Вип оператор со силен раст во сите сегменти и 490.000 корисници
Денес, Телеком Австрија Групацијата (VSE: TKA, OTC US: TKAGY) ги објави резултатите од своето работењеза првиот квартал од 2011 година заклучно со 31 март 2011.
Вип оператор
Во Република Македонија, корисничката база на мобилни претплатници во првиот квартал од 2011г. порасна за 47.2% споредено со истиот период од минатата година на повеќе од 490,000 корисници, што претставува резултат на силниот раст на постпејд корисничката база. Пазарниот удел на Вип оператор порасна за 31% во однос на истиот период лани, достигнувајќи 21.5% на крајот на март 2011г. Приходите забележаа силен раст и пораснаа за 60% до 11.1 милиони евра. Поголемиот број на корисници и поголемиот сообраќај придонесоа за зголемувањето на приходите од месечна претплата и сообраќај.
Порастот на приходите доведе до подобрување од над 73% на негативната заработка пред оданочување, камати, амортизација и депресијација (ЕБИТДА), споредбено, од негативни 1.5 милиони евра во првиот квартал од 2010 до негативен износ од 0.4 милиони евра.
- Исклучително сме задоволни од развојот на нашата компанија и во оваа прилика би сакал да му се заблагодарам на целиот тим на Вип оператор кој е најзаслужен за одличните резултати во работењето. Веќе во неколку квартали по ред евидентно е дека компанијата се развива во вистинската насока, дека Вип оператор ја одбра и ја реализира вистинската стратегија во насока на задоволување на потребите на корисниците, при тоа создавајќи вредност и за акционерите. – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор.
Оперативна загуба од 3.0 милиони евра споредено со оперативна загуба од 3.7 милиони евра во минатата година бележи намалување од 19%.
http://www.vip.mk/cm/media/index.php?id=206