Еден текст земен од официјалниот фан клуб на Арсенал во Македонија.
http://arsenalmacedonia.blogspot.com/2008/08/gubenje-verba.html
Tekstov sto ke go procitate e prevod na post na eden moj poznanik od Anglija koj e Arsenal season-ticket holder poveke od 10tina godini. Vo toj period ima propusteno 2-3 natprevari, voglavnom poradi nekoi gadni bolestini. Ova go potenciram za da vi ja dolovam pasijata so koja go sledi Arsenal. Tekstot e napisan nekade po natprevarot so Fulham a jas so moite skromni preveduvacki kapaciteti ke probam da vi dolovam ona sto toj saka da go kaze. Iako e malku dolg ova e tekst koj ednostavno sekoj treba da go procita do kraj. (pa i poradi faktot sto potrosiv saat ipol da go prevedam).
Vi go pretstavuvam Little Dutch.
Саботава сфатив дека сосема ја имам изгубено вербата во навивачите на Арсенал. Всушност, веројатно во сите фудбалски навивачи. Незадоволството започна да ’рти некаде за време на минатата недела, koga по уште една мизерна претстава на Англија (националниот тим, н.з.), што само го продолжи 40-годишниот шаблон на екстремна тапотија, повторно се редат редици кои сакаат да го шиканираат (Фабио) Капело. Уморен сум да ги слушам овие шаблонизирани репетиции и луѓе кои се плашат/ или не се доволно интелигентни да разберат дека играчите се тие кои не се доволно добри. Уморен сум од слушање што Капело треба да направи за Џерард и Руни кога прашањетo всушност треба да гласи што Џерард и Руни треба да напраат за него?
Медиумската импрегнација која го обвиткува фудбалот има доведено до иритирачки недостаток на интелигенција меѓу фудбалските навивачи кои се спремни на готовс да ги рециклираат истрошените клишеа сервирани од страна на „интелигентните“ стручњаци (pundits). Се почесто тоа го гледам и меѓу навивачите на Арсенал. Значи саботава не беше важно што Ван Перси играше катастрофално и за самиот себе, затоа што постои консензус дека тој е феноменален играч (што е вистина), но е перцепиран како своевидно божество и негово критикување е рамно на ерес која прекршителите на тој код ги води директно во Гунерското чистилиште. Сепак, во секое време сезоната за лов е отворена на Ебуе, кој иако беше нашиот најдобар играч на утакмицата, и што неговото отсуство на десната страна не остави изложени на еден Золтан Гера, сепак го понесе товарот на фрустрациите на навивачите околу мене. Исто така Галас беше безмилосно обвинет затоа што очигледно не ја користи капитенската лента да ја повика магичната моќ која би не ослободила од сите недостатоци. Кога Галас лани го поттикна камбекот против Болтон на гости, или кога постигна гол против Твенте во една просечна изведба на Арсенал, тоа нема никаква врска со неговите лидерски способности. Но кога ќе се загуби тогаш се губи токму поради неговиот лош лидерски капацитет. Се што луѓето создаваат со истрчување на вакви лесни одговори е навика да ги оправдуваат нивните мислења без навистина да ги погледнат кои се прашањата.
Синоќа гледав снимка од еден од стенд-ап настапите на Крис Рок. Во него тој рече: „Уморен сум од луѓе кои силно се трудат да бидат нешто или нешто друго. ’Јас сум либерал’ или ’Јас сум конзервативец’. Зошто да не се биде ЛИЧНОСТ? СЛУШАЈ! Само идиот може да донесе мислење или одговор пред да го ислуша прашањето. Јас, има некои срања за кои сум либерал, има некои срања за кои сум конзервативец.“ Се вели дека нема поголема вистина од онаа кажана на шега , нешто што е секојдневно видливо кај фудбалските навивачи. Фудбалските навивачи едноставно веќе НЕ ГЛЕДААТ фудбал, тие веќе однапред си го имаат формирано мислењето. И така кога ќе изгубиме (Арсенал н.з.), губиме поради тоа што Ебуе не е доволно добар или поради тоа што Галас е срање капитен. Поразот (од Фулам н.з.) нема врска со неангажираната игра на Адебајор или Ван Перси, или со фактот што Волкот нема појма како да му помага на десниот бочен на начин на кој тоа Ебуе го прави. Навивачите на Англија го свиркаа Лампард во средата вечер, иако Џерард беше исто лош колку и Френк (Лампард, н.з.). Фудбалските навивачи веќе ги имаат наполнето своите пушки уште посабајле пред да тргнат кон стадионот, и како група веќе не сме фудбалски еманципирани до тој степен да кога гледаме утакмица како онаа со Фулам можеме да кажеме „Чекај малку, со што Ван Перси придонесе за успех на ТИМОТ? или Ебуе стварно знае солидно да одработи на десно крило во дефанзивна смисла, што на гостувања е од круцијално значење.“
Современиот навивач на Арсенал едноставно е разгален до степен на детинесто однесување. За време на моето патување накај стадионот во саботава, начув некои од овие уморни поединци „треба да го вратиме Дејвид Дин и да потршиме пари (за трансфери н.з.)“. Тука инаку се збори за оној Дејвид Дин кој беше многу дарежлив со сумата на договорот на Тиери Анри , истиот Дејвид Дин кој ги одобри продажбите на Пети, Овермарс, Анелка и Виера. Оној Дин кој практично го раководеше Арсенал во средината на 90-тите на минатиот век и седеше со крст нозе и раце додека фудбалот како спорт доживуваше масовен финансиски бум, и реши да остане посматрач додека Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона ги максимизираа нивните комерцијални капацитети со што го остави Арсенал далеку позади нив. Истиот тој Дејвид Дин кој собра околу 70 милиони фунти од акциите на клубот за кој тврди дека толку многу го сака, но не решава да инвестира во него. Оној Дејвид Дин кој во последната година на своето работење во Арсенал потроши околу фантастични 315.000 фунти на име на ’трошоци’. Тој Дејвид Дин? Овие факти рутинирано се игнорираат додека незапирливата Пи-Ар (Public Relations) машина ја промовира и потенцира потребата Арсенал да ги троши парите на Усманов. Да Деили Меил (англиски дневен весник, н.з.), за тебе зборам.
Проблемот е што доклку човек се обиде и разбере она што менаџерот и бордот се обидуваат да направат автоматски е отпишан како Венгеров апологист. Постои дури и блог кој е посветен на собирање луѓе контра секој оној кој ќе се обиде да размислува у таа насока. Слично на тоа, постојат навивачи на Арсенал кои рутински го користат фамозното 'Arsene Knows' клише и секој кој не ја следи таа мантра ’може комотно да одјебе и да навива за Челзи’. Постои некое чувство на граѓанска војна меѓу навивачите на Арсенал и тоа б’зди. Никој не сака да ги разгледува поединечните прашања сите сме некако спремни да се приклониме кон една од страните во конфликтот и да го повторуваме нивникот слоган. Никој НЕ СЛУША. Никој НЕ ГЛЕДА. Коментарите кои ги изнаслушав викендов вклучуваа и еден господин кој се откажал од својот сезонски билет затоа што сфатил дека нема да освоиме ништо годинава и дека оваа утакмица покажала дека Галас е ужасен капитен и треба под итно да е заменет, дека Деин и Усманов ќе не спасат, дека финансиската структура на клубот е ѓубре и дека политиката за промовирање млади е срање. И се тоа затоа што Фулам постигнаа гол со нивниот единсвтен удар во рамките на голот во утакмица во која Арсенал играше лошо. Доколку евентуално шовек се обиде да гледа на работите поинаку тогаш тој е апологист. Никој нема да се обиде да аргументира контра тебе туку ќе бидеш отпишан автоматски како што еден ВМРОвец ќе отпише мислење на СДСМовец и обратно (адаптирано на мак. политичка сцена, н.з.).
Секако дека има сериозни прашања за размислување, но трендот да се прави драма од секоја криза во форма е патетичен. Тоа е симптом на оваа ера контролирана од медиуми каде се е лошо и не може да биде полошо. Некој рапер ќе направи песна за оружје? Нормално сите после тоа инстант купуваат калашников и го сотираат цело маало. Птица со птичји грип во Шкотска?Цела нација ќе умре од спора и ужасна смрт. Поплави во Корнвол? Цела земја наскоро ќе се удави во поплави од библиски пропорции. Секое сценарио се насочува кон најапокалиптичниот можен крај и се презентира како неизбежно. Арсенал ќе одигра лошо и ќе изгуби од Фулам и менаџерот и бордот треба да добијат отказ, капитенот треба да се смени и политиката со младите играчи го уништува клубот. Има прашања кои треба да се постават. На пример, зошто оние мидфилдери кои заминаа не се соодветно заменети? Да ги разгледаме проблемите онакви какви што се, без да мафтаме со огните на апокалипсата секој пат кога работите нема да отидат како што очекуваме. Изгледајте утакмица и критикувајте ги оние кои ќе одиграат лошо, а не оние кои вам не ви праат мерак. Со други зборови, „be a person, watch, listen.“
Moжеби сега ке ви стане јасно што значи да си ганер.
Пишувај со нормален фонт - Фантом.