Карлос Вела повторно ќе мора на позајмица
19-годишниот фудбалер на лондонски Арсенал, Карлос Вела, во јануари веројатно ќе замине на нова позајмица. Ниту одличните изданија, ниту 4-те гола во дресот на "Топџиите" кои го одведоа клубот во четвртфиналето од Лига Купот, не му помогнаа на Мексиканецот да го задржи местото во тимот, поради тоа што сега ќе биде потребен дополнителен простор за натурализираниот хрват Едуардо Да Силва. "Дуду" после повеќемесечната пауза поради скршеницата на ногата, се враќа во тимот, а менаџерот Арсен Венгер сака да му пружи нова шанса да се докаже, па како вишок во тимот се издвои младиот мексиканец. Вела најверојатно ќе мора да замине на позајмица во Хул Сити, најголемото овогодишно изненадување во Премиер Лигата.
Карлос Вела во Арсенал пристигна пред 4 години од Гвадалахара за 125.000 фунти. До оваа сезона, мексиканецот постојано беше испраќан на позајмици во шпанските клубови Селта, Саламанка и Осасуна. Вела ги помина сите младински селекции на Мексико, додека за сениорската репрезентација веќе има одиграно 12 натпревари во кои постигна и 4 гола.
Се надевам, дека е ова само чиста глупост. Ако е вистина стварно ке сум многу разочаран од Венгер.... Вела не смее на позајмница напротив треба да добие повеќе шанса(од Бентнер).
Искрено не ми се верува... ако некој е за позајмница тогаш е тоа Бентнер!:nesum: