Телевизија PINK

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.466
Поени од реакции
25.433
Ја отварам оваа тема со претпоставка дека таа е една од најгледаните телевизии овде во Македонија. Мое мислење-никогаш не сум застанал ни 5 минути да погледам, а кај мои пријатели и роднини по цели денови само Пинк се гледа. Па кажете ваше мислење, дали и колку често ја гледате, општо ке разговараме за емисиите и шоу-а кои ве бендисуваат.
 
И што гледаат толку на Пинк?
Што има освен теткици и чичиња шо пеат (најчесто сељачки песни)?

Побезврска телевизија ми нема. Не гледам ич бљак.
 
И што гледаат толку на Пинк? Што има освен теткици и чичиња шо пеат (најчесто сељачки песни)?

Побезврска телевизија ми нема. Не гледам ич бљак.

Тоа го гледаат...
Силиконски теткици со 3 кила шминка како ги тресат гзот и грудите.

И се согласувам со Форчн...Не гледам Пинк,ништо поучно,само голотија и сељачки песни.
 
Треба да се забрани со закон. Владата ќе воведе ноќни патроли кои ќе шетаат од куќа на куќа. Од тамо кај шо свири пинк, упаѓаат специјални единици, конфискуваат телевизорот и кабелската, а децата се носат на интезивна електро-шок терапија за да се прочисти организмот од придобиените информации. родителите се апсат на лице место а децата, ако се малолетни, се носат во сиропиталиште, ако не се, веднага се носат во воена академија.

Топ. :vozbud:
 
Голотија, ај гледаат маживе, ама сељачите песни најмногу ме нервираат, тоа е основната причина зошто не гледам Пинк.
 
Неам PINK,а не ни сакам да имам,а и да имам нема да гледам.:icon_lol:
Сум гледала инсерти некои и заклучив дека најголемата сељачана е собрана на пинк.Значи излагаат на сцена со цел да им ги видиме тие ОДВРАТНИ силикони.
Патем,глеав пред некој ден една плавуша со гаќи и прслук излегла да пее(на pink),и си викам шо не се соблече оваа гола ќе биде поарно.Или може со гаќи е по sexy:pos:
 
Баш сте грешка, значи не гледате пинк :). На пинк во моментов 50% се шпански (по мое ѓупските) филмчиња, 10% се реклами и остатокот се песни од кои што пола се од тие пластичните тетки, но има и по некоја квалитетна. Музиката најчесто оди на вечер.

Значи секаде се гледа бидејки преку денот има исклучиво ѓупски филмчиња за перење на мозокот, сите со иста тема и содржина (украдено дете, сестри заљубени во ист маж и сл.) и капаче на сето тоа со истите глумци!
 
Ја избришав Пинк од каналите. Тоа не го гледам ни на 5 минути. Превише одбивно ми е.
 
Никогаш не гледам ни пак планирам некогаш да почнам. Ја имам ставено на последните канали шо никогаш не сум ни помислила да ги пуштам. Па и нема шо да се гледа, освен реклами и полупластични разголени теткици. И сапуници имат, да, знам другаркине обавезно ги следат. :tapp:
 
Телевизија со одвратни песни, силикони на кило и шпански серии. Јас не гледам убавина во тоа.
Туку ај мора со нешто да им се перат мозоците на луѓево. :(
 
Е како да не гледам кога од време на време даваат квалитетна музика. Баш пред некое време налетав на концертот на Bjelo Dugme и тоа остана. Не велам дека гледам постојано ама одвреме на време кога има нешто добро за гледање оставам.
 
Е како да не гледам кога од време на време даваат квалитетна музика. Баш пред некое време налетав на концертот на Bjelo Dugme и тоа остана. Не велам дека гледам постојано ама одвреме на време кога има нешто добро за гледање оставам.

Зарем и Бјело Дугме има?:icon_eek:
Не сум знаела ова!:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom