Фан Клуб: Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Sprite
  • Време на започнување Време на започнување
Маркоски нов кормилар на Охрид

Продолжува ротацијата на охридската клупа. Охрид кој по првото коло беше прв на табелата а по осмото на последното, го елиминираше Турново па се откажа од купот, за нов кормилар го назначи некогашниот репрезентативец Гоце Маркоски.

Маркоски ќе има тешка задача да ја крене екипата на Охрид која ја има најслабата одбрана (19 примени гола) и најслабиот напад (6 гола) и е без победа во последните седум кола.


- Имав разговори со претседателот Малезанов и со претставниците на словенечката компанија која ќе инвестира во Охрид и добив уверувања дека работите ќе се средат. Јас сум човек кој прифаќа предизвици, а Охрид сам по себе е доволен предизвик за мене - ни рече Маркоски кој вчера го одржа првиот тренинг со екипата.

FKO_01.JPG


FKO_02.JPG


Маркоски втор пат ќе седне на клупата на Охрид. Првиот пат пред 4 сезони, кога Охрид играше во Третата лига тој беше тренер-играч во охридскиот тим. Тогаш со Маркоски на клупата Охрид успеа да се влезе во второлигашкото друштво но потоа тој го напушти клубот.

FKO_06.JPG

помошниците на Маркоски, Ристески Милчо и Цветкоски Миле

Маркоски, по Блажески и Љамчевски ќе биде третиот тренер кој годинава седнува на клупата на охридскиот вторлигаш.
 
Квартетот фудаблери поранешни играчи на Охрид се на листата на желби на тренерот на Охрид Гоце Маркоски. Охрид е во преговори со напаѓачите Игор Клечкароски од Пелистер и Атај Уљо од Влазними, играчот за врска Ристе Маркоски од Напредок, и голманот Раиф Мисајловски кој игра во Албанија. Тие нема да имаат проблем со адаптацијата во старо новата средина смета Маркоски.
- До крајот на оваа недела работите ќе бидат уште појасни. Ние имаме свои приоритети и нема никого да молиме да игра за ФК Охрид – рече Маркоски, кој на клупата на Охрид седна во средината на сезоната.
За продолжението на првенството “шефот“ ги отпиша бранителот Јовица Христов и напаѓачот Никола Маркоски. Двајцата во првиот дел од сезоната беа стандардни првотимци и заедно постигнаа 4 гола. (три Маркоски , еден Христов).
Одбраната ќе ја комплетираат уште Боге Велкоски од “Борец“ и Сашо Танески од “Стефан Толески“ а според охридскиот стратег новиот состав ќе биде доволно квалитетен за да му помогне на Клубот да опстане во второлигашкото друштво.
Како што најавуваат од Управата до крајот на годинава ќе бидат подмирени и сите обврски кон играчите, а од 9-следниот месец ФК Охрид ќе ги започне подготовките за пролетниот дел.
 
Фудбалерите на Охрид со победа го започнаа пролетниот дел од првенството во Втората МФЛ.Во рамките на 14-тото коло, Охрид на "Билјанини извори" со 3:0 го совлада директниот конкурент во борбата за опстанок, екипата на Цементарница 55.
Повратниците Атај и Клечкароски ги постигнаа првите два гола, третиот во финишот на натпреварот го постигна Никодиноски. Во следното 15-то коло Охрид следната сабота ќе и гостува на Брегалница.


Ohridpress


Aјде сега една серија,па до вгодина можда имаме две екипи во втората лига...
 
Зоран Ѓоревски - Џајо е назначен за нов тренер на ФК Охрид 2004. Ѓорески доаѓа на местото на Гоце Маркоски кој ќе остане во клубот како дел од Управниот Одбор.

--- надополнето ---

ФК Охрид 2004 - ФК Новаци (2-3)

Ни Чак Норис сега не ги спасува :pop:
Eте гледаш сега и самиот дека Чак Норис е чудо од човек:salut:
 
Саше Ѓорески и Наум Џалески се последните засилувања за охридскиот второлигаш Охрид 2004.

Ѓорески во Охрид доаѓа по престојот минат во албанскиот Шкумбини, додека Џалески кој се очекува да ја засили конкуренцијата во средниот ред во составот на “рибарите“ доаѓа од кратовски Силекс.


Двајцата имаат право на настап во наредното петто коло против Тиквеш во Кавадарци.
 
Ко шо гледам работиве одат на поубо. Се гледа дека новава управа озбилно си ја има сватено работата, па ке видиме до каде ќе догураме. Досега имам 9 бода од 4 кола, па да се надеваме в година во прва лига .
 
http://ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=7&id=24525
Ајде честито победа во дербито. Охрид сигурно чекори во прва лига, па се надевам ќе успеете во амбициите...
Инаку на овој меч како што пишува присуствувале и Рибари Охрид и Патриотет Струга и како што се вели во прилогот имале свое шоу :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom