Изгледа цркна мрежната на матичната (GA-EX58-UD3R). Единствено што ме предомислува е тоа што сеуште светат жолтата и зелената диода кога има приклучен кабел. Има ли некаков начин за сигурно да се провери?
Правев upgrade na win 7 и настана грешка и upgrade-от се прекина. Во тој момент мрежната сеуште работеше. Останав на постарата верзија на win 7, ама се појавија многу проблеми, загубив администраторски пермисии, секаде access denied.
Успеав да вратам дел од пермисиите и после рестарт windows повеќе не ја детектираше мрежната. Не сум сигурен дали проблемот со прекинувањето на upgrade-oт е причината или тоа беше коинциденција, бидејќи мрежната работеше најмалку уште 30-ина минути после паѓањето на upgrade-от.
Изрежав уште едно DVD и успеав да направам upgrade, ама и на win 7 7600 мрежната ја немаше во device manager. Пробав со неколку драјвери, ама не ја детектираа мрежната.
Бидејќи ми останаа многу проблеми со пермисиите, речиси никоја програма не работеше, направиви формат и по новата инсталација на win 7, мрежната не беше детектирана.
Проверив и во BIOS, ставив нов BIOS, ја пробав и на Ubuntu (порано Ubuntu ја детектираше без проблем), но ништо не бидна.
Дали да си барам нова мрежна или има уште некој начин да се провери оваа?