Џабе се трудите да објаснувате. Напишав 20 поста на темава и не им одговараат па не ги прокоментираа, не ни сакаат да дебатираат. Се вадат со истите причини како и генерацијата пред нив, што занчи дека само сакаат да протестираат, да не одат на часови, БИДЕЈЌИ истите причини кои сега ги спомнувате, сега повеќе не постојат.
Многу сте тивки денес, не ве гледам и слушам, КАДЕ СТЕ ???????
Кој од вас ги симна задачите од интеренет ?
Зошто не почекате до пробната матура во ноември ?
Зошто се вадите “Ние не сме пишува таков состав по англиски“ ? Алооо кој век сте, ти бара да сврзеш 5 збора
Има одговор. НЕ САКАТЕ да прифатите да полагате, оти мислите дека ќе се извлечете како генерацијата пред вас !
Немате поддршка од сите порфесори ! НЕ сакам да потенцирам училишта и градови, но немате од сите.
И еден од вас нека одговори на прашањава оти ме нервирате до максимум со вашата тврдоглавост и антидемократичност - не сакате да ислушате! Јас знам дека дете од прва година во средно е стварно дете. Дете од втора година веќе почнува да личи на навидум созреана личност. Дете од трета, уште повеќе, НО ученик од ЧЕТВРТА година, да не сака да прифати мислење од постари и да размисли ме плаши за иднината на државава која ќе ја водите Вие како идни академски граѓани !