Квалитетот на горивата во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата Gorco
  • Време на започнување Време на започнување
Епа и Косово ќе влезе пред во УЕ,
види ги колку се поспремни, потпчно посериозни:jaj:
 
Прочитајте ја оваа постара вест и се ќе ви биде јасно?!
Квалитет никаков тоа е докажано,само прашање е кој има подобри деривати од Окта и од Лукоил?
Во моментот мислам дека Лукоил е во мала предност,ако не друго главните резервоари сеуште не им се полни со вода бидејќи се релативна нова компанија!
Абе оти не сваќате дека сите земаат горива од ОКТА??? Лук Оил не е увозник на горива, туку е препродавач, исто како мак петрол. Така да ни почисти горива ни шипки, сетете се кога беше пожарот во Окта и кризата за дизел во Македонија, никаде го немаше ни на мак петрол ни на лук оил.
 
Абе оти не сваќате дека сите земаат горива од ОКТА??? Лук Оил не е увозник на горива, туку е препродавач, исто како мак петрол. Така да ни почисти горива ни шипки, сетете се кога беше пожарот во Окта и кризата за дизел во Македонија, никаде го немаше ни на мак петрол ни на лук оил.
Ова е цитат од мојот пост:
ако не друго главните резервоари сеуште не им се полни со вода
Имам ли барем малце право?
Само еден податок да ви го кажам што ми го кажа вработен на бензинска пумпа на Макпетрол во Богданци: Кога ги чистеле резервоарите од талогот што се насобира на дното извадиле околу 3.000 литри вода,е ај сега израчунај колку украле пумпаџиите?!
 
znaci prosto kazano kvalitetot na gorivoto u MK. e Sranje.........
kako sto prethodno e navedeno vo forumot.......:toe:
 
vaka znaci na lukoil mu e zabraneto da uvezuva negovo gorivo od negovata rafinerija vo bugarija taka da i oni zemaat od okta e sea celata fora e posle kolku ke go mesaat i so ke praat no vo sekoj slucaj iskaca deka makpetrol povekje mucki praat so gorivoto
 
Каде е најквалитетното гориво во Македонија? Лук Оил, Макпетрол или Окта?

Каде според Вас има најквалитетно гориво (бензин и дизел) од горе споменатите фирми?

Јас имам неколку другари камионџии и тие кажуваат дека најквалитетниот дизел бил од Лук Оил, барем според сензорите во резервоарот на камионите кои можеле да одчитуваат вода, сулфур и други додатоци во дизелот. За бензинот пак имам слушнато дека најквалитетен е тој од Макпетрол.

Значи каде има најквалитетно гориво (бензин, дизел) во Македонија?
 
Веќе почна да се продава дизел еуро5 и кај нас, затоа што ако ви текнува договорот со окта и владата е истечен, а веќе од септември треба да се продава и најквалитетниот еуросупер 95 и 98(дур да ги потрошат залихите од старите 95 и 98), конечно и ние да користиме квалитетни горива
 
Имаше ваква тема некаде, ке го замолам колегата Џип да ја ископа и да ја спои (нема љутиш :smir:).

Инаку како што гледам, сите, апсолутно сите компании точат горива од окта. Дури и Лук Оил не увезува, туку купува од окта. Така да квалитетот горе долу е заникаден секаде, можеби лук оил имаат нешто подобар дизел....
 
Скопје, 1 јули - На македонскиот пазар од денеска се воведуваат нови нафтени деривати мазут со содржина на сулфур од максимум еден процент, Еуродизел 5, кој содржи максимум 10 ппм сулфур, како и безоловни бензини од 95 и 98 октани со најмногу 35 проценти аромати и еден процент бензен, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Мартин Мартиновски.

Новите деривати, појасни Мартиновски, се воведуваат врз основа на Правилникот за квалитет на течни горива и се со највисок квалитет во однос на заштитата на животната средина, согласно најстрогите европски норми.

- Од воведувањето новите деривати ќе имаат корист како потрошувачите на течни горива, така и сите граѓани бидејќи ќе се намалат штетните емисии во воздухот, рече портпаролот на Владата.

Тој потсети дека претходниот тип на мазутот максимум можеше да содржи три проценти сулфур, а кај Дизелот четири, на чие место доаѓа Еуроздизелот 5, содржината на сулфур е петпати повисока. Кај претходните типови на безоловните бензини содржината на аромати беше дозволена до најмногу 45 односно 35 проценти, а на бензенот до најмногу пет проценти.

Портпаролот на Владата информира дека за количините на мазутот и безоловните бензини кои досега се продаваа на пазарот, а се уште не се потрошени или заменети, ќе има двомесечен преоден период за нивна потрошувачка или конверзија во деривати со нови стандарди. Транзицискиот период за дизелот е 15 дена бидејќи од тој дериват не постојат значителни количини, посочи Мартиновски, потсетувајќи дека за спроведување на одредбите од Правилникот за квалитет на течни горива е надлежен Пазарниот инспекторат кој врши редовни проверки на квалитетот на течните горива кај субјектите кои се занимаваат со таа дејност.

Инспекторатот, посочи владиниот портпарол, има пропишани процедури на земање примероци од нафтените деривати кои потоа се испитуават во сертифицирани лаборатории, а казните за непочитување на Правилникот се движат од 500 до 15.000 евра во зависност од прекршокот

Се изнамачив дур да го најдам податоков :)))

П.С. Значи кога ќе точите безоловен гледајте да пишува 95 БС или 98 БС, само на неколку Макпетрол бензиски го имам видено...сеуште се трошат залихите.
 
Темите се споени.

Сум слушал дека Лукоил имаат подобар бензин, ама татко ми ги полни и Пежото и џипот (дизел) само од Макпетрол. Не дека е 100% сигурно, ама пак подруго е.
 
Јас до сега гориво (бензин, 95 октани, безоловен) полнев од Лук Оил но не сум претерано задоволен. Кога ја зедов колата пред 3 месеци, добив полн резервоар од Макпетрол и мислам дека колата влечеше подобро а имаше и помала потрошувачка. Сега размислувам повторно да наполнам еден резервоар од Макпетрол па да видам дали ќе може да заприметам разлика.

Исто така размислувам да преминам на 98 октани само не знам дали воопшто може да се запримети разлика во силата на моторот. Што мислите вие?
 
na ovaa tema jas NO COMMENT!!!!

Abe srajne se gorivata!!!! Koj probal -znae:vozbud:
 
na ovaa tema jas NO COMMENT!!!!

Abe srajne se gorivata!!!! Koj probal -znae:vozbud:

па не чекавме ти да ни кажеш пошто ние вака не сакаме да дегустираме и срање и нафта па да можеме да кажеме дека имаат ист вкус

Него само од искуство со бензин (95) од Словенија се поминуваат некои 5% повеќе километри а со бензин од Германија се поминуваат скоро 10% километри со истото количество.
 
Јас до сега гориво (бензин, 95 октани, безоловен) полнев од Лук Оил но не сум претерано задоволен. Кога ја зедов колата пред 3 месеци, добив полн резервоар од Макпетрол и мислам дека колата влечеше подобро а имаше и помала потрошувачка. Сега размислувам повторно да наполнам еден резервоар од Макпетрол па да видам дали ќе може да заприметам разлика.

Исто така размислувам да преминам на 98 октани само не знам дали воопшто може да се запримети разлика во силата на моторот. Што мислите вие?

Тоа што си добил гратис полн резервоар знаеш дека не значи воопшто дека е тој вистинскиот квалитет на горивото?

Иако сите се согласуваме со тоа дека целото гориво е од Окта, сепак прашањето е колку квалитетот го задржуваат т.е колку не му додаваат вода на истиот.


Јас лично не сум задоволна од Макпетрол, едно од квалитетот а друго од полнењето со воздух, но почесто ставам таму дека Лукоил ми е бајги далеку .
 
Кој има фризиран мотор на колата сигурно осетил дека бензините се катастрофа тропаат вентилио на велико:nesum:
И кога ке донесат кај нас 100 октански бензин да не мора да носиме од грција или па да ставаме Buster power во овие бензини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom