зборот „догма“, има сосема поинаква и поразлична смисла од нејзиното вистинско значење. Догма е нешто негативно, опскурно, застарено, нешто што заробува, нешто немодерно, декадентно. Во оваа смисла, тој збор и се употребува, па дури во некои речници тој вака семантички и се толкува. Честопати, на теолозите им се посочува дека сега е време да се прават реформи во Црквата, а тие реформи најпрво треба да започнат со тотално отстранување на догмите, како нешто што апсолутно ја ограничува слободата.
Океј.
Ако ја гледаме догмата како една општествено-обичајна појава,тогаш без размислување можеме да констатираме дека догмата е факторот број еден за создавањето на сите општествени,религиозни и правни норми.
Трите горенаведени институции,својата државотворност,привилегија на санкција и цврстина на пропагирање ја држат токму во принципиелноста на законите пропишани од самиот нивен почеток,и нивната неменливост.
Системот на касти бил догматска појава.Кога паднал,и се помешале слоевите,веќе престанал да постои.Уставот на РМ,после рамковниот договор веќе не е тој Устав.Променети се круцијални одредби,суштината му е коренито модифицирана,и тој,како првобитна нормативна единка веќе не постои.
Во религијата,ако се отфрли Новиот Завет(оти е,нели,догма),нема да постои црквата како институција,а со тоа крштевањето,обредите за време на празниците и погребите ќе бидат прашање на избор,а не на норма и обичај.
Она што треба да се разбере е дека догмата е институционализирана.Судот се раководи по догма.Црквата исто.
Без неа,без зацртан систем на правила кои се вкоренети,ниту една од монотеистичките форми на верување немало да опстои.Нивната апсурдност би ги впила во самите себе.
Модерниот свет, светот во кој сè е дозволено, не може да толерира вакви нешта. Либералниот систем, кој царува во човечките општества, бара да се спроведе либерализам и во самата религија. Светот во кој сè е релативно, па дури и самата вистина, не може да трпи вакви застарени „тортури“ како што е наметнувањето на догмите. Догмите се нешто апсолутно непотребни, бидејќи и без нив човекот може да биде добар и праведен, па затоа Црквата, во која сè уште се присутни догмите, треба да најде начин да го преструктуира својот религиозен систем, во систем во кој ќе нема никаков авторитет, како видлив, така и невидлив.
Либерален систем?Се надевам дека не живееме под камен.
Општеството денес не е ништо повеќе либерално од тоа во средниот век.Кога претседател на држава решава да нападне друга држава без согласност на ОН и да не сноси последици,можеме комотно да гледаме на либерализмот како мисловна именка.
Разликата е во тоа дека денес лото можеме да добиеме преку игрите на среќа,а не преку црквата.Своевремено,црквата издавала памфлети во кои им давала благослов на верниците и ги наградувала со божја прошка,а за возврат барала само...пари.Со вековите,се реорганизирала нивната тортура,па денес работат преку подземјето,со дрога и бело робје,а нормалниот приход(неплаќањето на данок,осветувањето,погребите) ги одржуваат во сила и полет.
Кој би се осмелил да изгуби привилегии за сметка на либерализам?Па ако постои либерализам,луѓето ќе треба да имаат опција дали сакаат данокот за црквата тие да го плаќаат,исто како што МТВ собира пари од луѓето кои обично тие пари не и ги даваат.Потоа,треба да го откаже крштевањето како морален чин и спас на душата,без кое детето ќе гори во црни пеколишта,па со тоа луѓето ќе го изгубат стравот од догматското: "Или ние,или пеколот" и ќе нема толкав интерес за бањање деца во врела вода.
Земаат пари за гроб,за посета по куќи,за свеќи,за ова,за она...без догма нема да преживеат едни од најголемите (денешни) финансиски и идеолошки тирани,кои такви бог очигледно им допушта да бидат.
Тимот кој победува,не се менува.Во овој случај,победата е над умот на она што треба да порасне во индивидуалец.
Како што објаснив и во претходниот пост само нискоинтелегентен човек може да се моли на Бог да му падне на лото, и да очекува добивка, овој пример не е соодветен
Oкеј,ова се веќе небулози.Бог,според книжулчето,си има план и тој план не го менува.Имам еден пост поназад кој го објаснува тоа.Ниту една молитва нема да го скршне божјиот пат и божјата волја.Се молела ти или не за мир во светот,бог можеби решил да има војна во Северна Кореја.Ако нема војна,ќе речеш фала ти боже.Ако има-нека биде волјата твоја,нека биде царството твое,нека биде оризот добар и посевот успешен и бла.
Yada yada yada...
Ајде ќе копирам некои претходни мои мислења за како јас логички гледам на таа работа, што не е јасно ќе се надоврзам:
Човек се раѓа, расти, се развива, стареее и умира, значи постои програм на постоење. Е сега ние имаме тело (хардвер) и ние сме душа (софтвер) кој што го анимира хардверот (телото) да обавува некои функции. Без софтвер (душа) хардверот (телото) е машинерија која сама од себе не служи за ништо, затоа што го нема софтверот (душата) да ги придвижи тие функции за да имаме функционален компјутер (жив човек).
А да и ќе заборавев, Господ е тој што го инсталира софтверот :helou:.
Па добро софтверот (свестта, душата) ги има упатствата за управување со хардверот (телото), и тој софтвер постојано се надоградува( апдејт, учи). Е сега зависи што антивирусна има човек
, оти при надоградувањето (учењето, живеењето) можи да се протни некој вирус, црв или тројанец, па софтверот несоодветно да реагира и дава наредби до хардверот. Значи треба да се вмеша на некој начин креаторот на тој програм (софтвер, свест, душа) да избриши некои фајлови, или преинсталација на цел компјутер
. Така Савле станал Павле.
Aнасана!!
Постои душата како таква,и во неа е бог,така?
Значи бог ги создава сите патокази преку кои душата ќе олицетворува преку телото.Во тој случај,ако бог е маневраторот и е семоќен,зошто предодредува фалшивост?Зошто неговите креации повеќе флуктуираат одошто одат по одреден пат,па тој мора да ги деинсталира?
За пример?Ако е за пример,тогаш бог е криминалец,бидејќи имаме многу примери на делитирани програми кои сеуште незнаат за себе дека се програми и ништо не згрешиле па да го поебат системот како таков.бог е лош програмер,или неодлучен суперкомпјутер кој брише и делитира нешто за кое ни самиот не го знае исходот...или пак,е дете кое не е свесно за своите постапки и си игра со кукличките.
Ако не е за пример,туку причина е слободната волја вметната во секој програм,тогаш тој бог не е семоќен бидејќи незнае како во иднина таа слободна волја ќе се манифестира,па да ја спречи своевремено.Убиствата,кражбите и силувањата се сосема вообичаени работи во нашето општество.А семоќен бог со љубов кон своите деца не дозволува да се однесува кон нив како кон потенцијални преносители на вирус и да ги брише,или пак да амнестира програми со повеќе од еден вирус во себе.
Савле станал Павле,Петко станал Трајко.Убиец еднаш-убиец засекогаш.Вашата вера ја прошири човек со крв на својата свест.
Соочи се.
Софтверот (душата, човековата свест) како широк програм има повеќе подпрограми, една од нив е да се корегира до одреден степен самиот доколку излези надвор од колосек. Е сега доколку влези некој тројанец во тој програм и влијае врз наредбите кои ги дава софтверот на хардверот може да предизвика дефекти (да изгори графичка или мрежна картичка). Или пак да му се случи некој надворешен шок на хардверот (телото) да дојде појак напон на струја (болест, повреди од други живи ентитети, од надворешната околина, или само обична несреќа). Доколку дефектот е помал изгори или графичка или мрежна тие може да се заменат (трансплантација на бубрег, дроб, срце итн), но ако дефектот е поголем се знае што следува не мора да опишувам сликовито
.
На крај краева секој компјутер (човек) има одреден век на траење, хардверот (телото) е изработен и неговите делови се стари... Се знае што следува
.
Свесен ли си што напиша?
Те цитирам оти у основа не напиша ништо асално,па чисто да си кажам.
Значи бог во нас всадил мини чип кој нашите делувања може да ги минира преку сериозни телесни последици?Ако е така,за кој лев тестис воопшто креирал луѓе кои знаел(семоќен е нели) дека ќе заебат работа?
За забава?
Што ако твоето дете утре умре од менингитис?Ќе се осмелиш ли да кажеш дека му изгорела графичката?Дека му рикнал хардот?Ќе ставиш ли смајли после тоа?Или ќе си кажеш на себе дека сигурно детето ќе било дрогираш или убиец,па ај заеби,ќе напраиш уште едно...