Немат врска тоа со партиски причини или шо ти знам јас таму. Пред 2години (не фаќајте ме за збор) Охрид 04 имаше само 7бода на полусезона и тогашната управа скоро се откажа од клубот. И тука незнам како испадна, ама Климе Лотески (да, сегашен претседател на Охрид Лоте), купи 1/2 од клубот и на крајот Охрид имаше 31бод (мислам) и опстанаја втора лига. Е сега следната година, управата шо се откажа од клубот, пак се врати назад и си го сакаа назад клубот, а пред тоа не даваа плати за играчи, ни ништо. И поради тоа шо неможеја да најдат заеднички јазик, Лотески ги продаде назад акциите на клубот и го зеде клубот Борец од Вапила (сегашен Охрид Лоте). Најтрагично во сево е ова шо таа сезона Охрид 04 беа последни, повторно, но за среќа ФФМ реши да ја прошири 2МФЛ и никој клуб да не испаднит од 2МФЛ. Ова година го зеде друг човек Охрид 2004 и тргнаја работите во добра насока.
Туку, "навивачите" на Охрид 04, па и играчите и управата, незнам шо имаат против Охрид Лоте, нешо само јадат лај*а како Охрид Лоте биле вакви-онакви, зарем не сакаат граѓаните на Охрид да имаат прволигаш, без разлика дали биле Охрид 04 или Охрид Лоте? Ама ај, на кого да му кажиш, на некој шо од вчера шо почнал да ојт на стадион...
Иначе 99% влегвит утакмицава GG, ак мојте уплатете ја негде во Азија.
Па нека победит подобриот. :smir: