Националната демократска унија повикува на федерализација на Македонија. Според нив, ова е единствениот начин, да се стави крај на алармантната ситуација во државата, предизвикана од партиите во власта и ДУИ, кои со своите мајски и мартовски договори, само ги лажат граѓаните.“Да не се шетаме ваму-таму, предлагаме федерализација, со која еднаш за секогаш ќе се решат проблемите што со години постојат во државата и ја предизвикаа и оваа криза, вели Хисни Шаќири, претседател на Национална демократска унија.
Со оваа теза, Шаќири ќе се обиде да ги освои гласовите на електоратот, настапувајќи сам на избори, откако не добил поддршка од ниту една од останатите партии на Албанците во Македонија.
[FONT="]Почесниот претседател на ДПА Арбен Џафери во Дебар го коментира грчко македонскиот спор. "Албанците во Македонија нема да прифатат промена на името на државата што би задирало во албанската кауза", изјави [FONT="]Џафери и нагласи:.„Ние не се мешаме околу оваа прашање, но сепак и ние имаме наши лимити и нема да прифатиме било каква солуција која ги задира интересите на албанската кауза“.[/FONT][/FONT]