Јас мислев дека само на темите во Љубов и Секс има вакви глупави генерализации.
До човекот е, не е до етникумот. Секако постојат секакви „формации“, групи да ги наречам кои ќе отстапуваат од рамките на јавниот ред и мир со испади како Македонија ќе биде наша, македонци одете си со време и слично.
Нормално, постојат и групи што викаат дека Топанско е село и сите што живеат таму се сељаци, па не си го земам тоа при срце. Зошто? Затоа што не ме тангира. Ако живеев јас за да ме обележуваат и етикетираат другите немаше далеку да стигнам.
Соживот е широк поим. Не може да се релативизира и определи само поради ваквите испади на очигледно малоумни луѓе. Блиските луѓе (со кои всуштност и го делам своето битисување) не ги бирам по вероисповед и националност. Се` додека односот кон мене им е коректен, истото го добиваат за возврат. Живеам во „мешана“ населба, каде што сакал-нејќел има и припадници на друга етничка заедница. И супер ми е. Леб купувам од нив, порано фудбал играв со нив, најдобрата другарка ми беше албанка (поздрав Арта

), ме бранеле кога сум била во опасност. Секогаш сум се согласувала со сите, и искрено, никогаш не сум се подзамислила зошто би се дружела со некој со поразлични обичаи од моите, а богами и никој не може да ме убеди да го правам спротивното. Никогаш не сум ја почувствувала таа банална поделба на наши и нивни.
Можеби сум мала, можеби не се замарам со политика, има кој да го прави тоа. Ова е пишано од аспект на нормална просечна личност која има супер соживот со сите од својата близина, не поради фактот што е македонка, туку поради фактот што луѓето пред се ги гледам како луѓе. А дека има ретардоси кои прават секакви испади има. Ни тоа не бира националност.:wink: