Maда не сваќам каква веза има емото шо си го објаснувала... емото не е метал а темава е за метал и металци... абе едно исто се збори најубаво е да се затвори темата... си знаеме ние какви сме си... НЕ СМЕ ТАКВИ КО ШО ЗБОРАТ! Кој не знае боље ондак знае... а и на крај па преку кур кој шо збори за мене божем многу ми е гајле... И ваков ко шо сум си иам другари и има луѓе шо ме сакаат...
Во почетниот текст, стои и емото, значи првиот пост од првата страна. Затоа го објаснував емото. Инаку, јас не ги имав прочитано претходните постови и затоа не сум знаела дека се вртат муабетите во круг.Дури и да се вртат, имам право да го искажам мојот став. Постојат луѓе кои не го имитираат стилот, ама постојат и фејкери во секој стил, не само металот. И се гледаат истите после неколку години, кога ќе преминат во друг стил така нагло... Постои и друг момент, а тоа е друштва што се базираат на стил. Гадна работа! Само металци, само рапери, само шмизли... А останативе не се луѓе и со нив не треба да се има контакт освен делење на озонската дупка, омразата кон Грците и воздухот што го дишеме... Не чини. Како прво самите тие одвоени друштва ја ствараат дискриминацијата која постои за стиловите. Затоа што за шмизлите металците се "црни луѓе, насилни пијандури, дрогаши..." а за металциве па , шмизлите се "розеви цури, со лесен памет, дислексија, лоша дикција и недостатци во изговарањето на зборот леле". И сето тоа, затоа што некој живее строго по некој свој стип и принцип и ги осудува другите затоа што не им се допаѓа тој стил. Затоа треба сите малку да се погледнеме во очи, а не во облеката, пирсовите, суканиците, широките панталони, розевите штикли....