Владата започна да ги троши парите од продажба на ЕСМ!

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Владата од буџет ќе ги покрива долговите за струја на осум јавни претпријатија. Станува збор за долгови од 5,27 милиони евра што ќе им бидат дадени на јавните претпријатија за да си ги платат старите долгови за струја.
- Тоа се долгови стари неколку години. Ја поздравуваме одлуката на Владата и очекуваме наскоро да ни бидат префрлени парите - велат од ЕСМ -ЕВН.
Одлуката за раздолжување на јавните претпријатија кон електродистрибутивната компанија Владата ја донесе кон крајот на јули годинава, кога поради долг од над 430.000 евра кон ЕСМ-ЕВН на јавното претпријатие "Гевгелиско-валандовско поле" му беше исклучена струјата.
Поради повеќедневното неработење на пумпите за наводнување, се исушија лозовите и други насади на земјоделците кои побараа од Владата да помогне во подмирувањето на долгот на ова јавното претпријатие кое од скоро е во стечај и нема пари да си ги плаќа обврските.
Најмногу пари од буџетот ќе и бидат префрлени на Железницата за враќање на долг за струја од околу 1,9 милиони евра. На "Македонска радиодифузија" и "Македонска радиотелевизија" им се распределени по околу 783.000 евра, на ЈП "Дојранско Езеро" Владата ќе му даде 983.500 евра, а на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти - 327.165 евра. Помал долг кон ЕСМ-ЕВН има "Македонски шуми", на кое му се префрлени околу 52.000 евра и на "Македонија пат" - околу 23.000 евра.
Мислам дека ќе излезе оти треба да се дадат пари и од даночните обврзници оти оние што ги уплати ЕВН за да го купи ЕСМ нема да бидат доволно за да се подмират заостанатите долгови кон оваа поранешна државна компанија.Или по наше кажано ова ми изгледа како "самоубиство од заседа" ама по втор пат,оти првиот беше ОКТА.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Зошто? Треба ли да страдаат лзовите полиња од кои илјадници луѓе заработуваат за живот? Или на МТВ која што ако нема повеќе долгови ќе може да ја збогати својата програма наместо да се продаде на некој сосед и да ни пропагира антимакедонизам по цел ден?! Или сакаш на сред утакмици струја да снемува!?

Насловот воопшто не ти кореспондира со содржината, имаш Недоволен 1.

Сепак е подобро тие пари да се искористат за да се закрпат рани кај претпријатијата од јавен интерес отколку да завршат во нечиј џеб!
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Од кај ти е информацијава АБЦ дека парите се од продажбата на ЕВН.
дај некое линкче
 
Па убаво пишува (старите долгови за струја),значи струја потрошена порано,додека државата беше газда на ЕСМ.Доколку така стоело во сокриениот договор за продажба на ЕСМ од јавноста тогаш станува повеќе од јасно дека ЕСМ практично на ЕВН му е продадена за без пари оти старите долгови кон ова претпријатие беа малку поголеми од цената за која се продаде,па доколку државата сега треба да му ги исплати тие "стари долгови" станува повеќе од јасно дека имаме поголема афера од онаа на ОКТА,или треба да нацртам за да стане појасно?
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Намената АБЦ...намената е битна...реков јас убаво, нејќеш да читаш :wink:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Значи намената на струјата е многу битна штом се продало ЕСМ со договор за кој државата се обврзува да им ги врати старите долгови на новите газди.Ако направиш компарација со ОКТА намената можеби била уште побитна па сега никој не е виновен?Абе масло е ова,ние ќе молчиме за ОКТА,ама вие молчете за ЕСМ и Телеком,важно е да го лажеме народот како дете за лижалче за да не плаче,а кога плаче не гледа дали сме власт или опозиција.:)
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Договорот за продажба се направи за време на сдсбјрм, или се лажам?! Што ти е крива владава сеа?
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па кој вели дека договорот за продажба на ЕСМ се направил за време на некој друг отколку за време на СДСМ,или ти имаш и други сознанија?
-Единствено ми е малку чудно што врвот на оваа влада викаше дека ќе има ревизија на овој договор.А имаше ли ревизија,или во ред е да се платат старите долгови кон новите газди со што наместо пари од ЕСМ Македонија пак добива "шипинки" а народот наместо придобивки ќе мора да го плати ЕСМ уште еднаш иако само до вчера беше негово.:(
 
jon

Член од
20 јуни 2007
Мислења
287
Поени од реакции
0

Изгледа дека сите заборавивте за НГО-то „Гласот на Светлината“, што дигнаа барикади низ пола Скопје и тоа доста долго време ебаваа град од 600,000 жители и кои се зарекоа дека ЕСМ не смее да се продаде, а ако се продаде, Грујо изјави дека ќе се ревидира во најдобар случај договорот, а највероватно ќе им се покаже нога на евентуалните купувачи.Туф туф туф.
Денес ВМРО си ги вработи слабиот и плавата - шефовите на НГО-то иако тие викаа дека не се ВМРО туку спонтано народот ги довлечкал 101-овите и југовците со лавчиња на табличките по раскрсниците и спонтано дремел таму глумејќи „граѓански отпор“.
А владата со ЕВН е во одлични односи.
А всушност видовме се работело за провизијата која успеа Буле да ја дрсне последните месеци од мандатот и го претрка Грујо. А 1% да е од 300 мил. = 3,000,000 ЕУР . А не е 1% туку поише. Буле си се офајди :wink:, ама си доби empire strikes back :nerv: .
 
Mислиш ли дека само Буле се офајди со тие 5-8% а не само 1%?Па јас си велам дека и некој друг се офајдил штом не сака да прави ревизија и штом ги враќа парите од државна каса за старите долгови кој пак изнесуваат колку што ЕВН даде пари за ЕСМ.
 
Изгледа од ЕВН не бе, пошто многу му беше надркан на Буле. Штом за Илинден, а тој е еден од ретките работи за кои сите Македонци имаат консензус дека е позитивен настан, баш Буле си го спремал како крими прича ми е некако прилично добра освета за заебувањето.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да ама од затворот не излезе ништо колку што приметив туку имаше плагијат на реалити-шоу по медиумите кога Булето со рекордна брзина се враќаше од шопинг а овие во комисијата ги затвораа вратите за да го почекаат да им донесе цигари и виски токму на седница каде се расправаше за одземање имунитет на пратеник.Е сега откако не излезе ништо со затворот изгледа им подели на властиве уште некој процент за да го остават да се брани од слобода.Или ова беше само филм?
 
Буле си ја откупи слободата во тој филм исто како Стивен Сигал, ама не сум сигурен дали беше тоа првичната намера на Грујо или некаде пукна планот , а после веќе беше импровизација.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Со самото тоа што ЕСМ беше продадено без пред тоа да се избришат „долговите“ што ги имаа државните институции, фирми и јавните претријатија, де факто се виде дека ЕСМ е пордадено за без пари, е сега дали парите за отплаќање на сега веќе реалните долгови ќе се направеше веднаш или со амлку одлагање не е битно. Џабе се топореше Груевски за ревизија на продажбата на ЕСМ бидејќи од такви ревизии и сл. активности кон договорот за продажба на ОКТА, стигнавме до париски судови и поголеми загуби, мислам дека нема потреба истото да го проживуваме и со ЕСМ која на париски суд сигурно многу повеќе би не чинело одколку ОКТА.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па тоа значи дека е време да се објави јавно договорот за продажба на ЕСМ и да му се каже на народот дека тие што го продале не ставија во клопка доколку се поништи блентавата продажба правиме ризик од 2 милјарди евра доколку Македонија биде тужена.Значи треба под итно да се тргне во акција и да им се стават лисици на оние што потпишале ваков документ несомнено штетен за Македонија која мора да ги врати парите што наизглед ги добила од ЕВН.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom