Многу работи овде прочитав, различни тези, и јас си размислувам многу од луѓето во администрацијата одвај го поминуваат месецот и мораат да земаат кредити, вака барем нема да треба да земаат кредити и нема да им одат големи пари по камати.
Ама овај текст ме предомисли:
Власта го цеди стопанството
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=83063
Ај кажете ми што во овој текст не е точно?
Наташа Стојановска малку (намерно или ненамерно) ги помешала лончињата. Се изначитав киксови. Одиме по ред:
Ја цитирам: "Буџетските пари се средства извлечени од стопанството, или полна државна каса, а сиромашни домашни компании со неконкурентно производство."
Ја коментирам: Буџетските пари се пари собрани од даноци, односно од компании кои оствариле профит. Доколку не оствариле профит, нема ни да платат данок. "Пари извлечени од стопанството" - колку страшно звучи, ко да им влегле у фирма со безбол палки и давај парите. Во секоја нормална држава се плаќа данок. Во Македонија хоби е да не се плаќа. Тоа е разликата.
Ја цитирам: "Затоа и напоредно со растот на буџетот расте и трговскиот дефицит"
Ја коментирам: Tропна и остана жива. Или, сакала да каже нешто, ама згрешила терминологија. Каква врска има буџетот со трговскиот дефицит помеѓу производите кои една држава ги извезува и производите кои ги увезува? Трговскиот дефицит може да биде единствено условен од неконкурентни производи. Или во превод, производи на кои на стрнците им се чкарт и не гледаат интерес и потреба да ги увезат. Производи кои ке пројдат само во нашите гранапчиња. А тоа, нема апсолутно никаква врска со буџетот.
Ја цитирам:
"Се повеќе се купува странска роба, која за домашниот потрошувач е и поквалитетна.
Резултатот е трговскиот дефицит од 600 милиони евра во 1998 година, достигна до 1 милијарда и 300 милиони евра во 2006-та, или 700 милиони евра повеќе се одлеаа од државава за увозна роба."
Ја коментирам: Mногу јасно, секој си купува производ кој мисли дека е квалитетен. Да не треба да донесат можеби закон јавно да се каменуваат и камшикуваат сите Македонци кои ќе купат странски производ?
Ја цитирам:
Со најновото покачување на платите на администрацијата, која и досега беше најголемиот трошач на буџетските пари и оваа Влада повторно ги троши парите на граѓаните непродуктивно. Граѓаните и онака не очекуваат подобри услуги.
Ја коментирам: Можеби треба да ги троши за оргии по скапи хотели и "семинари" за да бидат продуктивно искористени.
Текстот е толку конфузен, очигледно со цел кај просечниот Македонец кој одвај чул дека постојат зборчиња како "буџет", "дефицит" и "стопанство", а нема поим како меѓусебно зависно функционираат да предизвика некои чувства. Го цеди... :classic: