ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Владата од буџет ќе ги покрива долговите за струја на осум јавни претпријатија. Станува збор за долгови од 5,27 милиони евра што ќе им бидат дадени на јавните претпријатија за да си ги платат старите долгови за струја.
- Тоа се долгови стари неколку години. Ја поздравуваме одлуката на Владата и очекуваме наскоро да ни бидат префрлени парите - велат од ЕСМ -ЕВН.
Одлуката за раздолжување на јавните претпријатија кон електродистрибутивната компанија Владата ја донесе кон крајот на јули годинава, кога поради долг од над 430.000 евра кон ЕСМ-ЕВН на јавното претпријатие "Гевгелиско-валандовско поле" му беше исклучена струјата.
Поради повеќедневното неработење на пумпите за наводнување, се исушија лозовите и други насади на земјоделците кои побараа од Владата да помогне во подмирувањето на долгот на ова јавното претпријатие кое од скоро е во стечај и нема пари да си ги плаќа обврските.
Најмногу пари од буџетот ќе и бидат префрлени на Железницата за враќање на долг за струја од околу 1,9 милиони евра. На "Македонска радиодифузија" и "Македонска радиотелевизија" им се распределени по околу 783.000 евра, на ЈП "Дојранско Езеро" Владата ќе му даде 983.500 евра, а на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти - 327.165 евра. Помал долг кон ЕСМ-ЕВН има "Македонски шуми", на кое му се префрлени околу 52.000 евра и на "Македонија пат" - околу 23.000 евра.
Мислам дека ќе излезе оти треба да се дадат пари и од даночните обврзници оти оние што ги уплати ЕВН за да го купи ЕСМ нема да бидат доволно за да се подмират заостанатите долгови кон оваа поранешна државна компанија.Или по наше кажано ова ми изгледа како "самоубиство од заседа" ама по втор пат,оти првиот беше ОКТА.