Ај кој кур, досадно ми е, не ми се игра WoW па ќе пишувам бајаги долго. Слободно нека ме цензурира некој, дека има шанси бајаги погрдни зборови има да пишувам, и за едните, и за другите. Кој како сака нека го толкува следното, ич стојко нема да ми чуе, дека цел живот македонскиот народ носи узди на главата и гледа само тоа пред носот што ќе му го пласираат.
Ќе го почнам постов со една споредба, што често ми е тема на дискусија со колеги, другари, или познаници. Американците биле глупи. Не знаеле како се менува сијаличка ако им пукне. Не знаеле кој им е претседател. Ниту дефиниција на комунизам, социјализам, сепаратизам, идиотизам, и не ја знаат разликата помеѓу истите. Ние пак, македонскиот народ, сите на купче, албанчиња, македончиња, и продадени курви, сме тие што уствари се сметаме за паметни. Секој втор копиљ од 16 години се регистрира на форум, и е најпаметен од сите, ја разбира политиката подобро од самите политичари, секоја тема ја посетува и мора да биде се по негово, и другите што се спротиставуваат се идиоти. Ние знаеме и сијалички да менуваме, дека цел ден од дома не мрдаме, чекаме владата да не вработи. И знаеме што е комунизам, дека таков живот живееме. Знаеме што е и идиотизам, дека на тоа не учат од раните денови во школо, па и дома.
Кога ќе се отвори една тема, која гласи слично како оваа, гледам секој што напишал тука за соживот, е македонец. А темата прашува што значи соживот за Албанците. Од кај курац знаете бе вие македонци што значи соживот за мене? Кој ви дава право да одговарате на прашање што е поставено кон мене, и мојот етникум? Или пак истиот синдром? Балканците мора да се присутни во секое поле, инаку не би биле најпаметни.
Друг пример на идиотизам е кога за репер за оценување на карактеристика на ЦЕЛ народ, се зима дело на ИНДИВИДУАЛЦИ. Тоа ти е исто ко јас сега да почнам да ругам цел македонски народ, а за пример да го земам Фак од клупи кој 24 часа беше надрогиран, лажеше, мајка му секоја сабота ја погребуваше, и пушеше курови за 30 денари Родео да купи. Македончето ќе ми реплицира, тоа не било така, дека некој си Трпе од Долно Дупени било примерно момче, ама пак Африм од Арачиново бил дилер на дрога. Јас ќе му реплицирам дека Бурим од Сингелич е професор по Шпански, ама пак Дарко е крадец, и силува женски низ градот. И до кога така?
Нели приметувате дека нон-стоп истото го правите? Дали себеси се сметате за подобар од другиот кога и внатре во вас има омраза?
Јас со другари идам во базен да се избањам најнормално, да си платам ко човек, и идиотот на врата ми вика не може да влезеш, дека си албанец. Го гледам, му се смеам у фаца, и си идам на море. Идам во Процес, со пари на каса, тој ми вика не може, приватна забава било. А другар пред мене, кој беше македонец, си влезе, и ме чека. Идиотот барем да беше искрен да каже дека поради тоа што сум албанец не ме пушта. На крај испадна да излезе Сетко од доле, да ме фати за рака, и да ме седне на Вип сепаре, и нит пари видоа на каса, нит пијачка платив. Си шетам јас низ центар, ме застануваат алфи, ме идентификуваат, и по секоја цена сакаа да ме етикетиараат за нешто, само дека сум албанец. Тоа и ми го кажаа. Што бараш ти во центар кога си албанец. Кога отворив уста, и му докажав дека јас уствари си ги знам моите права, според уставот на Р. Македонија, кога дозна каде работам, и кои ми се претпоставени, ко пичка ми се извини за погрдните зборови кои ми ги кажа, и си отиде.
Според горенаведените примери, а имало и многу повеќе, верувајте, и јас имам право на омраза према македонците. Само што јас, како Мухамед Халили од Скопје, со ЕМБГ 2507982450033 сум многу поинтелектуален отколку некои волови, идиоти, и морони, кои секојдневно нивното его си го дигаат со исмејување на некој друг кој за нијанса е послаб од нив, во било кое поле. Мојот неуспех во било кое поле, никогаш не сум го одразил на начин да навредам некој друг.
Соживот за мене има. Имаше и порано, има и денеска. Кругот на луѓето што ме знаат, и кои ги знам, се луѓе со кои што јас сум ги одбрал да ми бидат блиски. Тие луѓе не се замараат дали Хоџа се фатил за калашников, или некој се дерел по улиците на Скопје Север. Дека ни едниот, ни другиот случај, не е мое дело. Никој не ни има право мене да ме обвини за тоа. Затоа јас и си имам соживот со луѓето. Јас никогаш човек не прашувам "A ти што си". Ниту па го прашувам дали верува во Алах, Исус, Кришна, Том Круз, или во Џим Морисон. Мене само ме интересира јас во што верувам.
Соживот никогаш нема да има се додека се обвинуваме едни со другите, поради дела на некои си трети. Никогаш нема да имаме соживот, кога нашето незадоволство кон нешто ќе го истуриме кон трети.
Некој се дерел ова не е Македонија? Па кај сте бе македончиња да ги фатите типците да ги затворите? Кај е македонската војска што толку била јака па да иде на Танушевци, па да го затвори и Хоџа и неговите другари? Нека иде, ама....нека бидат коректни, и не да фатат секој втор што па да го здрмаат од ќотек, дека верујте, имало и такви случаеви. Иди, фати го Хоџа, и врати се, селаните не ги чепкај.
Мислите мене убаво ми беше кога утепаа 3 малолетни деца на 10 метри од моја куќа? 2ца браќа и третиот братучед нивен? Цело Скопје знаеше кој го направи тоа. Самите албанци протестираа да се фатат убијците. Дури и се посочуваше кон нив со прст. Кај беше полицијата во тие моменти? Македонската полиција другови и курвичиња. Не албанската, македонската полиција си ќутеше ко пичка продадена.
Самите се продавате за евтини пари па албанците на крај ви се криви? Сум рекол сто пати, во мој двор, јас само имам право да мочам, а во моја куќа, машко само кашла. Тоа другови мои, е канунот на Лек Дугаѓини, што некои од вас го презираат, ама ок, не го ни знаете, така да не ве обвинувам.
Да не се навратам сега да цитирам, прочитав еден пост каде беше посочено дека името на Македонија е продадена поради албанците. Дај барем кога напаѓате, бидете реални. За себе тоа...дека сите ја знаеме вистината. Македонија, ја продадоа македонците.