грев на овој свет, колкумина од нас ќе останат живи? Кој е тој човек кој не направил грев во својот живот? Бог може во еден момент да ги уништи сите луѓе, и го има тоа право, бидејќи сите ние имаме грев и заслужуваме казна. Но Тој не ја сака смртта на грешникот, Библијата вели:

"Господ нема да задоцни со својот суд, како што некои мислат, туку долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание" (2 Петрово 3:9)
Бог е свесен дека како праведен Бог мора да го казни гревот и неправдата. Но Неговата огромна љубов кон нас луѓето не му го дозволуваше тоа. Затоа Бог, не деградирајќи ја Својата Праведнсот, ниту Својата Светост, ниту пак Својата огромна Љубов кон човекот, Божествено одлучи пресудата за човекот да ја премости од Едемската градина, на Голготскиот Крст.
Казната за нашите гревови ја презеде Божјиот Син, Исус Христос. Тој, на крстот, со Својата смрт плати за секоја неправда и грев на секој еден поединец на планетава кој ќе се покае и лично ќе ја прифати Неговата жртва.

Се ближи денот на Божјиот конечен суд. Тогаш ќе биде суден секој човек, според делата негови и ќе биде казнет за неговите недела. По тој чин, целосно ќе биде задоволена Божјата правда.
Ќе бидат помилувани само оние кои се покајале и го прифатиле Христос како нивен Спасител.

До тогаш, на земјата сеуште ќе има неправди, зло, страдање, бидејќи Бог сеуште го одложува својот суд затоа што чека уште некој да се покае, да се спаси и преку Христос да стане Негово чедо.
Библискиот чесовник вели пет до полноќ.
Кога некои луѓе дојдоа и го известија Исус за едно злодело на Пилат и за дена трагедија што се случила во Ерусалим, Исус им одговори:

"Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.
(Лука 13:2-5)

ИЗВОР.
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Мора да постои баланс бе,добро-зло, тага-среѓа,кока-кола за да моеж да разликуваш да знаеш шо е шо.Ко на пример еве постов, да немаше лошо ќе беше добар.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
ако нема бог нема ни зло има зло значи има бог пошто он го праи злото!
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
53
Поени од реакции
0
ако нема бог нема ни зло има зло значи има бог пошто он го праи злото!
Едно е да се прави- а сосем друго да се допушти зло и страдање.
Но сепак добро е што бар признаваш дека има Бог (кој според тебе го прави злото), и тоа е нешто.

А зошто мислиш дека Бог го прави злото?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
па кој друг. Кога ќе видиме земјотреси, поплави, пожари, цунами, епидемии...викаме божја волја...епа тоа е е доказ дека бог е лош, и луѓето што се лоши Он ги напраил такви лоши, расипани...
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
53
Поени од реакции
0
А зошто не мислиш дека нечестивиот прави зло? Судир на доброто и злото кое ќе кулминира со Армагедон за потоа да нема зло?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

ај да преформулираме ..
Каков е тој Бог кој допушта зло и страдање .. ?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Тоа под услов да се прифати дуализам, но Христијанството и Исламот се монотеистички религии, Бог е суверен, Он допушта, предзнае, се е Негова волја!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom