- Член од
- 24 ноември 2005
- Мислења
- 3.233
- Поени од реакции
- 391
Не муабетиме само за брзината. Во прашање е нешто друго кое се нарекува моторџиска филозофија и животен стил. Постојат непишани норми кои не можат да се објаснуваат во детали. Тие за да ги запознаеш треба интелектуално и духовно најпрвин да созрееш, а тоа секако нема да се случи додека возиш скутер од 50-125ццм и преокупирани ти се мислите со тоа како од него да направиш авион. Не се работи за некаква експлицитна осуда туку за тоа дека секој треба да си го најде своето место онаму каде што во моментот припаѓа. Ние само правиме филтер низ кој не би требало да минат оние кои по многу нешта не припаѓаат во иста група со нас.Не секој моторџија се “скинал“ на 1000ка или 600тка. Инаку и јас би ви се придружил, ако примате батковци што возат брзо.
И не би требало да осудувате за тие што се на 50ccm, затоа што секој мора од нешто да почне, и не секој има на што да продолжи.