Ах честитки!
Кај нас за 50 години нема толку да се
Освен приватните факултети што даваат стипендии за најдобрите студенти кои се 2000 евра и компаниите што ги стипендираа најдобрите средношколци.Всушност не им даваат пари директно ама партиципацијата 3 години од по 2000 евра им се плаќа. Тоа се високи стипендии.
А државната стипендија ја зголемија за 10% не ли можеа повеќе :cry:
Инаку стандардно касни конечниот список. Може да се јавите во министерството и да кажете дека не функционира линкот.
А тие што се добитници ќе треба да одат да потпишат договор во Министерството за образование и наука.
И потоа некаде околу фебруари или март ќе ви бидат готови картичките значи дури тогаш првите пари од стипендиите ќе ги земете.
На 2-3 рати ги исплатуваат парите.
Стандардно соработуваат со Уни банка. Тие што веќе имаат дебитни картички на свое име од Уни банка ќе им стига таму стипендијата. Нема потреба да одат до банка.
А останатите треба да одат да си ги подигнат картичките.
Али има уште неколку месеци за тоа.