Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.498
До конечната разврска територијата на Република Илирида ќе биде контролирана од одбранбените трупи на Р. Илирида и трупи на внатрешна контрола на Република Илирида, стои во писмото испратено вчера по електронска пошта од Тетово, потпишано од АНДИ.
Лидерот на Албанското национално движење Илирида (АНДИ) и поранешен претседател на ПДП, Невзат Халили, не планира нова војна во Македонија, туку планира да го измени внатрешното уредување на оваа Македонија, соопшти вчера прес-службата на оваа организација. Со писмо до медиумите испратено по електронска пошта, непотпишано и без оставен телефон за контакт, АНДИ најавува дека ќе работи на федерализација на Македонија, "бидејќи каква е што е и со постоечкиот устав не одговара на Албанците, бидејќи Албанците ги прави граѓани од трет ред."
- АНДИ има свој вршител на должноста претседател на Илирида, своја влада, свој сенат, има своја програма, а и свој Устав на Република Илирида, како и своја карта за внатрешно уредување на меѓусебните граници меѓу Република Илирида и Република Македонија. Сето ова како резултат од референдумот од 1992 година, кога сите Албанци излегоа на Референдум за политичка-територијална автономија на Албанците во Македонија, на овој референдум гласаа 365.230 гласачи за 207 гласачи беа против, што значи 99% гласаа за Илирида, во сето ова нема ништо спорно, поседуваме материјални докази - стои во писмото.
Движењето ги повикува сите албански парламентарци во позиција и опозиција да го напуштат македонскиот парламент и да го прогласат парламентот на Република Илирида во Тетово. Исто така, сите именувани од првиот до последниот ешалон да ги напуштат своите места и да дојдат во својата матична Република".
- На сите именувани и вработени во територијата на Република Илирида им се соопштува да ги напуштат своите работни места се додека не се конституира Р. Илирида. До конечната разврска територијата на Република Илирида ќе биде контролирана од одбранбените трупи на Р.Илирида и трупи на внатрешна контрола на Република Илирида - стои во писмото испратено вчера по електронска пошта од Тетово, потпишано од АНДИ.
Како што соопштуваат анонимната прес-служба на АНДИ, движењето за Република Илирида е основано на 7 мај 2004 година во Слатино, Тетовско, а првото собрание на движењето е одржано точно една година подоцна, на 7 мај 2005 година во Пршовце, Тетовско. На него присустувале 78 делегати од сите градови и претставници од неколкуте села "што не се во границите на Р. Илирида".
Ова е прв пат, движењето да испрати "комунике" до македонските медиуми. Инаку, лидерот Невзат Халили е познат ултранационалист, кој уште од 2003 година се наоѓа на црната листа на САД и на ЕУ. Тој беше првиот лидер на ПДП, познат по своето отворено залагање за формирање на "Република Илирида".
За време на конфликтот во 2001 година и после него живееше во Приштина. Таму една година подоцна беше и уапсен поради неговите активности околу паравоената "Армија на Илирида". КФОР, тогаш соопшти дека го упасиле оти се обидувал да ги обнови воените дејства во Македонија за да ја попречи предизборната кампања во 2002 година.
Заклучоци од првото собрание на Р. Илирида:
1.Сегашната Македонија да се прогласи за Федерална Република Македонија
Внатрешното уредување да се прогласи за унија на два рамноправни народи односно Унија на Република Илирида и Македонија
2. Државната заедница да добие дводомен парламент со пропорционална застапеност на двата народа
3. На територијарта на целата држава да има два официјални службени јазици: албанскиот, македонскиот и англискиот како комуникативен
4. Насекаде во централните и локалните органи на Унијата на Илирида и Македонија да се веат албанското и македонското знаме
5. Федералната Република Македонија да има посебно знаме за кое знаме ќе се договарат двете Републики
6. Претседателот на Федерална Република Македонија да се избира на секои четри (4) години, при што би се менувало по принцип на ротација, две години таа функција да ја извршува Албанец, а преостанатите две години Македонец, под услов претседателот да ги познава двата службени јазици и задолжително англискиот како комуникативен
7. Двата државни етнитети да имаат своја армија, полиција и судство
8. Меѓусебните граници да се определат во текот на создавањето на Унијата.
Ај ај ајаја карамба..