Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.

The Sokkol

The Master
Член од
9 јули 2009
Мислења
10
Поени од реакции
1
Арсенал нема доволно пари за да ги финансира трансферните желби на Арсен Венгер, пишуваат англиските медиуми. Како доказ за тоа е земена објавата на вториот по големина акционер во клубот Алишер Усманов на интернет-страницата на една од неговите компании.

"Бордот на директори во Арсенал е уверен дека тие располагаат со доволна финансиска сила за да го засилат тимот во летниот преоден рок. Но, ние не се согласуваме со тоа", се вели во соопштението.

Усманов предложил да бидат собрани средства за нови фудбалери со издавање нови акции, но Бордот ја отфрлил оваа идеја. Извршниот директор на "топчиите" Иван Газидис откри дека раководството не го прифатило предлогот затоа што не сака да користи "долготраен капитал на еден надуен финансиски пазар".

Како одговор на ова, компанијата на Алишер Усманов "Ред&Вајт Холдингс" го објави горенаведеното соопштение и додаде дека во исто време внимателно ќе ја следи ситуацијата и ќе остана ангажирана. Еден од клупските сопственици и натаму има желба Арсенал да освојува трофеи и да се претстави во добро издание во Лигата на шампионите.

Според Газидис, сегашната структура во Арсенал е "многу ефикасна". Тој е на мислење дека клубот треба да донесе само еден или двајца нови фудбалери, а акцентот да се стави на младите и талентирани играчи со кои има долгогодишни договори.

"Долгорочната стратегија на Арсенал е да изгради свој тим, а не да го купи и Венгер ни даде поддршка за тоа. Има еден куп клубови кои не ги почитуваат тие принципи и кои, за жал, мораа подоцна да се соочат со последиците", изјави Газидис.

Како и последните години, Арсенал не е многу ангажиран на трансфер-пазарот. До овој момент единственото ново засилување е 23-годишниот белгиски репрезентативец Томас Вермален, кој дојде од Ајакс за десет милиони фунти.

Усманов во Арсенал....иначе дотогаш ке се задоволуваме со 4-то место...:nerv:
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666

The Sokkol

The Master
Член од
9 јули 2009
Мислења
10
Поени од реакции
1
Кроенке продолжува да го зголемува влогот во Арсенал Стен Кроенке купи нови 160 акции од Арсенал со што неговиот влог во клубот од Премиер Лигата се искачи на 28,58%.

Минатата сезона, Американскиот бизнисмен Кроенке ја прифати понудата да се приклучи во бордот на клубот и моментално е најголем акционер во Арсенал. Кроенке преку неговата Ентерјпрајс Груп купи нови 160 акции со што се прибложи до границата од 30%, со што ќе биде обврзан да достави понуда за превземање на клубот.
Но медиумите од Англија велат дека Кроенка нема намера за таков потег, а извршниот директор Иван Газидис неодамна рече дека капиталната структура на клубот е ’многу ефикасна’.
Оваа недела, вториот по големина акционер, Алшер Усманов достави предлог за издавање на нови акции со цел да се генерира доплнителни финансиски средства за ангажамн на нови играчи или пак за намалување на долгот но бордот на Арсенал го одби тоа.

www.24fudbal.com.mk
 
gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Браво :tapp:
Нека го одбиваат Усманов па ќе има пари за све бравооо:toe:
Што има да кажам освен ... не сум задоволен со бордот
 
G

Gray Foxx

Гостин
Од ден на ден, се повеќе и повеќе станува посмешен, позабавен, повицкаст, похаризматичен....хм, ќе се свести ли некогаш човеков бе
Пеер статијава и имињата се измислени, само треба да ја прочиташ. Сепак е многу смешна.

Yaya Egomaniyor
Supremely self-confident French youngster nicknamed 'God' (by himself); has already refused to turn up for training at Arsenal until he is given parity with club's top earners, despite not having signed for the club yet.
:)
 
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.228
Поени од реакции
28
Најдобро ова лето ке биде трампата Фламини за Адебајор кеш 20 милиони да ни дадат после тоа 20 милиони даваме за Хунтелаар решен е проблемот....Хунтелаар е мн јак напаѓач цврст висок евективен и добро ке се снајде со топките што ке ги добива од останатите......Класичен шпиц е и + ке го има за соиграч Ван Перси кој исто така му е колега од Холандија......Која има подобра опција нека пише.......
 
Се сложувам...и јас тоа го велам и го велев...

Така да...јас зум ЗА:helou::helou:
 
gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Најдобро ова лето ке биде трампата Фламини за Адебајор кеш 20 милиони да ни дадат после тоа 20 милиони даваме за Хунтелаар решен е проблемот....Хунтелаар е мн јак напаѓач цврст висок евективен и добро ке се снајде со топките што ке ги добива од останатите......Класичен шпиц е и + ке го има за соиграч Ван Перси кој исто така му е колега од Холандија......Која има подобра опција нека пише.......
1. Сосема се согласувам
2. Се плашам е САМО трач оваа понуда
3. Хунтелаар пред 20 милионски трансвер во Штудгарт
:helou:

Едит:
На секцијата Hot or Not од страна на Еуроспорт , во HOT е поставен Басонг
Sebastien Bassong

The French defender has claimed Arsenal, along with a number of other clubs, are interested in releasing him from his Newcastle nightmare. A move to the Emirates seems entirely plausible.
Не критикувам доаѓање на нов одбранбен посебно ако за трансвер меѓу Њукас и Арсенал се употреби трампа Басонг-Сендерос?
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Пеер статијава и имињата се измислени, само треба да ја прочиташ. Сепак е многу смешна.

Yaya Egomaniyor
Supremely self-confident French youngster nicknamed 'God' (by himself); has already refused to turn up for training at Arsenal until he is given parity with club's top earners, despite not having signed for the club yet.
:)

хаха не ми се верува дека наседнав на вакво нешто :kesa:, онака отворив не прочитав (се изнервирав и исклучив), глеам 15 годишњаци :)-НИШТО невообичаено за Венгер
 
G

Gray Foxx

Гостин
хаха не ми се верува дека наседнав на вакво нешто :kesa:, онака отворив не прочитав (се изнервирав и исклучив), глеам 15 годишњаци :)-НИШТО невообичаено за Венгер
А оваа е priceless.

Koko Kolo
Highly-rated 11-year-old winger/attacking midfielder who has taken the French leagues by storm since being smuggled in by a people-trafficking ring. Has EU passport; unfortunately his 'agent' has got it locked in a safe.
:pos2:
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
А оваа е priceless.

Koko Kolo
Highly-rated 11-year-old winger/attacking midfielder who has taken the French leagues by storm since being smuggled in by a people-trafficking ring. Has EU passport; unfortunately his 'agent' has got it locked in a safe.
:pos2:
...и како би дошло ова, трговија на бело или црно робје :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom