Он.нет со нови Solo (adsl) пакети!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.462
Поени од реакции
35.251
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Очекуван беше контра удар од провајдерот кој веќе подолго време му „пакости“ на Телеком! Осеќам дека тие што веќе потпишаа договор со Мт.нет ќе се покајат затоа што не почекале уште 2-3 дена за да ги видат новите ADSL понуди од Он.нет! Почна да се "шушка" за понудите на темата за WiFi и WADSL, но еве што викаат рекламите во дневните весници.

Даклем,
Читајте што ни нуди Он.нет:

onnet1.jpg


Значи, без трошоци за модем, без трошоци за приклучоци!


Едит:
Бев денес во продажниот салон во Карпош и се информирав. Еве мое мислење зошто Solo пакетите од Он.нет се подобри од MAX пакетите на Мт.нет. Четири причини.

1) Заштеда до 4155 денари за Solo 3

Цената на Solo 3 до Нова Година е само 1 денар, што значи дека корисникот цели 4 месеци ќе сурфа бесплатно и ќе заштеди и до 2356 ден.

Дополнително, за разлика од MaxADSL 2 за чие користење по месечна цена од 589 ден. корисникот треба да ја плати опремата во износ од 1799 ден., во Solo 3 може да го користи по истата цена од 589 денари, а опремата да ја добие бесплатно на користење од Он.нет.

2) 50% поголем трансфер кај Solo 3 и Solo 15

Пакетите Solo 3 и Solo 15 тежат 50% повеќе од пакетчињата на МТнет - MaxADSL 2 и MaxADSL 10 (3 GB vs 2 GB; 15 GB vs 10 GB). Дури и Solo 101 е поголем од MaxADSL 100 за цел ГИГАБАЈТ :)


3) Поевтини цени кај сите пакети

Solo 3 е за 236 ден. поевтин од MaxADSL 2 (589 ден. vs 899 ден.)
Solo 15 е за 113 ден. поевтин од MaxADSL 10 (1286 ден. vs 1399 ден.)
Solo 101 е за 41 ден. поевтин од MaxADSL 100 (1758 ден. vs 1799 ден.)

4) Брзината не се намалува

За стабилноста не правиме муабет, затоа што ќе се користи оптика. Да Викет, ИСТАТА инфраструктура и технологија како Мт.нет. Значи, не ти држат претпоставките дека „принципот“ се разликувал. Од WADSL да, ама не и од ADSL.
 
Како функционира? Го враќаш модемот по истекот на договорот?

1 денар месечно до нова година, ау камо да беше вака цело време :pos:
 
И како ќе можи да се користи, значи ми треба телефонска линија, сеуште?
Ова е АДСЛ?
 
Важи овој пакет за WADSL, какви услови треба да исполнуваме? Дали можеме да се префрлиме?
 
Важи овој пакет за WADSL? Дали можеме да се префрлиме?
Да, сигурно ќе може.
Појдете во продавниците на Оннет, или јавете се во инфо-центарот. Ќе ви објаснат подобро. Ова се само првични информации и флаерот што излезе во Време :vozbud:

Одвај чекам да си ставам ADSL :vozbud:
 
Пааа... Ацид... НЕ СЕ КААМ.
Соло 15 е сличен на понудата од конкуренцијата.
А за овој првиот пакет, 1 денар месечно до Нова Година...
Е тоа ти се вика иницијатива за да се закачи Македонија на интернет!
БРАВО
Е сеа вечното прашање коа е Он.нет во прашање, стабилноста. Ама за тоа потоа.
 
WADSL ќе има нешто ново?

Или тоа се фрла сега?
 
Соло101- цена со ддв 1758ден
Сепак поскапо од мтнет 1651ден ако не се лажам.

п.с Па морале тоа цена со ддв толку минијатурно да го направат мајке им
 
Не читам никаде "плизззззззззз" :)

Него озбилно, пакетиве се ништо посебно.
Ќе почнам од Solo3 кој е тешка маркетинг финта слично како и WADSL-ов (иако на флаеров никаде не пишува дека ова што го читам не е WADSL). На WADSL даваа(т) 512 Kbps download и 10 гига месечен трансфер што беше доволно за на времето. Стабилноста на конекцијата и услужливоста на техничката поддршка најголем дел од нас, нивна клиентела, ја знаеме ама ако треба и ќе потсетувам иако се сомневам дека има потреба од тоа. Еве, да не одиме некој месец уназад, само ќе потсетам на вчера... толку.

Solo15 и Solo101 се слични со новите пакети на MT според напишаното ама според квалитетот... сите го знаеме.

Би го кажал подетално моето мислење за пакетиве, ама толку информации имам :)

Се на се, он.нет како ISP според однос, тим и услуги ми личат на едно дуќанче во некое запуштено село во источна македонија.

Одвај чекам да ме контактираат од МТ за да си ставам БАШ ADSL и најпосле да се отарасам од но.нет :)
 
Да си знаете дека ако понудите се за ADSL тогаш значи дека мора да сте корисник прво на Телеком и да имате фискен телефон односно број, за WADSL ако немате телефонска линија не ви ни треба, со што неморате да им плаќате на телеком ни месечна претплата.
 
Никаде не гледам колкава ќе биде upload брзината во оваа понудава или мислат дека не е битна? Стабилноста моментално е малце на слабо ниво се надевам дека ќе се подобри (30, 31 и 1 скоро немаше цели денови интернет)
 
Искрено, очекував повеќе. Ниту цените не им се подобри, ниту пак брзините, од тие на мт-нет. Единствен пакет што можеби вреди нешто, е вториот, односно, соло15. Тие 15 гига се примамливи. Али, познавајќи го Он.нет, и нивната репутација како "не баш стабилен" ISP, никогаш не би го заменил тој пакет со макс100.
My opinion.
 
Никаде не гледам колкава ќе биде upload брзината во оваа понудава или мислат дека не е битна? Стабилноста моментално е малце на слабо ниво се надевам дека ќе се подобри (30, 31 и 1 скоро немаше цели денови интернет)

256Kbps кај сите пакети...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom