Ај да резимираме уште еднаш:
- Реформи во здравството и те како има! Почни прво од вадењето од
тешка була и зголемената достапност на медикаментите кај
обичниот граѓанин неколкукратно повеќе отколку порано. Па после подзастани кај драстичната реорганизација во институциите каде единствено владееја не Хипократовата заклетва туку корупцијата, митото, и арогантноста...Ако ти си имал некоја неприлика со одреден лекар кој е буџетар а не приватник, твое право е истото да го пријавиш на соодветен број и кај соодветните органи а не да плукаш по системот. Со тоа индиректно или директно ќе им помогнеш и на идните луѓе кои можеби би се нашле во истата неприлика....ама ти си одбрал да плукаш по системот - јебига! За замисли...реформите се тек почнати...Го срушија и монополот на Пановски, ако нешто ти значи тоа...
- Развој на информатичката технологија...Хммм...Како ги пропушти
бесплатните курсеви за основна работа на компјутер за секој граѓанин на Република Македонија? Сите образовни институции се веќе компјутеризирани, конкретно како пример ќе ти го дадам факултетот на кој дипломирав и кој редовно го посетувам а тоа е
Земјоделски факултет...реално, нема што многу многу потрба од компјутери на овој факултет но, поради насоката агроекономија и примена на информатичките технологии во земјоделското стопанство, има современо опремени предавални со компјутерска опрема + интернет. Нема ни да ти го спомнам фактот што владата дава и бесплатен интернет....Склучија договор и со ИБМ, Сименс отвори веќе свои канцеларии тука, гигантот Cisco...Дај те молам...не го спомнувам намалениот данок и бесцарински увоз на компјутерска опрема и компоненти...
-Инвестиции...Круцијални инвестиции во Македонија се во земјоделството и сточарството....Како неможе поголемата Македонска јавност да го сфати ова - незнам. Корпорацијата со која јас работам, основа фондација преку која од Скандинавските земји и клучно со Холандија и Германија се донираше полутешка и лесна машинерија која им се даде на земјоделците од Овчеполијата. Истата таа корпорација, наместо да си ги таложи парите, откупи 160 хектари земјиште во Струмичко поле, во која се одгледуваат производи за извоз, највеќе сорта на лубеница која на овие простори е непозната а тоа е „бамболино“, ако те интересира можеш да прочиташ
тука, а најважното од се` е тоа што и на мое задоволство, како расте профитот(а веруј годишно енормно расте) на обичните работници, кои почнаа со минималец од 12.000 плата, за две години од сега ќе им се покачат платите и на 30.000 од човек со можност да растат нагоре, затоа што побарувачката за овој производ од страна на цела ЕУ е се поголема и поголема.
Ти изнакажав све за ова, ама една работа не ти кажав...НЕ Е ОВА ПО ЗАСЛУГА НА ВЛАДАТА, ТУКУ НА ПРИВАТНИТЕ КАПИТАЛЦИ ЗАТОА ШТО ТИЕ ГО НОСАТ РАЗВОЈОТ, ВЛАДАТА ИМА УЛОГА ДА ГИ ПРИВЛЕКУВА, А ЗА СРЕЌА, ДОСЕГА ТОА - УСПЕШНО ГО ПРАВИ!! И најважно од се`, ова е домашна инвестиција, а не странска!
Многу се разкажав за ова што заборавив да ги спомнам АГРОКОР, СВЕДМИЛК-МАКЕДОНИЈА, откупните пунктови ширум Македонија на „Агролозар“...
Намалените цени на препаратите за третирање на земјоделските производи за чие намалување имам лично јас удел со што за разлика од останатите аптеки, јас ги продавав за 20%+ пониска цена и пак имав ќар иако реално, останатите буквално ги крадеа земјоделците на сета мака...Пример ќе ти дадам еден „Галитион“ кој набавна цена му е 120 денари, по земјоделските аптеки се продаваше за 250, 240 денари...Јас го продавав за 160...Сега достигна средна цена од 190 денари...Знаеш како?

Само да ти кажам дека наскоро данокот ќе падне на 5% и за земјоделските производи...уште подостапни ќе станат производите и препаратите за секого...
Јас тука ќе завршам за земјоделството бидејќи е мнооогу голема тема на дискусија, вклучувајќи ја и берзата....
Крупна инвестиција бараш? Што конкретно за тебе претставува таа крупна инвестиција? Реков конкретно!
И само да ти напоменам: Владата може само да потпомогне инвестиција директно или индиректно со косопственост само во институции што се од интерес на секој граѓанин на Република Македонија, а не да отвора фабрики бидејќи нема повеќе државна споственост, има приватна, ти текнува? Капитализам...
Кога се работи за инвестиции, владата е тука да оствари поволна клима за инвестирање, а Македонија веќе ја оствари таа клима!
Владата е директно одговорна за реформите во органите и администрацијата воопшто, односно, во услугите за доброто на секој граѓанин. А кога сме вее кај тоа,
ЕВЕ ТИ ЈА ПРОГРАМАТА па дај види и кажи ни тука што ветиле дека ќе се направи во рок од една година а што не е направено или остварено...Да не продолжуваме да млатиме празна слама и понатака трошејќи ги бајтите на ценетите сопственици на Кајгана...
П.С. Поттик и развој на мали и средни претпријатија, зголемена контрола на правата на вработените лица во приватниот сектор, поттикнување на изградба и имплементирање на алтернативни извори на енергија, развој на селскиот и планински туризам....Бисер Балкански ееееј море АБЦ...Наместо сега да го искористиш времето кога треба, и да се насочиш кон нешта за кои утре ќе се гордееш, ако продолжиш вака, ќе останеш со твоите 8 компјутери на кајгана форумот мрчејки како „Гвујо“ неможе да каже Р....

Земи распитај се малку кои се плановите за развој, јас веќе купив земјиште во Богомилско....2 евра по квадрат е најскапо моментално...нека стои...ќе му дојдат и на него петте минути...Европјаните се болни по планини, ќе никне некое сместувалиште :wink:...Колешино ти е на потег, распитај се како е што е, Преспа сите ја преспаа...Небесна убавина е оваа земја...народот е поган...
П.П.С. Да те поздравам со
една песна :wink: